|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 начини да го поттикнете детето да зборува

Редакција Рингераја, 17.3.2014
Децата зборуваат полека и првите неколку години грешат при изговорот. Избегнувајте да ги завршувате нивните реченици
Клучни зборови:

image
/11


 

Уживајте во времето за приказни

Заедничкото читање има повеќе придобивки од таа детето да се опушти пред спиење. Детето може да научи многу работи слушајќи го вашиот глас, сметаат логопедите. Вклучете го во разговор покажувајќи му слики и поставувајќи му прашања. Обраќајте му се со што поголемо воодушевување. истражувањата покажале дека зборувањето со певлив тон, односно зборувањето со “мајчин глас”, му помага на детето да го сфати значењето на зборовите – тврдат детските психолози.

 

Бидете трпеливи

сите деца зборуваат полека и првите неколку години згрешаваат при изговорот, но избегнувајте да ги завршувате нивните реченици. Така можете да им ја уништите самодовербата, па можат да изгубат желба за усно изразување, кажуваат логопедите. Активното слушање е исто така клучно. Спуштете се на негова висина – контактот со очи е значаен дел од комуникацијата, со што му давате до знаење дека го слушате.

Ако не го разбирате, бидете искрени и замолете го да го повтори реченото. Можеби ќе треба да ви го повтори неколку пати за да го разберете, но подобро така отколку да кажете “баш слатко!” кога би бара вода, тврдат психолозите.

 

Создавајте музика

Песничките и броенките им помагаат на децата во развојот на говор. Тоа е така бидејќи се забавни, а штом детето ужива во нешто, полесно ќе соработува. Броенките се исто така лесни за помнење, а можете да го навикнете детето наизменично да ги изговарате (малку вие, малку детето), што е прво правило на разговорот. Но внимавајте:  децата сакаат повторување и тоа им помага при учење и затоа многу често ќе слушнете “Ајде уште еднаш!”

 

Истражување на светот

Ако сакате вашето дете да разговара со вас, отворете некоја тема. На пример зборувајте му за светот кој го опкружува. Колку повеќе зборувате со него, толку неговиот речник ќе биде побогат. Еден од начините на кој можете да му помогнете е на секој изговорен збор да додадете уште еден: Ако каже “автомобил”, вие додадете ”Да, тоа е плав автомобил”. Оброците се уште едно важно време за разговор. Поттикнете го детето да ја коментира храната која ја јаде поставувајќи му прашања како: “Дали е убаво?” и  “Каков вкус има?”

 

Молчењето е злато

Ако постојано ви е вклучен телевизорот, тоа ќе го одвикне детето од внимателно слушање, тврдат психолозите. А и вас ќе ве одвикне од разговор со него. Гледајте телевизија како награда, за да можете да разговарате за се што се случува и да поставувате прашања. Но, гледајте поучни емисии, а не цртани филмови.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Кога децата сфаќаат дека НЕ значи НЕ?
Децата страдаат од еден облик на амнезија заради која пред третата година не можат да создаваат долгорочно сеќавање. Пре...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?