|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Антибиотикот не лечи,земете лук,прополис и оригано

Редакција Рингераја, 26.12.2018
Др. Несторовиќ: Денес антибиотиците се земаат по принципот, ајде да испијам една доза, зошто да не

image
/11


Ние со својот начин на живот направивме одредени болести. На пример, воспалителна болест на цревата Кронова болест и улцерозен колит.

Тоа се болести кои се појавија затоа што сме премногу чисти. Додека имавме чести инфекции, додека бевме валкани, дотогаш имавме природни стимулатори на нашиот имунитет и бевме здрави, вели Проф. Др. Бранимир Несторовиќ, началник на одделението за пулмологија на Универзитетската детска клиника во Белград.

И тогаш почнавме да се миеме со антибактериски сапуни. Полудувам кога ќе ги видам нив. Велат – убивале 99% од бактериите. Па што ги убива бре? Најголемиот број бактерии на светот не се заинтересирани за нас. Внимавајте, досега се откриени 440,000 врсти на бактерии. Од нив само некои се интересираат за нас. Во вкупната биомаса на земјата ние сме безначајни. Ние самите на себе си изгледаме важни, но бактериите имаат поважна работа. Ние не сме им интересни и тоа е добро. Нас не напаѓа само мал број на бактерии, вели Др. Несторовиќ.

Тој кажува дека откако луѓето станаа чисти, организмот станува имун на тие бактерии, но сега нема стимуланси, нема антигени.

И сега имуниот систем се свртува против сопствените клетки, на пример клетките на цревата и мускулите. Тоа е таканаречена молекуларна мимикрија. И ние знаеме дека таа теорија е точна, бидејќи кога пациенти со Кронова болест ќе добијат глисти на пример, нивната здравствена состојба се подобрува. Всушност, тоа се болести кои ние сами ги направивме. Секоја доза на антибиотик е многу, ако не е потребна. Ако вие лечите некоја специфична болест, секако дека антибиотиците спасуваат живот. Но денес антибиотиците се спасуваат по принцип – ајде да испијам една доза, зошто да не. Тие ги уништуваат бактериите, но сличноста на нашите и бактериските клетки е многу голема. Да се верува дека антибиотиците не му штетат на нашиот организам е потполно смешно. Имате 20,000 синтетизирани антибиотици а се користат само стотина, бидејќи сите останати се смтроносни за нас, кажува Др. Несторовиќ и додава:

“Антибиотиците не лекуваат ништо. Кога јас ќе го кажам тоа моите студенти и специјализанти ме гледаат бело. Ако немате бели крвни клетки, вие ќе умрете. На пациент кој нема бели крвни клетки, каков антибиотик и да му дадете, тој ќе умре. Антибиотиците само ги смируваат бактериите и ги спречуваат да се размножуваат. Без нашиот имунитет нема ништо. Кога вие 4 или 5 пат ќе земете антибиотик, тогаш доаѓа до пореметување на белите крвни клетки. Антибиотиците се нужно зло.”

Др. Несторовиќ смета дека имаме многу природни антибиотици кои слабо ги користиме. Лукот на пример. Алицинот од лукот е еден од најјаките антибиотици кои ги имаме. Пропилисот е извонреден производ кој во себе содржи 64 природни антибиотици и нема бактерии кои се резистентни на тоа. Антибиотиците треба да ги користиме за тоа што се наменети, а тоа се бактериските инфекции. Во педијатријата тоа се само 2-4% од вкупниот број на инфекции, сето останато се вируси. Респираторните болести се болести кои поминуваат сами од себе. Гнојната ангина поминува сама од себе, лечена или не лечена. Повеќето лекари и пациенти мислат дека антибиотикот спречува компликации. Е тоа не е точно. Би било супер – кивате, земате антибиотк и не добивате воспаление на белите дробови. Никој тогаш не би имал воспаление на белите дробови. Постои само една болест каде преветивно може да се даде антибиотик, а тоа е грип. Во тој случај може да се даде, бидејќи шансите за воспаление на белите дробови се намалуваат за 25%.

 

Тој напоменува дека ги разбира родителите дека сакаат детето да им оздрави што побрзо и да нема компликации.

И лекарите ги заплашуваат пациентите по принципот – ако не земеш ова, може да ти се случи тоа. Многу беше интересно едно испитување во Хрватска каде лекарите беа прашани зоштио дале антибиотик. Прв одговор беше: Ако не препишам јас, ќе препише колегата и ќе ме озборува. А друг најчест одговор беше: Оваа мајка е многу загрижена, ќе има тука компликации ако не препишам.

Овие две причини не се медицински. Сите зачински билки се антибиотици. Ориганото го користиме кај пациенти со силни воспалителни процеси на белите дробови, бидејќи ги убива бактериите. Луѓето почнале да ги користат зачинските билки  бидејќи немале фрижидер, за да го задржат месото свежо подолго време. Црниот бибер е силен антибиотик. Др. Несторовиќ заклучува:

Нашиот главен проблем е тоа што не се дсвижиме и имаме многу стрес. Човечкиот живот е постојана борба, нема место за депресија бидејќи таа води во болест.

Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
7
Првите фотографии на Тамара Тодевска со синот
Првите фотографии од Тамара Тодевска со новороденото синче, сопругот и ќеркичката
4
Колку често доите?
Како мајката да знае колку пати дневно да го дои своето бебе? (англиско видео)
3
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Вода
Jana9

Каква вода пиете?

Од чешма (69%)

Флаширана (31%)

Друга (0%)


Број на сите гласови: 16

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!