|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Парите ни помагаат да ги оствариме нашите соништа, сe додека заработуваме доволно и не трошиме премногу. Додека повеќето луѓе ја трошат платата за храна, облека, сметки и можеби едно патување во годината, постојат и луѓе кои имаат многу повеќе

image
/11


1. Правилото „24 часа“

Милионерите се колнат во ова правило. Можеби не треба да размислуваат два пати пред да купат нешто скапо, но пред конечно да одлучат чекаат да поминат 24 часа. Импулсивното купување често е непотребно и емоционално. Запрашајте се дали нешто навистина ви треба или само го сакате, па дури потоа одлучете дали ќе го купите.


2. Плаќање само во кеш

Можеби е многу поедноставно да плаќате со картичка, но кешот е подобра опција. Луѓето кои паметно трошат секогаш одбираат да плаќаат во кеш, особено за мали работи. Идејата е да се држите што подалеку од долгови. Па, почнете да ги плаќате барем оброците со кеш, а следете ги сите сметки платени со картичка за да знаете колку сте потрошиле.


3. Одредете буџет и држете се до него

Иако ова сигурно не го слушате прв пат, одредувањето буџет и држењето до него може да ви помогне да заштедите многу. Направете ревизија за заработка наспроти трошоци и ограничете го трошењето. 50% од платата одвојте за неопходните работи, 30% за лични, а 20% тргајте настрана.


4. Трошете на работи што ќе ви помогнат да заработите

Нема потреба да бидете мизерни за да заштедите пари. Богатите трошат пари на нешта што гарантираат долгорочно инвестирање. Па, обидете се да купувате нешта што ви помагаат со сегашната работа или што ќе ви помогнат да заработите повеќе. На пример кога купувате облека, одберете нешто погодно за работното место. Исто така вложете и во добар лаптоп доколку ви е потребен, или во добар автомобил.


5. Инвестирајте во услуги што ви заштедуваат време

На богатите не им е проблем да трошат на услуги што им заштедуваат време. Тие се фокусираат на инвестирање наместо на трошење. Најмувањето дадилка, чистачка и слично ќе ви додаде квалитетно време во животот. Овие нешта можеби чинат повеќе, но ќе ви дадат време да се посветите на работата и да правите работи што ги сакате.


6. Искуствата се бесценети

Милионерите секогаш ги додаваат и животните искуства во нивниот календар. Приоритет им е да потрошат на нови искуства кои додаваат вредност на нивниот живот. Без проблем би ги замениле секојдневните непотребни трошоци со патување, членство во теретана и слично.


7. Прво сметките, потоа сè друго

Кога ќе ги разберете фиксните трошоци, подобро ќе управувате со вашите пари. Уште првиот ден кога ќе ја добиете платата, најпрво платете ги сметките и долговите. На овој начин ќе знаете колку пари ќе ви останат за остатокот од месецот.


8. Направете шопинг листа за годишни распродажби

Сите сакаме распродажби. Но колку и да се примамливи, најчесто нè тераат да потрошиме повеќе од планираното и да купиме работи што воопшто не ни требаат. Најдобро е да го планирате купувањето однапред и секогаш купувајте скапи работи на распродажба.


9. Инвестирајте во работи што ве прават среќни и здрави

Сосема во ред е одвреме-навреме да потрошите на нешто што ќе ви помогне во хобито или во вашата страст. Инвестирајте во работи што ве прават среќни. Доколку сакате астрономија, во ред е да заштедите и да си купите телескоп, доколку знаете дека тоа навистина ќе ве направи среќни.


10. Имајте денови иливикенди „без трошење“

Луѓето кои знаат да штедат можат да ја контролираат желбата за непотребно трошење. Обидете се да одвоите барем еден ден од неделата во кој нема да потрошите ништо.


11. Зачувајте го кусурот и искористете го

Никој не ги сака монетите од кусурот. Најчесто штом ќе ги ставите во паричникот заборавате на нив. Но, зошто да не го собирате? Чувајте ги железните монети и користете ги за кафе или за ужина. На овој начин ќе потрошите многу помалку за секојдневните потреби.


12. Поправајте ги нештата пред да ги фрлате

Иако богатите сакаат да трошат, тие му се посветуваат на секој купен предмет до самиот крај. Подобро е да ги поправате електронските направи додека можете, наместо веднаш да се откажувате од нив. Поправањето ќе ви помогне да заштедите, но и да ја зачувате планетата.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
5
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
4
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?