|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ајде мамичка, да не те украдат "циганите"!

Булеварко, 19.2.2014
Пред да почнам да дробам попара сакам да ги поздравам ШАМПИОНИТЕ ОД ШУТКА и веселата дружина!!!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Седнав во детскиот парк пред мојата зграда да џапнам една лименка пиво, да пролистам некоја спортска новина и да се нахранам со малку сонце. Убав ден за прочистување на мислите и за прошетка на малите мои...

 

А во самиот парк една наконтена госпоѓа со своето дете, која многу повеќе внимаваше на својот аут-фит (шминкарање, огледалце, подлижуење на усните и сексуално себе-промовирање) отколку на своето мало дете, кое имаше преку сила 2-3 годинки. Детево се качува, а мамица лиже усни и си го поравнава со моливче усниот дијаметар кој мене (со извинување) ме асоцира на глаголско дејство кое не е згодно да го спомнам у оваа пригода (не оти не знаете).

 

Одеднаш на мамица и заѕвоне мобилниот телефон, а тоа беше знак дека детската игра мора да заврши.
АЈДЕ МАМИЧКА ДА ИДЕМЕ... ПОБРЗАЈ ДА НЕ  ДОЈДАТ ЦИГАНИТЕ  И ДА ТЕ УКРАДАТ...
За миг се сепнав од пивото и се свртев да ја видам оваа сељанкава шо каста е, шо сталеж е, шо буржоазија е, од која аристократска семка е зачната кога своето дете го плаши со ,,лошите цигани’’. Се запрашав дали на мамица прдежот и мириса на јоргован и дали се поти под мишка?. Дали јаде дома со златни лажици и дали има три куќни помошнички (една за бришење прашина, една за припрема на гурманска храна и една што ја лади со лепеза додека госпоЖата ja дига пи*ката у вис и си ги сунча депилираните бедра на терасата од 650 метри квадратни?

 

Не се зачудив воопшто кога малото дете се сепна и со трчање се упати кон својата мајка. Дете ко дете, душа неискварена и веројатно никогаш не би се искварила ако во себе не ја прима мизеријата и простотијата на родителот свој. Не знам како ,,страшниот циган’’ ќе влијае на стекнувањето почит кон својот родител и во тренирањето ЖЕЛЕЗНА ДИСЦИПЛИНА, но секако знам тоа ќе донесе болка и тага на нечие друго детско лице без да биде виновно за тоа.
На мамица и се брза, мамица е је*озовна, али и малце глупа.  Имам едно пријателче Р.М и би го пуштил да и објасни што е бон тон и фино понашање али чоекот си брка други работи, не би денгубел со ваква промискуитетна наказа!

 

А надвор од детскиот парк едно детенце  ромче со мали залчиња ја јадеше својата скромна закуска. Дете како и сите останати. Дали со просење, дали со продавање на некое кило хартија или железо, ја имаше заслужено својата дневна победа у форма на корка леб. Онаа што многу други деца би ја фрлиле на кучињата и мачките од бес. Малото Ромче оддалеку ги гледаше своите врсници како играат на клацкалките додека онаа вреќа со злоба и простотија со далечинското ги отвараше вратите на својот џип БМВ Х-6 ка.

Се напив од пивото и пробав да си одговорам, дали сите жени на светот шо возат БМВ Х-6 се ку*ви, материјалистки, спонзоруши? Кога би носел дефиниции за нив според возниот парк кој го поседуваат би станал ист ко неа. Но кога би бил на само со неа на 10 минути би го имал точниот одговор...Како и да е. Па да му е*ам матер, дали се бе овие вредни  за да создаваат солзи во детските очи?

