|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Александар Спасовски, новинарот со брачната понуда

www.intervjua.com.mk, 15.1.2012
ПРВО ШТО МИ КАЖА СЛАВИЦА БЕШЕ: „ПА, ТИ НЕ СИ НОРМАЛЕН“

/91


 

 

Главна тема на разговори и коментари по вчерашните вести на „Сител“ е брачната понуда што новинарот Александар Спасовски и’ ја упати јавно на својата девојка и колешка Славица Арсова, кога се јави на линк за да ја каже временската прогноза, а таа ги водеше вестите. Intervjua.com.mk го направи првото интервју со него по тој храбар и романтичен потег...

 

Како поминуваат првите 24 часа по оригиналната брачна понуда?
Накратко кажано, првиот ден поминува главно на телефон во одговарање на повиците и пораките со честитики на нашите пријатели и колеги.


Што ти рече прво Славица откако се видовте потоа?
Па, ти не си нормален.


Колку луѓе знаеја за твојата намера да и’ преложиш брак на овој начин?
Не знаеја многу луѓе. Знаеше само дел од продуцентскиот тим и техничарите кои ги реализираа вестите. На снимателот што го снимаше линкот на терен, како и на линкаџијата, им кажав кога се поставивме за да го реализираме вклучувањето.


Сам го избра прстенот или имаше помош од поискусни во таа работа?
Ако не се смета помошта што ја добив од човекот кој работеше во златарницата каде го купив прстенот, може да се каже дека го избрав сам. А, изгледа и го погодив. Барем така вели Славица :).

 

Колку време се подготвуваше ти за овој потег и дали има некава врска, односно симболика, тоа што беше Василица?
Некое време ја чекав првата можност за јавување во живо и се подготвував само малку повеќе од вообичаеното. Тоа што се погодија вестите на Василица, беше случајно.


Имаше ли опција како ќе реагираш ако Славица речеше „Не“ или „Ќе зборуваме подоцна“?
Искрено кажано, немав.


Во запросувањето велиш дека се сретнавте во „Сител“ и затоа сакаш преку телевизијата да ја побараш за жена. Колку време сте заедно и како се запознавте?
Заедно сме нешто повеќе од една ипол година. Се запознавме кога Славица се врати во „Сител“ од студиите во Америка.


Какви ви се следните планови? Веројатно немате точни термини за официјализирање, но можеби имате ориентациони рамки кога би била венчавката?
Немаме се’ уште точни термини. Тешко е да испланираш свадба за помалку од 24 часа.


Сите, без исклучок, го оценија овој твој потег како храбар и романтичен. Што си повеќе, храбар или романтичен?
Па, би рекол дека повеќе беше храбар потег. За романтика ми недостасуваа свеќи, и а надвор дуваше ветер.

 

Преземено: www.intervjua.com.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
На кафе кај Елена "По мој вкус"
Старата латинска изрека вели - „за вкусовите, не се дискутира", а кога станува збор за овој Инстаграм профил, нема мест...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?