|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус

Редакција Рингераја, 2.5.2026
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менструален циклус е чест, но често недоволно разбрани феномен.

image
Фото:Canva/Неколку дена пред циклус, сe ти изгледа потешко?
/11


Хормоналните промени што се случуваат во текот на циклусот можат да влијаат не само на телото, туку и на емоциите, мислите и однесувањето.

 

Што се случува во телото?

Хормоналните флуктуации како промени во нивото на естроген и прогестерон директно влијаат врз мозокот и врз нивото на серотонин хормон на среќата, па може да предизвикаат промени во расположението.

Во лутеалната фаза т.е периодот пред циклусот честопати се јавува зголемена чувствителност, па со тоа телото е подложно на стрес и емоционални реакции.

 

Како се манифестира анксиозноста?

  • Психолошки симптоми:

-        чувство на внатрешна напнатост,

-        прекумерно грижење без јасна причина,

-        раздразливост и промени во расположението.

  • Физички симптоми:

-        забрзано срцебиење,

-        плитко дишење,

-        напнатост во мускулите.

  • Промени во однесувањето и социјалните вештини:

-        повлекување од социјални активности,

-        намалена концентрација,

-        преосетливост на одредени секојдневни ситуации.

 

Зошто се појавува токму пред циклус?

Пред циклусот доаѓа до намалување на естрогенот, а тоа влијае на серотонинот и чувството на стабилност. Исто така се намалува прогестеронот и тоа може да предизвика чувство на немир и несигурност.

Поради зголемената свесност за телесни сензации, секој симптом може да се доживее поинтензивно.

 

Како да си помогнете?

Обидете се со менаџирање на стресот преку: длабоко дишење и техники на релаксација и лесни физички активности како прошетки, јога и слично.

Поддржете го своето тело во овој период преку: редовен сон, балансирана исхрана и ограничување на внес на кофеин и шеќер.

Да не ја занемариме и емоционална грижа. Да прифатиме дека ова е привремена состојба, преку водење дневник за следење на симптоми како и разговор со блиска личност.

 

Кога да побарате стручна помош?

-        Ако анксиозноста значително го нарушува секојдневното функционирање.

-        Ако симптомите се интензивни секој месец.

-        Ако се појавуваат напади на паника или депресивни мисли.

 

Анксиозноста за време на ПМС не е „само во главата“. Таа е реална реакција на телото и хормоните. Разбирањето на сопствениот циклус и сигналите што ги испраќа организмот е првиот чекор кон подобра контрола и поголема емоционална стабилност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Симптоми на имплантација
Имплантацијата е еден од најсуптилните и најважни моменти во почетокот на бременоста. Тоа е процесот кога оплодената јај...
6
Хидратација во бременост. Колку вода е дов...
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи телото работи за двајца. Водата игра клучна улога во ...
5
Во која недела најчесто се случува спонтан...
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во првиот триместар. Статистички, најголем дел од за...
5
Како менструалниот циклус влијае на кожата...
Менструалниот циклус не влијае само на репродуктивното здравје. Тој има силно влијание врз кожата, нивото на енергија и ...
4




Анкета

/
Jana9

Koga odite na odmor od prilika 10 dena kolku kuferi za eden nosite?

1 (67%)

2 (33%)

3 (0%)

Mnogu (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!