Она што со сигурност го знам е дека од старт го полни своето дете со непотребен отров, од првиот свој  чекор го учи да расте во маѓепсан круг  полн со предрасуди и да дига стереотипни бариери, наместо самото да ги осознава добрите и лошите работи кај луѓето. Кој е добар, а кој лош човек не ни  пишува ниту на челото ниту па на кожата. Во генот на ромчињата сигурно не е да дуваат кеси со лепак, да просат по улици и да собираат хартија и железо. Во генот на оние ГОСПОЖИ сигурно не е предодредено да возат бесни коли и да ги селектираат луѓето според гардеробата, бојата на кожата или по името со кое го изговараат својот Бог. Во многу работи ние луѓето сме исти зарем не? Остатокот не е вреден да се става во ниеден кош! Отпадоци има насекаде зарем не?

 

Она што јас го сметам за отпадок е човек шо не знае да се истушира и со мишката наоколу  убива и младо и старо! Тоа е соседот од зграда кој истура пикавци и ѓубре по влез, пуши у лифт и секне нос пред зграда... Тоа е сигурно комшиката која фрла крвави улошки и кеси со ѓубре од прозор и го пцуе своето дете од тераса: ДОАЃАЈ ДОМА ПИЗ*А ТИ МАТЕРИНА....
Тоа е сигурно вечниот сосед-мајстор кој реновира по дома(од 07 до 24.00) откако си се вселил у зградата и ти иде да му влезеш дома и тоа бормашината да му ја начукаш у шупак! Тоа е сигурно соседот кој краде заедничка струја, не плаќа за лифт пошо живее на приземје и краде сијалици од влезот за да си ја закачи кај него на балкон. Тоа е сигурно оној од маало што ја шета својата џукела у парк и позади себе остава говнави нагазни мини за да можат децата кои си играат у паркот убаво да се умацаат. Тоа е сигурно чобанот кој паркира на места за хендикепирани лица и се пика по разно разни институции преку ред пошо он со едно ало дрма по градов конташ? Тоа е сигурно сељанката која дошла да студира у твојот град, а својата гарсоњера ја претворила у салон за масажа или у мини јавна куќа каде МАЛЕ РЕД СЕ РЕДАТ од Гази Баба до Кисела Вода и од Волково до Драчево.... Чобанарија бе брааат...И тоа од онаа најтешката која со кран не можеш да помериш. Зградата од темел да ја откорнеш тие ќе се спасат!


На овие слики и прилики не им е предодредено да бидат елита, па макар ја носеле и ,,светата'' бела кожа на лицето. Цела светска чобанарија да се обедини од Кина до Америја има да ги добиеш  UNITED COLORS OF BENETTON.Таа сигурно не живее само во Скопје и по гетата у Бруклин. Ги има на секаде и секое наше маало. Имаат различни партиски идеологии, верски традиции и боја на кожата. Тоа е одлика на секој отпадок, на секој обичен смрдеж или смрдла без разлика каде живее и во што живее. Она што мора да научиме да го правиме е да ги селектираме луѓето исклучиво на добри и лоши затоа што таквите ги има во секој дел на Скопје. Може да почнеме со овој муабет и да ставиме крај на некои глупави тези  и предрасуди. Градот наш ќе живее како што и секогаш живеел а  Шутка исто така ќе си остане на своето фино место и ќе продолжи да му емитира убави вибрации на Скопје. Токму онаа легендарната фраза СТАРО КУПУЈЕМ кој потекнува токму од тој дел на Скопје  е постара од речиси 70% од луѓето што живеат во Скопје и живее пред да се изградат многу населби во нашиот град...Тоа е типично скопска фраза и урбана максима. Како што се и шампионите од Шутка....Кој ги гледал секако...

 

Напиша: БУЛЕВАРКО

Преземено: www.urbancult.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Adaral Jewelry
Александра е сопственичка на креативна работилница за рачно изработен накит, кој самата го изработува од бакарна и сребр...
4
Растенија кои го прочистуваат воздухот дома
Барате да ги намалите токсините во вашиот дом? Овие растенија за чистење на воздухот ќе ви помогнат да ги отстраните ток...
3
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?