|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 пријателки кои треба да ги има секоја нова мама

Редакција Рингераја, 2.6.2020
На секоја жена и требаат пријателки, посебно откако ќе се породи. Во следните неколку месеци и година, ќе имате многу емоционални успони и падови и ќе Ви требаат беби-пријателки да Ви помогнат сето тоа да го пребродите

image
/11


 

 

Новото бебе е сјајна прилика за склопување на нови пријателства. Делењето на искуствата со други трудници и искусни мајки е магична вежба за зачувување на менталното здравје. Лесно е да се вклучите во тој нов круг, но и постарите пријателки можат да Ви дадат поткрепа во тој прекрасен и тежок период од Вашиот живот.

Некои од тие пријателства нема да останат ни до растењето на првото запче, а  некои ќе потраат. Во болничките соби се склопуваат и доживотни пријателства. Најпрво можеби нема да мислите дека имате толку многу заеднички работи, но споделувањето на успоните и падовите може да Ви го сочува менталното здравје во првите неколку месеци по породувањето.

Какви пријателки Ви требаат по породувањето и како можете да ги запознаете? Еве неколку примери:

 

Нова мајка пријателка

Онаа која со Вас го дели секој момент

Изненадувачки, но најновите пријателки често се најблиски во првите хаотични месеци од мајчинството. Додека Вашите пријателки кои немаат деца ве гледаат бледо кога ќе спомнете вежби за стегнување на телото, Вашата нова пријателка поминува низ истите работи.  За многу брзо време со неа ќе разговарате за хемороиди.

 

Стара пријателка

Таа која секогаш била со Вас

Со Вас била во секоја криза, па зошто да ја пропушти и оваа авантура? Пред неа можете да бидете мамурна и со скршено срце, во пижами, со дамки околу градите од млеко. Иако не е луда за менување пелени, знае што Ви е потребно како личност, а не како мајка.

Никогаш не и земајте здраво за готово на пријателката. Бидете свесни за тешкотиите кои можат да се појават заради Вашата нова ситуација. Можеби и таа би сакала да биде мајка, но не е во врска или не може да забремени. Не заборавајте да ја охрабрите.

 

Искусна пријателка

Таа која била таму и го правела тоа

Сите жени, кои се мајки за прв пат, имаат моменти на несигурност кога им е потребен совет. Некои жени овој вид на пријателство ќе го пронајдат во својата мајка, а некои бараат совет од жена со малку постари деца.

Ако немате при рака искусна пријателка, не грижете се. Ќе се изненадите од помошта на непознати лица. Ако ја прашате сосетката како таа го заспивала своето бебе, брзо ќе го скршите мразот и можеби ќе започнете топло пријателство.

 

Незаинтересирана пријателка

Таа која се прави дека Вашето бебе не постои

Таа сигурно не сака да гледа слики од Вашето бебе, воопшто не се грижи за неговото прво запче и нема никакви познавања за одгледување на деца. Баш затоа Ви е потребна.

Верувале или не, ќе дојде момент кога ќе посакате да излезете од дома и да разговарате за други работи, освен за бебиња. Таа пријателка ќе Ви го олесни тоа. Односот со оваа пријателка може да стагнира во првите неколку месеци од мајчинството, но не смеете да го прекинувате.

 

Виртуелна пријателка

Онаа која никогаш нема да ја сретнете

Денешните мајки имаат непроценлив извор на совети, дури и во три часот наутро, кога косата Ви е валкана од повраќаница и три дена не сте ја промениле блузата.

Поддршката преку интернет е сјаен начин во борбата против осаменоста на новите мајки. Анонимноста им овозможува на луѓето да ја отворат душата на нови начини, на кои инаку не би можеле. Тука секогаш се пријателите кои се достапни секогаш кога ќе Ви притребаат и плачот не бебето не може да го прекине Вашиот разговор.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
5
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?