|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

12 работи кои не треба да ги кажете на учителка

Редакција Рингераја, 7.3.2014
Резултатот е добиен со испитување на 170,000 едукатори од страницата на Facebook WeAreTeachers, кои дале одговор на прашањето: Кои прашања на родителите ве полудуваат? Во прилог се 12 работи кои никогаш не треба да ги кажете во училница

image
/11


 

 

  • И ние сме завршиле основно училиште, па нели сме експерти за тоа?

Хмм...Сте биле и болни, дали тоа ве прави лекари?

  • Кога ќе се пензионирам, сакам да се занимавам со нешто, па мислам дека би можела да бидам учителка.

Да се биде учител не е хоби, како градинарство или едрење.

Дали некогаш сте размислувале да ја направите наставата позабавна?

Не јас давам се од себе да бидам поздодевна колку што можам.

  • Ако навистина се грижите за децата, нема да се грижите за платата.

Ги сакам моите ученици. Ја сакам наставата. Исто така сакам да придонесувам во семејството и да ги хранам своите деца.

  • Ако го организирате вашето време додека сте на училиште, се обложувам дека не би требало да планирате лекции и писмени за време на викендите.

Добро, јас сум зафатена на училиште. Ги учам учениците и работам со нив секој момент од денот. Трошењето на 20 часа неделно надвор од училиштето за подготовки и оценување е нормално за мене.

  • Вие никогаш нема да бидете вистински учител се додека не имате свои деца.

Всушност, ќе бидам. Односот меѓу наставникот и ученикот е многу поинаков од односот меѓу родителот и ученикот.

  • Зошто ги терате толку многу да читаат и толку многу да пишуваат домашна? Зошто им давате толку тешки задачи?

Бидејќи во тоа се состои мојата работа. Бидејќи моите ученици се тука за да учат. Бидејќи ќе им требаат овие вештини за да преживеат во светот. Дали овие причини се доволни?

  • Јас плаќам даноци на ова училиште, па технички вие работите за мене.

За жал ние не сме ви потчинети. Тоа не функционира така. Даноци плаќате за сите јавни услуги како пожарна, полиција, паркови, а исто така и на училиштата како целина. Патем и наставниците плаќаат даноци исто така.

  • А, вие сте воспитувачка во градинка? Мора да ви е многу забавно да играте и пеете по цел ден.

Да, мојот живот е ист како филм на Дизни.  Јас пеам и играм и децата и животните од шумата трчаат околу мене. Всушност во градинка ги описменуваме децата и ги учиме на основните работи во математиката, како и на социјалните вештини. Тоа ќе им биде основа за успех во понатамошното школување.

  • Зошто сте толку строги? Тоа се само деца.

Ние поминуваме многу време во смеење и забава. Но правилата не само што се потребни, туку им помагаат на децата да се чувствуваат безбедно, сигурно и ценето во училишната заедница.

  • Колку тешко може да ви биде? Цело лето не работите.

Летниот распуст е една од придобивките од изборот да градите кариера на наставник. Но имајте на ум, тоа не е цело лето. ние ги поминуваме месеците јули и август за професионален развој и планирање на наставната програма. Во текот на учебната година работиме 12 часа на ден и ја имаме само неделата за одмор. кога ќе соберете и одземете и вие користите одмор колку нас.

  • Да се биде учител е убаво, но не сакате да бидете поуспешни и да заработите повеќе пари?

Јас ја одбрав оваа професија бидејќи сакам да направам промени. Ја одбрав оваа професија бидејќи тоа што го правам секојдневно е важно за децата.

Така изгледа успехот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?