|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

7 тајни за полесно породување

Редакција Рингераја, 9.5.2016
Нестрпливо го очекувате големиот ден и полни сте со надеж за беспрекорно раѓање. Како ќе течат настаните во голема мера зависи од вас! Впуштете се во оваа неверојатна авантура со оптимизам и неколку трикови

image
/11


 

Тајна №1 - Бидете информирана

Пред да дојде долго очекуваниот момент, треба навистина да се подготвите за него. Потребни ви се точни и јасни информации за тоа што ве очекува. Нормално е да се чувствувате порелаксирано, ако знаете што се случува со вашето тело, во секоја фаза од породувањето:

Прва цел: Фазите на породување

Прснувањето на водењакот,  или контракции на интервал од 10 минути или помалку е сигурен знак дека треба да се упатите кон породилната сала. Првата фаза ќе протече во неколку фази. На почетокот може да имате слаби, но регуларни контракции на 15-20 минути, кои продолжуваат од 30 до 50 секунди. Тие постепено ќе се зајакнат и грлото на матката ќе започне да се отвора. Понекогаш водите истекуваат спонтано, друг пат со интервенцијата на  гинекологот. Ќе се чувствувате непријатно и чудно кога добивате контракции, но заедно со тоа ќе ве снајде и вистинска возбуда дека настапува најважниот момент во вашиот  живот.
Постепено контракциите стануваат редовни и на помали интервали. Можно е контракциите да станат болни и да побарате анестезија. Ќе се чувствувате исто изморена меѓу нив.
Веќе сте под заштита на лекарите и акушерките, а контракции стануваат се почести (на секои 2-3 минути и траат 40-50 секунди). Отворена сте од 8 до потребните 10 см. Ќе почнете да се чувствувате напнато и ќе имаш желба да родите веднаш! Чекајте  специјалистите да ви дадат знак.

 

Втора цел: Здраво бебе

Средбата со бебето е многу блиску. Породувањето започнува кога ќе бидете целосно отворена - односно 10 см. Бебето се движи постојано надолу во општиот канал, додека во еден момент главчето му се покажува малку на влезот на вагината. Лекарот ќе процени дали има потреба да биде направена епизотомија (засек на перинеумот, местото помеѓу анусот и вагината, за да се обезбеди повеќе простор на раѓање се бебето). Внимателно слушајте ги  инструкциите на гинекологот и бидете силна, бидејќи за кратко ќе го имате бебето во прегратка.

 

Трета цел: Вадење на плацентата


Лекарите го олеснуваат овој процес (ставаат инјекција, која ги помага контракциите на матката и одделувањето на плацентата). Следува поглед на породилни патишта и затворање на евентуалната епизотомија. Ви останува  само да се олабавите и да си честитате на успехот. Се породивте!

 


Тајна №2 - Техниките на дишење

За да научите како да дишете за време на контракциите, најдобро е  да посетите училиште за идни родители. Можете да го пробате овие едноставни техники:

- Броење - додека вдишувате, изброете полека до три или четири (или додека се чувствувате подобро) и како издишувате изброете повторно полека до три и четири. Може да откриете  дека добра опција за вас е да вдишувате до три, а да издишувате до четири.

- Гласно дишење - обидете се да вдишувате преку носот, а да издишувате преку устата. Опуштете ги  усните, за воздухот да излегува слободно од нив .. Можете да испуштате секакви звуци, ако така  се чувствувате подобро.

 

Тајна №3 - Вежбите на Кегел

Тие помагаат при инконтиненција (уринарна инконтиненција) - заеднички проблем на крајот на бременоста. Предноста им е дека секоја жена може да ги прави, при тоа во секое време и насекаде без никој од околните да разбере. Може да се прават во секоја позиција на телото, само треба да се стегаат и отпуштаат  мускулите на карлицата. Се препорачуваат серии од по десет вежби и секој пат задржувајте ги мускулите стегнати по пет секунди. Повторувајте ја  вежбата десет пати на ден. Добро е да знаете дека физичката активност е корисна за бремената и за самото раѓање, бидејќи го зајакнува телото, ја подобрува циркулацијата и ја зголемува издржливоста.

 

Тајна №4 – Клечење на раце и на нозе

Клечењето на раце и на нозе помага за зајакнување на нозете и карличните мускули. Многу професионалци кои препорачуваат природно раѓање, сметаат дека тоа е и најдобрата позиција за раѓање. Така се отвора родилниот канал, а гравитацијата го помага дополнително процесот.

 

Тајна №5 - На земја

Вежбањето бара да седнете на тврда површина и да гиставите пред телото петите една над друга. Ова е една од најпознатите препорачаните позиции за бремените. На овој начин циркулацијата во карличните мускули се зголемува и тежината на бебето се презема од коските, а мускулите се опуштаат. Се оптоваруваат колковите и мускулите во областа на препоните, што повторно е од корист. Уште една предност е дека оваа позиција ги ублажува болките во рбетот, особено ако сте потпрени со грб на ѕидот.

 

Тајна №6 – Истегнување

Седнете на земја, протегнете ги  нозете напред и обидете се да ги истегнете рацете нанапред. Задржете така за минута, по што издишувајте и опуштате се во неколку последователни серии.

 

Тајна №7 - Обликување на карлицата

Застанете на колена и на раце и по малку движете се како мачка на напред и на назад. Вежбањето помага за одржување на формата на стомачните мускули и оние на крстот, а токму тие обично болат во втората половина од бременоста, кога плодот натежнува. Оваа "кучешка" позиција е соодветна и во првата фаза при раѓање, бидејќи ја намалува до некаде болката.

Вистината за царскиот рез
Бидејќи Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез, Ве охрабрувам да направиме чекор напред и да ги прослави...
11
Утринските мачнини му помагаат на бебето
Еден од најкарактеристичните знаци на рана бременост е утринската мачнина. Приближно 85% од сите жени во светот го разви...
6
Знаци на породување
Породувањето е процес низ кој ќе го родите Вашето бебе. Кај многу жени се случува околу 40. недела од бременоста, но ис...
6
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Што мислите за Рингераја.мк
predrag

Дајте го вашето мислење за нашиот портал, прв портал во нашата земја кој обработува теми за родителство.

Одличен е (100%)

Добар е (0%)

Немам мислење (0%)

Не ми се допаѓа (0%)

Ужасен е (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!