|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

50 работи на кои ве учи мајчинството

Редакција Рингераја, 3.7.2022
Менувањето на пелена кога детето има две година, има потенцијал да стане олимписки спорт, за кој е потребно одредено ниво на вештина.....и многу други работи на кои мајчинството ќе ве научи

image
/11


 

  1. Вашето дете ќе негира со часови, за на крај гласно да признае “Во право си мамо, ми се мочка”, на јавно место, каде што нема тоалет.
  2. Не ги ставајте нивните омилени играчки во машина за перење, освен ако не сакате да се чувствувате како убиец.
  3. Можете да го направите секој оброк “апсолутно вкусен”, но децата секогаш повеќе ќе сакаат чипс.
  4. Никогаш повеќе нема да ви треба будилник, се додека не почне тинејџерскиот период.
  5. Дури и да сте на другиот кат, додека детето е во истата соба со тато, сепак прво вие ќе бидете повикана кога нешто ќе му треба.
  6. Менувањето на пелена кога детето има две година, има потенцијал да стане олимписки спорт, за кој е потребно одредено ниво на вештина.
  7. Ручекот не е во повеќе во два часот, туку на полноќ.
  8. Децата знаат да избројат 50 ликови од цртаните филмови, а кога ќе ни натерате да избројат до десет – не знаат.
  9. Семејната мачка ќе излезе од својата кошница пет минути пред детето да заспие.
  10. Раскрвавеното колено најмногу боли кога има публика.
  11. Пиењето чај е успешно, ако чајот е топол до последната голтка.
  12. Празниците носат повеќе проблеми.
  13. Колку повеќе играчки купувате, толку е помал нивниот животен век.
  14. Тригодишното дете побрзо ќе стигне до вашиот мобилен кога ѕвони, од вас.
  15. Децата најубаво се учат да бројат, кршејќи Велигденски јајца.
  16. Супер мајките кои велат “вклучете го детето во домашните работи” ја покриваат правосмукалката со кебе за детето да не може да ја најде.
  17. Песокта може да го претвори вашиот дом во Сахара, но детето ќе се забавува доволно долго за да го испиете вашето кафе.
  18. Нема смисла да се бришат отисоците од прсти од телевизорот. Утре повторно ќе бидат тука.
  19. Детето нема да се научи да мочка во нокшир се додека му е забавно да мочка на подот.
  20. Ветувањето на парче торта и сок, ќе го победи и најтврдоглавото дете.
  21. Најубавиот момент во вашиот живот е кога новороденчето ќе заспие по прв пат.
  22. Седењето на детето пред телевизор го разубавува и најлошиот ден.
  23. Детето кое секојпат одговара на вашиот повик да дојде, не разбира што зборувате кога ќе му кажете да ви ја даде раката на паркингот за автомобили.
  24. Ги споредувате со Хитлер сите луѓе кои не го чистат изметот од своите кучиња во паркот.
  25. Бакнежот од вашето малечко може најмногу да го разубави вашиот ден, иако по него останува лигава трага како од полжав на вашето лице.
  26. Ако се обидувате да ја продадете куќата, детето ќе ја наполни својата пелена во моментот кога купецот ќе ја разгледува.
  27. Кога вашите деца ќе пораснат ќе ви се смеат што не сте јаделе авокадо и маслинки до вашата 20-та година.
  28. По некое време нема да трепкате со очите како лилјак кога вашето дете ќе пие вода од коритото и ќе јаде кал.
  29. Преморената мајка има сила да излезе на двобој со секој кој ќе се осмели да го разбуди нејзиното дете.
  30. Вашата мајка е во право – детето ќе јаде кога ќе биде гладно. Тоа што изигрувате кловн додека му давате да јаде не води никаде.
  31. Работата е место каде одите на одмор.
  32. Може да се заколнете дека никогаш повеќе нема да го однесете вашето дете во Мекдоналдс, но во дождлива сабота ќе го направите тоа.
  33. Ако вашето дете сака сендвич со шунка, нема да ве сопре тоа што знаете како се преработува месото.
  34. Родителите кои велат дека не ги оставаат да гледаат децата телевизија се лажговци.
  35. Можете да функционирате и со четири часа спиење.
  36. Осум часа спиење во текот на ноќта ќе ве направи да се чувствувате како повторно да имате 20 години.
  37. Се што планиравте да потрошите на себе за својот роденден, ќе го потрошите на детето.
  38. Изненадната посета на вашата свекрва во дождлив ден може да ви предизвика хистерично задоволство.
  39. Верверичките се вевеички, сокот е кок, а лубеницата е убецина.
  40. Конечно научивте да цените што направила вашата мајка за вас.
  41. И покрај тоа што не сака да каже, вашиот сопруг посакува да станел татко на постари години.
  42. Сфативте дека треба да помине најмалку една декада за да отидете на релаксирачки  одмор на плажа.
  43. Имате голема почит за самохраните родители.  Се чудите како ги завршуваат обврските дома, одат на работа и се будат три пати во текот на ноќта кога на бебето му растат заби.
  44. Оброкот изеден на гости е највкусното нешто што детето го јадело.
  45. Шишињата вино стануваат се помали и помали.
  46. Кога се тивки – прават некоја беља.
  47. Вашиот ден го сметате за успешен, ако детето ја испразнило чинијата.
  48. Близината на вашиот дом до градот повеќе не е важна. Мирно предградие со училиште во близина е бескрајно попривлечна варијанта.
  49. Чувајте ја на сигурно храната за кучиња. Многу е попривлечна од храната која ја подготвувате за детето.
  50. Пастата за заби не се чисти од прекривачот со влажно марамче.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?