|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 факти за мајките на породилно отсуство

Редакција Рингераја, 15.1.2021
Сите родители знаат дека раѓањето на детето менува се. Седењето дома за мајката да се грижи за детето не е помалку работа од одењето на работа во канцеларија, а некогаш е дури и потешко

image
/11



За сите идни и сегашни родителите, ние се обидовме да составиме кратка листа која покажува како всушност се чувствува мајката која е на породилно отсуство и како ги поминува деновите.

Дневна рутина

Дневната рутина накратко може да се опише како породилно отуство. Храни, пери, смени пелена, готви, смени пелена, пери, играј си со тресалката, пак пери, шетај... Во такви околности, одењето на доктор за нормален преглед е нешто надвор од вообичаеното.

Нема распоред

Однадвор гледано, нема ништо подобро за мајката и бебето од тоа да се следи одреден распоред. И педијатрите го велат истото. Сепак, реалноста си прави сопствени прилагодувања на тие планови. Време е за спиење? Бебето плаче и не сака да заспие. Не сака да јаде. Не сака да лежи во количка за време на прошетката и вреска. Мајките можат само да го прифатат и да се прилагодат на променливото расположение на бебето.

Нема резултати од активностите

Зарем има нешто поубаво од чувството кога ќе правите нешто и ќе го постигнете тоа што го сакате? Новопечената мајка може само да сонува за такви постигнувања. Без оглед на тоа колку напорно се труди за семејството, тој резултат никогаш не е видлив. Таман ги средила играчките одеднаш магично тие повторно се насекаде низ собата. Цело утро перела и вечерта повторно сите облеки се измачкани со дамки.

Ниска самодоверба

Породилното отсуство влијае на кариерата, општествените кругови и телото. Најчесто е привремено, но новопечената мајка ова не го знае. Дали ќе може да се врати на работа? Кога? Дали ќе успее да се врати во форма? Дали ќе им биде интересна на нејзините слободни пријателки, бидејќи повеќе знае за доење и столица отколку за филмови и мода? Овие мисли се секогаш на нејзиниот ум и не влијаат добро на нејзината самодоверба.

Безусловна љубов

Уморот, досадната рутина и сомневањето во себе некако магично исчезнуваат во моментот кога бебенцето за првпат ќе се насмевне или ќе каже „Мамо“ или „те сакам“. Нека одат во бестрага сите тешкотии! Сакам уште едно дете!


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Деца во семејство на алкохоличар
Во семејства во кои еден од родителите или обата родители се алкохоличари, пореметени се односите и меѓу брачните партне...
4
Животни лекции од мајките, за синовите!
Постојат толку животни правила кои родителите треба да им ги пренесат на своите деца – да не псујат, да бидат љубезни, ...
4
Како да известите за нарушен сообраќаен ре...
Кога станува збор за годишниот семеен одмор една од најважните работи за децата, но уште повеќе за родителите, е како по...
4
Принцеза на еден ден...
Дневникот на Pepelaska RR
4