|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

15 ветувања кои му ги давам на мојот син

Michelle Horton, 5.2.2023
Поминувам многу време размислувајќи каква мајка сакам да бидам, какви лекции да учам, па одлучив да дефинирам 15 ветувања за мојот син. Ги пишувам овие ветувања како потсетник што навистина чувствува моето срце, посебно за сивите и бурни денови
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Ветувам дека ќе те слушам

 

1

 

И не само да слушам, ветувам дека ќе се трудам да те разберам. Ветувам дека ќе обрнувам внимание и ќе ги вреднувам твоите чувства и искуства, наместо да ги омаловажувам. Дури и кога внатрешниот порив ќе ме тера да го “средам” проблемот, ветувам дека прво ќе те ислушам, разбирајќи дека можеби само тоа ти треба.

 

Ветувам дека ќе се сетам како се чувствував јас

 

2

 

Се надевам дека никогаш нема да заборавам колку непријатно и срамежливо се чувствував во 1-во одделение, не сакајќи ништо друго освен да бидам дома со мојата мајка. Се надевам дека никогаш нема да заборавам како е да се биде тинејџер со скршено срце, или изгубен и збунет студент. Ветувам дека ќе сторам се за да не заборавам како е да се биде дете, за подобро да се соживеам со твоите чувства и да те водам. Бидејќи тие чувства се важни и реални.

 

Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си

 

3

 

Те познавам уште пред  да ме запознаеш и ја гледам светлината во твојата внатрешност. Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си. Без оглед на се.

 

Ветувам дека ќе се радувам кога ќе го здогледам твоето лице

 

3

 

Омилен дел од денот ми е кога за прв пат ќе го видам твоето лице. Кога наутро тивко ќе излезеш од својата соба, со траги од спиење на лицето и отечени очи, кога ќе ми подариш голема насмевка и радосно ќе извикнеш – Јееј, уште еден ден сме заедно! Добро утро. Така ќе биде додека сум жива!

 

Ветувам дека заедно ќе истражуваме

 

5

 

Полесно е (и инстиктивно) да те држам блиску до себе, заштитен, но знам дека си свој човек. За да пораснеш и за да созрееш, мораш да искусиш и добро и лошо и да го почувствуваш животот подалеку од мене. Дури и кога тоа ќе ме плаши, ветувам дека ќе ги охрабрам овие ситуации.

 

Ветувам дека ќе те чувам сигурно и здраво

 

6

 

Тоа стана еден вид на мантра меѓу нас , па се прашувам “Зошто ми се овие правила?”. Но ти знаеш дека јас не правам произволни правила – сите тие имаат своја цел. И ветувам дека ќе продолжам и ќе направам се за да те чувам сигурно и здраво.

 

Ветувам дека ќе ти дозволам да правиш грешки

 

7

 

Ова може да биде најтешкиот предизвик на секој родител. Интелектуално, разбирам дека е важно да се паѓа за да се успее, бидејќи на тој начин ги учиме нашите граници и го градиме нашиот карактер. Но, уххххх, помислата на повреда е неподнослива. Не ми е воопшто чудно што има толку “хелихоптер” родители – моето срце е со нив. Но ветувам дека ќе ги тргнам настрана своите чувства и ќе ти дозволам да учиш од грешките.

 

Ветувам дека прво ќе бидам мајка, а потоа пријател

 

8

 

Ветувам дека ќе бидам родител со широки перспективи, што значи дека нема секогаш да ти се допаѓа она што ќе го слушнеш. Ќе го оставам пријателството на твоите другари – она што ти треба е мајка која го гледа твојот интерес, надвор од краткотрајното задоволство.

 

Ветувам дека ќе направам се најдобро и ќе се извинам кога нема

 

9

 

Знам дека не сум совршена – дека губам трпение кога сум под стрес и паѓам кога сум преморена. Знам дека давам се од себе за да направам правилен избор, а потоа за кратко паѓам. Го знам тоа, бидејќи сум човечко суштество. Затоа ветувам дека ќе се извинам кога ќе ја зафркнам работата, како што прават сите луѓе.

 

Ветувам дека ќе го почитувам твоето мускулесто тело и ќе те подготвам да станеш маж, иако не знам како

 

10

 

Не знам како е да се почувствува наплив на тестостерон, или како треба да се браниш од твоите врсници, или да бидеш физички посилен од спротивниот пол. Јас немам опсесија кон супер-херои и не го разбирам хеликоптерот со далечински управувач. Но ветувам дека ќе ја сфатам твојата машка природа  и ќе сторам се за да те подготвам  за периодот на машкост.

 

Ветувам дека ќе бидам искрена

 

11

 

Ветувам дека ќе ги споделувам своите мислења и искуства на искрен начин и дека ќе кажам “не знам”, кога не знам.

 

Ветувам дека ќе бидам фина со сите кои ги сакаш

 

12

 

Ветувам дека нема да бидам монструм-свекрва која верува дека ниедна девојка не е добра за мојот син. Се надевам дека ќе те израснам со доволно самодоверба и самоконтрола за да ја избереш вистинската личност за себе. И ако си ти среќен – и јас сум среќна.

 

Ветувам дека безусловно ќе те сакам

 

13

 

Ти секогаш ќе ја имаш мојата љубов без оглед на тоа што ќе направиш, или што ќе станеш. Мојата љубов е безусловна.


Ветувам дека ќе те пуштам

 

14

 

Оваа реченица од поемата на Калил Гибран ме погоди: “Ти можеби ги двориш нивните тела, но не и нивните души”.

Еднаш го делев своето тело со тебе. Твоето срце чукаше во мојата внатрешност, во ист такт со моето срце – што веројатно звучи чудно и необично, но тоа е неверојатно искуство. Процесот на пуштање на детето од мајката е неодгатлив за мене, но ветувам дека ќе го сторам тоа. Ветувам дека ќе те оставам да живееш сам, знаејќи дека те подготвив добро за се' што те чека во животот.

 

Но не можам да ти ветам дека нема да плачам.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?