|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ananikol: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 3.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

/61


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: ananikol

Датум на породување: 15.05.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: St.Gertrude

 

 

 

20.август, 2009 година


Одмoраме со маж ми во дневната соба, до нас допира звукот на гитарата на синчето. Многу сум горда на него и тоа често умеам да го кажам, па и тогаш. Маж ми не ја пропушта можноста да додаде дека би можеле да сме горди и на уште едно дете...
Следното утро се спремаме за на работа и јас му велам на маж ми “трудна сум” - се смее, не ми верува. Не верувам ни јас...
По 5 недели, бременоста ја потврдуваме и на ехо гледаме една мала точка во екранот што живот значи, среќни сме, пресреќни. Истиот ден ја пронаоѓам  Рингераја и таму ја споделив мојата среќа. Од тогаш почнав да се будам и да заспивам со неа, делејќи ги моите среќни, но и стресни денови,  а имаше и такви. До 4 и пол месеци се случуваа неразјаснети крварења. На два пати ми земаа биопсија. Резултатите беа во ред, бебушката беше во ред. Ми предложија повеке одмор. На сите контроли одевме тројцата, а потоа цело време зборувавме само за бебушот. Синчето неописливо сакаше братче, а маж ми мудро молчеше, но додека синчето навиваше за братче, на маж ми очите му се смееја. А јас чувствував, незнам како, ама чувствував дека ке биде женско и тоа му го велам на маж ми, тој се смее. Добро е - вели, штом  го имаш тоа чувство - добро е. Знам на што мисли, и за првото имав чувство дека носам женско, а родив син. И конечно во 12-тата недела потврдено е дека е машко. Син ми е пресрекен, на маж ми очите сега веќе јасно и јавно му се смеат, а јас не ја допирам земјата – лебдам!
Кога влегов во 9-ти месец почнав да си одбирам датуми, ајде на 05.05 - ништо, ајде на 10.05 - ништо, ајде на 15.05 - убав датум.


13.05.2010, 06.50 часот


Го будам мaж ми велејки му “се помокрив”. ”Не се помокри ами водењакот е” ми вели. Тогаш станав набрзина од кревет и така како статуа стојам и гледам како течи вода. Маж ми набрзина стана и донесе чаша, зеде малку и вели  "добро е, чиста е”. Веднаш се јави на болница, ќе дојдат. Па се јави на работа да им каже дека нема да дојде на “породилно е”. Јас бев возбудена, многу возбудена. Не, не бев уплашена ни малку не чувствував страв, ами возбуда. Денот Д дојде и сега моето малецко ке биде во моите прегратки. Како се движам, така маж ми доаѓа по мене, додека зборува на телефон. Одам да се истуширам. Доага и таму, сака да ме опушти зборувајки ми дека се е спремно, а спремни сме и ние и нема место за паника, можеби мисли дека се плашам - не знам. Значи сега треба да чекаме да дојдат од болница, ок одам јас да им кажам на рингерајки...Маж ми така остана, ”не мислиш дека сега во ова време ќе најдиш некој”, ”ќе најдам, ќе најдам”. И најдов, само што им кажав веднаш почнаа да стигаат ПП  “не седи дома со пукнат водењак, веднаш на болница”,,”биди силна не се плаши”,,”ништо не е страшно опушти се”,,се ќе биде во ред”,,”не оди на болница пред да почнат болките”,,ëве ти мој тел известувај ме”........

Драги мои рингерајки, во тој момент вие бевте се’ за мене со Вашите совети и бодрења. Не ни помислував да и се јавам на мајка ми толку рано, ништо не може да направи но само да ме мисли, рингерајки ќе бидат со мене и беа...до крај.
Стигнаа сестрите,  ме прегледаа. Не сум почнала да се отворам, но попладне имам термин на болница за преглед. Таму истото, не сум отворена, можам дома. Плодовата вода си се обновува, бебето никогаш не може да е на суво, се е во ред, се гледаме утре.
Утредента маж ми повторно ја зеде мојата ташна, торбицата на бебето  и одиме на болница. Додека чекаме во ходникот поминуваат две момчиња во медицинска униформа ама во хип-хоп стил, “ кој ке му падни в раце на овие двајца - тешко нему”- коментирам.
Ме прими еден млад доктор кој ми рече дека без проблем можам да си одам дома, се е во ред. Маж ми не се согласи, побара веднаш да дојде уште еден доктор и додека во меѓувреме го чекавме него јас на маж ми му велам “нешто ми протече”. Тогаш виде дека водата веќе не е чиста туку е зелена и почна маж ми да му вика “еве за ова зборував”. Кога ја видоа водичката зелена се успаничија сите со ред.
Дојде началникот, постави ЦТГ на бебето и ми рече дека три прста сум отворена ама ќе мора да добијам и провокации. Овде сестрите не ставаат инјекции, тоа го прават доктори. Оваа не можеше вена да ми најде 40 мин, ме направи Швајцарско сирење пред да се откаже и да дојде некој од трансфузија, а тој ме избоцка уште неколку пати. Ја поставија провокацијата во 19h , конечно. Ме однесоа в соба, ми го пуштија ТВ и додека јас почнував да ги чувствувам првите болки маж ми покрај мене, завален на софата си го пиеше кафенцето и зборуваше со синчето ”мами денес ќе се породува, ќе ти јавам кога да дојдеш”. Неможеше да издржи, дојде веднаш но јас не сакав да остане во собата и да ме гледа со болки па појде во болничкото ресторанче.

