|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

"Труднички мозок" - дали навистина постои?

Редакција Рингераја, 15.4.2021
5 начини на кои бременоста го менува вашиот мозок

image
/11


Многу мајки зборуваат за " труднички мозок" . Но, дали е „мамнезијата“  реалност? Излезе дека нашиот мозок навистина ги претрпува овие пет луди промени за време на бременоста.
Ана Ламот напиша дека секое бебе излегува истуснувајќи третина од мозокот на  мајката . И, според нејзиното искуство, тоа е прилично точен начин да се опише мозокот на бременоста!
"Само пред некој ден, го предупредив сопругот дека можеби чувствувам рана деменција." - вели Ана. "Поверојатно е само случај на нешто што повеќето нови мајки го знаат премногу добро… мамнезија или труднички мозок."


Дали "трудничкиот МОЗОК" е вистинска работа?

 Повеќето мајки го доживеале она што е познато како „труднички мозок“ или „мамнезија“. И сигурно, лишувањето од сон има многу врска со тоа зошто многу од нас се чувствуваат малку изгубени по породувањето.
Но, има ли нешто повеќе освен исчезнатите часови за спиење?

Една австралиска студија сугерира - да, трудничкиот мозок е вистинска работа. Истражувачите проучувале повеќе од 1200 жени, од кои 700 бремени. Откриле дека општото когнитивно функционирање, меморијата и извршното функционирање се значително намалени кај бремени жени, особено за време на третиот триместар од бременоста.
И има смисла, со оглед на значителните промени што ги претрпува нашиот мозок за време на бременоста. Еве, некои од најпознатите:

 

ПЕТ ЛУДИ НАЧИНИ НА КОИ БРЕМЕНОСТА ГО МЕНУВА ВАШИОТ МОЗОК


1. Вашиот мозок се собира… буквално

Се чини дека може да има физичка компонента на „трудничкиот мозок“. Истражувачите од болницата Хамерсмит во Велика Британија открија дека мозокот на здрави бремени жени се намалува во големина до шест проценти! За среќа, мозокот на жените се враќа во својата големина од пред бременоста шест месеци по породувањето.

2. Преплавени сте со љубовни хормони

Окситоцин, или „хормонот на љубов и сврзување“ е нешто што природно го ослободуваме за време на бременост, породување и доење. Окситоцинот ги прави жените помирни, подоверливи и поотворени за љубов. Всушност, нивото на окситоцин кај бремени жени може дури и да предвиди врска на мајка и дете.
Додека окситоцинот ја засилува љубовта во семејството, тој исто така може да ја зголеми дефанзивната агресија кон луѓето надвор од семејната група, што го објаснува феноменот на мама мечка.


3. Станувате одлични во препознавање на лица

Истражувачите од универзитетот Мекмастер неодамна откриле дека бремените жени се значително подобри во препознавањето на лицата - особено машките лица. Зошто? Една теорија вели дека жените стануваат особено будни кон мажите за време на бременоста, за брзо забележување и избегнување закани.


4. Станувате вистински мултитаскер

Веќе знаеме дека жените се подобри во мултитаскинг отколку мажите. Очигледно, јазот во перформансите се зголемува уште повеќе за време на бременоста, кога се зголемува активноста во префронталниот кортекс, дел од нашиот мозок задолжен е за повеќе задачи.


5. Станувате попаметни

Чекај, зар не треба целата работа "труднички мозок" да се однесува на мајки кои го губат паметот? Не баш. Една студија од Јеил открила дека мајчинството ги поставува структурните промени во мозокот, зголемувајќи ги неговите способности за обработка. И, колку повеќе се насочуваат на нивните бебиња, толку поумни стануваат мајките! 

 

Уште добри вести за трудничкиот мозок 

Во лабораториските тестови, бремените глодари доживеале многу од истите придобивки (подобар мултитаскинг, просторни вештини, намалена анксиозност). Но, еве го заклучокот: стаорците уживале во овие придобивки од бременоста во текот на целиот свој живот, долго откако нивните бебиња пораснале. Потоа заклучивме дека и за нас важи истото. 
Па можеби „Мамнезија“ или "труднички мозок" , не е и така лошо?
Очигледно не! Што е охрабрувачка вест. Само затоа што не можеме да се сетиме кој ден е, или кога бебето дремнало, не значи дека сме помалку интелигентни.Тоа само значи дека сме изморени и повеќе активни а помалку спиеме - а можеби и дека посветуваме повеќе ментални ресурси на љубовта кон нашите деца. 
Како е кај вас?
Дали сте доживеале „мамнезија“? Дали мислите дека бременоста или мајчинството го сменија вашиот мозок на подобро? Споделете со нас во коментарите подолу!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
4
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не почнува по раѓањето на бебето, докажано е дека зап...
4
Desance: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?