|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

50 најпрекрасни моменти во мајчинството

Редакција Рингераја, 6.6.2022
Во чест на сите мајки во светот, ајде да ги кренеме чашите и да наздравиме за нашите деца и за моментите кои го прават мајчинството најдоброто нешто на планетата

image
/11


 

  1. Првиот момент кога бебето ќе ви го постават на градите.
  2. Првиот пат кога бебето ќе ве препознае и ќе ви се насмевне.
  3. Моментот кога бебето ќе го дофати вашиот прст за прв пат.
  4. Првата насмевка. И секоја друга насмевка која ќе следи.
  5. Да бидете покрај вашето дете во сите важни моменти од неговата прва година – тркалање, лазење, проодување.
  6. Првиот пат кога бебето ќе рече “Мама”.
  7. Дишење на прекрасниот бебешки мирис.
  8. Уживање во потполната тишина во куќата кога бебето спие на вашите гради.
  9. Првиот пат кога бебето ќе ја преспие ноќта. И кога ќе се разбудите наспана и освежена.
  10. Утринско скокоткање, секој ден.
  11. Кога вашето дете ќе трча низ паркот и ќе се смее на слободата.
  12. Првиот пат кога ќе ви каже “Те сакам мамо”
  13. Кога ќе се вратите дома и ќе видите како вашиот партнер и детето спијат на каучот.
  14. Гордоста на неговото лице, кога за прв пат ќе изврши нужда во тоалет.
  15. Таа прва и најсмешна слика со Дедо Мраз.
  16. Скокоткање на неговото рамо.
  17. Слушање на тој прекрасен звук кога детето спие.
  18. Првиот цртеж кој ќе го направат.
  19. Носењето на вашето дете на училиште за прв пат.
  20. Слушањето и разговорот со децата ве прави нивни најголеми пријатели.
  21. Петочни вечери под ќебе, додека јадете пуканки и гледате филм на Дизни на телевиозија.
  22. Слушање на детето како чита книга на глас.
  23. Гледање на детето како се справува со нешто од што секогаш се плашело.
  24. Одмор под ѕвездите, заедно со детето легнато до вас.
  25. Првиот пат кога детето ќе ви се понуди да ви подготви оброк. И кога тоа е навистина вкусно.
  26. Фрлање на првото извадено млечно запче на ѓерамиди.
  27. Гледање на свајот во очите на детето во Божиќното утро.
  28. Првата прегратка меѓу поголемото дете и новороденото бебе.
  29. Отворање на подарокот за Денот на Мајките. Најубавиот подарок кој сте го добиле!
  30. Најголема возбуда кога ќе ја донесе книшката со оцени.
  31. вадење на помошните тркала од велосипедот и моментот кога детето за прв пат ќе вози само. Најголема гордост!
  32. Воодушевување од малите задоволства – шоља кафе, вашите стари играчки, бојата на цвеќињата кога шетате, мекоста на малото куче.
  33. Сведоци сте на некаков акт на љубезност и хуманост од страна на вашето дете. Она што го учевте, детето го применува.
  34. Пречекувањето откако ќе се вратат по отсуство од неколку денови, или од неколку часа.
  35. Додека бебето спие се искрадувате за да ифграте со детето.
  36. Аплаузот од публиката кога вашето дете ќе добие признание за добар успех.
  37. Тука сте и му одговарате на детето за сите дилеми кои ги има во животот.
  38. Ги слушате како велат дека сакаат да бидат како вас кога ќе пораснат.
  39. Ги следате вашите деца како се заштитуваат од други деца во паркот, гушнувајќи се.
  40. Го носите детето на неговиот прв концерт. И веднаш сфаќате колку всушност сте остареле.
  41. застанувате до детето и сфаќате дека е повисоко од вас.
  42. Го гледате детето како влегува во вратата и носи работна униформа.
  43. Го гледате вашето дете на воланот за прв пат.
  44. Се гледате себеси во ликот на вашето дете.
  45. Завршување основно училиште.
  46. Вашето дете станува полмнолетно. Отворате шише шампањско.
  47. Сведочење дека вашето дете се заљубило.
  48. Ја гледате вашата ќерка како оди кон олтарот. Или вашиот син како гордо стои покрај олтарот.
  49. “Среќен роденден мамо. Благодарам”, на вашиот 50-ти роденден.
  50. Држење на вашето внуче во раце.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Книгата- најдобар пријател
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?