|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Агресијата во цртаните филмови

Редакција Рингераја, 15.5.2012
Во последно време е евидентно дека цртаните филмови изобилуваат со различни видови на агресивно однесување

image
/11


 

 

Ликовите во цртаните филмови се претставени како натприродни моќни сили, супер јунаци, вонземски суштества, , луѓе кои летаат и ја уништуваат планетата, употребувачи на различни волшебни помагала, непријателски уништувачи и сл. Секако и понатаму се произведуваат цртани филмови кои имаат едукативна содржина и содржат педагошки елементи.

Важно е да се укаже на некои најзначајни аспекти на агресивност, посебно за оние кои се јавуваат во предучилишна возраст. Кога зборуваме за агресивност во детската градинка тогаш зборуваме за расправии, викање, псуење, провокации, навреди, удирање, гризење, штипење, влечење за коса, одземање и уништување на играчки, исмејување, потсмевање и слично.

Стручњаците укажуваат дека агресивноста кај малите деца секогаш значи одбрана од нешто, или борба за нешто. Агресивноста може да се набљудува низ различни аспекти и со помош на различни теории. Човечката агресивност обично се дефинира во термините и намерите некому да се нанесе телесна или психолошка повреда.

Агресивноста секогаш пречи, бидејќи секое повишување на тонот, секој излив на бес, а пред се физичкиот напад, автоматски ја прекинуваат секоја активност и секаква игра. Агресивноста им пречи и на тие кои се активно вклучени во расправијата и на слушателите и гледачите. Многу ретко може да се игнорира агресивното делување, а за личноста која е загрозена, тоа е неможно. Но агресивноста им се наметнува и на оние кои не се вплетени во тој спор. Кога се зборува за агресивност во непосредна близина, секој треба да обрне внимание бидејќи лесно и неочекувано може да биде вовлечен во тој спор, па ќе мора да се брани, да ги смири двете страни, или пак да застане на нечија страна.

Агресивното однесување кај децата често се јавува во семејствата во кои често се користат забрани, физичко казнување, приговарање, авторитетен став кон децата, каде што децата се спречени да имаат своја слобода и да ја развиваат својата личност. Постојат многу фактори кои го поттикнуваат агресивното однесување кај децата.

Детето од предучилишна возраст е под влијание на идентификација и имитација. Тоа учи набљудувајќи го однесувањето на другите личности во неговото опкружување. Заради тоа е потребно правилно воспитување и давање пример на детето, примери кои од него ќе изградат позитивна личност. Доколку детето е изложено на агресивни елементи, тоа ќе почне да се однесува на таков начин. Многубројните истражувања покажале дека во детските цртани филмови постои голема доза на агресивност.

 

Цртаните филмови кои им се наменети на децата од предучилишна и рана училишна возраст изобилуваат со насилство, а проблемот се јавува кога децата ќе почнат да го имитираат однесувањето и да се поистоветуваат со измислените ликови.


Ист случај е и со глумците од филмовите кои често употребуваат сила во конфликтите. Истражувањето кое го спровеле американските научници покажало дека младите деца се по склони на имитирање на негативните појави. Така трчањето, врескањето и вербалната агресија ги користат во градинките и училиштата. Истражувањето покажало дека емисиите наменети за деца до седум години содржат далеку поголема количина на насилство од оние кои се наменети за постарата публика. Во само еден час време на прикажување на емисија наменета за деца изброени се 26 чинови на агресија, додека во емисиите наменети за општата популација имало пет, а девет во емисиите за деца над 14.години.

Постои и доказ дека анимираното насилство од екранот има големо влијание врз децата. Истото важи и за видео игрите. И тие имаат големо влијание врз детската агресивност, детските чувства и однесување, исто како и цртаните филмови полни со насилство.

Истражувањето кое е објавено во медицинското списание Pediatrics  покажало дека децата кои во предучилишна возраст гледаат насилни емисии се по склони кон агресивност и непослушност и почесто запаѓаат во неприлики кога ќе тргнат на училиште.

 

Цртаните филмови влијаат на развојот на детето – нивната содржина треба да изобилува со забавни, но и педагошки елементи. Детето треба да учи низ цртаните филмови. Затоа воспитувачите, а посебно родителите, треба адекватно и смислено да ги избираат содржините кои нивните деца ќе ги следат.

 

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?