|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За Милица, која ја запознав во породилната сала...

Редакција Рингераја, 13.10.2015
Влегувам во породилната сала...На столот за породување стои млада личност која има дваесет години, слаба, со пропаднато лице и темни подочници. Не се слуша што зборува...

image
/11


 

Бабицата ми приоѓа и ми вели: Докторке, жената е отворена шест сантиметри. Терминот на породување е следниот месец, а бебето е баш мало.

-          Како се викаш, прашувам и приоѓам едвај чујно.

-          Милица, вели едвај чујно.

-          Од каде си? продолжувам со прашањата.

-          Одавде, вели, тука се омажив.

-          Добро Милице, зошто си толку слаба? Дали воопшто јадеш?, прашувам.

-          Да, одговара кратко. Добро јадам. Знаете докторке, мојот маж работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и нешто ќе зготвиме. Убаво живеам, не се жалам, раскажува.

Јас почнувам да се смрзнувам...Сфаќам дека е искрена. Дека навистина е така. Таа навистина јаде само еднаш во денот и мисли дека тоа е во ред.

-          Милицем имаш ли роднини, брат, сестра, прашувам.

-          Имам само сестра докторке, таа е во друго семејство. Знаете, мама почина, тато работи по цел ден и не знаеше што со мене. А бев вредна, чистев, готвев. Одев на пазар и го собирав зеленчукот кој го фрлаа. А фрлаат добра храна. Ми вели тато мене – Милице, ти најдов маж. И го донесе. Оди дете со него, ќе ти биде подобро отколку овде. И така се омажив, вели.

-          И, дали е убав маж ти, се обидувам да ја насмеам.

-          Добар е, проговори и продолжи да молчи. Само гримасите на лицето покажуваат дека има болки. Младата жена која ја прифаќа реалноста, па колку и да е тешка, која не знае за подобро, мртва во својата немоќ да промени било што.

Бабицата ми ја носи нејзината анализа на крв. Фрлам поглед на хартијата и ме стегнува срцето. Тешка анемија, хипопротеинемија.

-          Знаете, продолжува, девојче е. Ќе ја крстам Анѓела. Имам за неа облека. Се исправ и наредив, знаете сите алишта се како нови. И пелени, имам и пелени. Туку, не лутете се, мислам дека ќе се напнам.

-          Напни се Милице, велам и ја гледам бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови, а одвнатре не стега, не боли.

-          Ајде Милице, најсилно што можеш, напни се.

Милица слуша, а нејзиното слабо тело ја дава сета сила. И се породи. Бебето е слабо, но убаво, плаче и има црни очи.

-          Душо, мама те дочека. Душо моја, дајте ми ја да ја бакнам.

Ја зема, ја прегрнува и ја бакнува. Плаче од среќа.

-          Душо, ти мене си ми се. Колку е тешка докторке?, прашува.

-          Еве само малку, Милице, ќе го измериме бебето. Тешко е 2200 грама. Родено во термин, бебето на гладната Милица.

-          Убава е докторке, навистина е убава.

-          Да Милице, преубава е.

Ја пратив бабицата да ги донесе нејзините работи. бабицата го врти погледот. Оди и носи обично најлонско кесе, а во него една спавача, едно пакетче влошки и сапун.

-          Милице, дали си гладна, жедна?

-          Не сум. Ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми треба мене многу. И за прв пат Милица се смее.

Излегувам од породилната сала. Ме чека низок човек.

-          Јас сум сопругот на Милица. Дали е Милица добро?

-          Да, велам и го гледам. Износена маица, но чиста, голема тренерка и искинати патики. Рацете груби и раскрвавени. Таткото е среќен.

-          Ве молам, дајте и го ова на Милица, ми дава мала кутија со кекси и сок. Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре. Ми тргна работата, одам да работам.

Одам полна со тага. ООва е нашата реалност, насекаде околу нас.

На утринската визита доаѓам до неа. Ми се насмевнува. Мириса на сапун, на измиена коса и носи испрана спавача. Чиста е.

Сфаќа што значи мојот поглед. Ме гледа во очи и вели.

-          Ја измив косата и ја исушив, топло е овде. Видете, покажува на наткасната до креветот. Сокови, наполитанки, чоколадо. Ми дадоа, не зедов ништо сама. Ми велат, јади Милице, ние сме дебели, ти си слаба.

Местам вештачка насмевка и гледам околу себе...Овие прекрасни жени почувствувале потреба да и помогнат и и донесле од влошки до храна, а притоа во ниеден момент не ја навредиле.

 

Доаѓа денот за отпуштање од болница. Доаѓа и Милица да се заблагодари...

-          Ви благодарам за работите за бебето. Не требаше...

-          Ако Милице, уживај, не е тоа ништо.

-          Фала, фала...

А тој ги чека. И ја бакнува косата на Милица и и дава една ружа. Така треба. Го зема детето во раце и ја гали прекривката.

Ги гледам и си мислам...Колку е навистина потребно за да бидеш среќен? Навистина не знам...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како витаминот Б6 влијае на утринските мач...
Утринските мачнини за време на бременоста и најчесто во нејзиниот почеток се еден од најголемите проблеми во овој период...
3
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
3
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
3
bebushkaa: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?