Во 22h неможев повеќе да издржам од болки, имав многу јаки болки. Цела процедура беше забрзана, затоа имав неподносливи болки. Побарав епидурална, неможев повеке да издржам иако маж ми ме масираше цело време и ми држеше ритам, вдиши-издиши. Тогаш ми текна на вицот вдиши - издиши и си паднав од смеа. Дојде сестрата одкочувајки го креветот ми рече дека ме носи во сала. Се молев за што побрзо да ја добијам епидуралната анестезија, не можев веќе...а во сала ги гледам баш оние двајца хипици...Леле, тешко мене. Едниот ме фати за раце и почна да ми објаснува што ќе прават, додека другиот зад мене не губеше време и веќе ја ставаше епидуралната. Знам само дека прашав дали да очекувам главоболки од неа, НЕ никако никакви главоболки - така и беше. Момците си беа крајно професионално - секоја им чест. Веднаш почувствував олеснување кое траеше многу кратко, додека не ме вратија во собата. Тогаш повторно го вклуција ЦТГ-то...Нема ништо, ништо не се слуша, нема срцева акција на плодот. Сестрата го притиска црвеното копче над мојот кревет и веднаш доагаат две докторки. Едната носеше вакуум а другата некој друг апарат - не го препознав. На маж ми му рекоа да престани со снимањето. Веднаш ми ја исклучија епидуралната и повторно ја појачаа провокацијата. Моето олеснување со епидуралната траеше околу половина час. Настана општа паника, јасно беше, нешто не е во ред. Почнаа повторно јаки неиздржливи болки, тие на неколку начини ги бараа тоновите - безуспешно. Го гледам уплашено маж ми, тој и понатаму држи темпо вдиши – издиши, се ќе биде во ред, давам напон јас - дава и тој. Докторката прави километарски рез и ми вели “Последен напон пред да те ....” не ја слушнав што кажа потоа јас веќе давав напон со последните сили. Маж ми ме бодреше “браво му го гледам главчето”.

Во 00.10 h го почувствував бебето на моите гради, не плачеше веднаш. Прво ја почувствував само неговата топлина, потоа ја подигна главата и ме погледна со своите сини очиња нежно и мило, а потоа почна слабо да плаче. Беше така над мене се додека ме шиеја, гледаше де во мене де во татко му а ние се топевме од среќа. Кога завршија со шиење влезе во собата и синчето. После прегледот на педијатарот и капењето го облекоа бебето за кое веќе со време одбравме име Леон Дино и прво му го дадоа в раце на брат му. Бевме пресреќни сите тројца, на нашата среќа и немаше крај. Персоналот излезе, а влегоа нашите блиски на кои син ми им јавил дека вечерва ќе стани Big brother. Ја наполнија собата со балони и цвеќе. Кога си заминаа, на масата го здогледав пакетот за земање на матични клетки, не беше отворен, заборавиле да земат поради критичните моменти во породувањето. Ми беше криво, посебно кога ми кажаа за крвната група на бебушот, браќата имаат иста крвна група. До 6 h утрото го држевме в раце најмалиот член на нашето семејство, потоа маж ми го зеде кај него в кревет и сите легнавме да одмориме со чувство на бескрајна срека.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Леон Дино !


 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како се изведува амниоцентеза?
Пренаталната дијагностика е збир од дијагностички процедури кои овозможуваат да се постави дијагноза на аномалии пред ра...
4
Јога вежби за опуштање на грбот
Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулат...
3
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?