|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 детски заповеди кои важат и за родителите

Редакција Рингераја, 1.4.2014
Погледнете кои едноставни правила им помагаат на децата да се снајдат во хаотичниот свет и размислете дали тие се рецепт кој може да им помогне на мајките и татковците
Клучни зборови:

image
/11


 

Детството, така безгрижно и опуштено, се состои од извесни правила кои на детето му се наметнати од општеството, родителите  или он нив самите. Овие правила не се тешки за почитување, напротив, некои од нив претставуваат вистинско уживање, а секако им помагаат на децата да воспостават ред во својот свет, да изградат пријателства, да ги остварат своите цели и притоа да бидат безгрижни и среќни...

 

Делете ги своите "играчки"

 

1


Децата чувствуваат радост кога ги делат своите играчки со другарите. Затоа, кога го суредувате својот дом, обрнете внимание на тоа кои предмети не ги користите повеќе, а им се потребни на другите. Можеби е време она што повеќе не го користите да добие друг сопственик. Прашајте ги членовите на семејството дали им се потребни некои од тие предмети, или донирајте ги.

 

Имајте мал и голем одмор секој ден

 

2


Одвојте време да излезете надвор секој ден, макар и на пет минути. На тој начин ќе си посветите време сами на себе и ќе воспоставите ред  во хаотичниот дневен распоред.  Доколку се вратите еден чекор назад, ќе имате подобар увид во ситуациите и можеби ќе пронајдете креативно решение на некој проблем.

 

Немајте премногу обврски во текот на денот

 

3


Не можете да ги завршите сите обврски во текот на еден ден. Доколку се префорсирате ќе загубите време и мотивација. Така е и со децата – доколку нивниот распоред е пренатрупан, исцрпеноста ќе ги спречи да продолжат со планот. Затоа концентрирајте се на тоа што навистина е важно и обидете се да пронајдете баланс меѓу опуштеноста и продуктивноста.

 

Не прифаќајте НЕ  како одговор

 

4


Децата преговараат многу поефикасно од возрасните. Насмеаното лице и очињата кои светат се доволни за вие да ги соберете играчките. Следете ја оваа нивна максима и резултатот ќе биде видлив на сите полиња.

 

Побарајте дозвола пред да купите нешто

 

5


Се сеќавате на деновите кога за да купите лижавче требаше да ги прашате родителите?  На ист начин воспитувајте ги децата, а исто така, кога купувате нешто за нив, прашајте ги дали им се допаѓа и дали му е потребно.

 

Уживајте во ситниците

 

6


Не мора да правите балони од сапуните или да бркате гасеници, како вашите деца, но можете да си дозволите себеси да уживате во ситните задоволства. Радувајте му се на семејниот ден покрај базенот, наместо да тагувате затоа што никогаш нема да ги видите Бахамите. Гледајте го заоѓањето на сонцето со партнерот, боете боенки со своите деца и радувајте му се на секој нов ден.

 

Ограничете го времето за гледање телевизија

 

8


Кога бевте деца, родителите често ви напоменуваа дека гледањето телевизија влијае лошо на мозокот, па исто и вие потсетувајте ги вашите деца на тоа. Токму заради таа причина исклучете го телевизорот и одете со вашето дете во парк.

 

Легнете си порано

 

7


Секој пат кога имате можност, прескокнете ја чинијата со пуканки и филмот кој е дел од ноќната програма. Неколку часови сон повеќе од обично, му користат на вашето здравје и ќе ви помогнат следниот ден да бидете посвежи. Вашето тело ќе ви биде благодарно, затоа легнете си заедно со детето.

 

Вратете ги “играчките” на место

 

9


Не е тешко по ручекот на ги измиете садовите, тешко е по гледањето на добар филм да го вратите ќебето на место. Сепак, како што ги терате децата после играта да ги вратат играчките на место, така и оваа ваша задача е неопходна. Важно е благовремено да средувате за да не се натрупа работа.

 

Секогаш прашувајте “зошто?

 

10


Децата без престан поставуваат исто прашање -  “Зошто?” Тоа е затоа што се радознали и сакаат да ја знаат вистината. Ниту возрасните не треба да се плашат да поставуваат прашања. Доколку постои нешто во што не се разбирате, обидете се да ги научите деловите кои не ви се јасни. Во се' постои прилика за да го унапредиме своето знаење, а не смееме да си дозволиме да живееме непродуктивно, бидејќи стравуваме да поставиме прашање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Книгата- најдобар пријател
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?