Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Дану Филантропија ЈИЕ преставува непрофитабилна организација и нејзиното дејствување е со помош на донации. Поради тоа што сакаме работењето на Дану Филантропија ЈИЕ да биде транспарентно и јасно, подготвивме и правилник. Евентуалните забелешки и дополнувања во врска со овој правилник може да ги испратите на следната е-адреса: filantropija@danu.biz.
Какви акции поддржува Дану Филантропија ЈИЕ и во нејзини рамки и Рингераја.мк?
Дану Филантропија ЈИЕ помага на:
- Организации, друштва, фондации во Македонија и надвор од границите на Македонија, кои ги покриваат областите здравје, филантропија, добротворност и други хуманитарни дејности.
- Поединци и семејства, кои се нашле во неволја и потербна им е помош во најкратко можно време. При тоа предност имаат оние кои не можат да добијат од државни институции и/или хуманитарни организации.
Објавувања на страната за добротворност на Рингераја веб порталот
Сите можете бесплатно и едноставно, во рамките на делот одреден на порталот, сами да објавувате пораки, како за барање помош, така и за нудење помош. Како и да е во овој случај Дану Филантропија ЈИЕ не е организатор на акциите и не ја проверува веродостојноста на податоците. Поедините корисници можат самостојно да се одлучат, дали акцијата ќе ја поддржат на нивна сопствена одговорност. Дану Филантропија ЈИЕ се придржува кон правилото, во склад со правилата за употреба на порталот соодветно да го модерира форумот. Во случај на злоупотреба го зачувува правото, акцијата да ја прекине.
Како да предложите нова акција?
Вашето барање за помош во пишана форма испратете го на адресата filantropija@danu.biz. Притоа колку е можно поопширно опишете ја акцијата која ја предлагате. Исто така може да предложите или да понудите помош на оние кои имаат потреба од помош, притоа треба да добиете согласност од личност за кого е наменета акцијата.
Во предлогот треба да наведете точен и детален опис на ситуацијата, по потреба може да приложите и фотографии. Исто така приложете и податоци на личноста/семејството, на кого е наменета помошта и податоци на предлагачот: име, презиме, адреса и контакт телефон.
Управниот одбор на Дану Филантропија ЈИЕ предлог акцијата ќе ја обработи во најкратко можно време. Притоа управниот одбор ќе донесе одлука дали дадената акција ќе ја поддржи или не.
Управниот одбор има право:
- сам да одлучи за приоритетот на добротворните акции;
- да ги одбие акциите или да ги одложи за друг период;
- своите одлуки за изборот или за одбивање на акциите да не ги аргументира.
Кој може да предложи нова акција?
Нова акција може да предложи поединец на кого му е потребна помош, сам или наместо него тоа да го направи трето лице. Друштва или организации може да потражат помош за своите активности, за помош на поедини нивни членови или за некоја трета личност. За помош на друштва или организации помош може да побараат исто така и трети личности.
Облик на помошта
Дану Филантропија ЈИЕ може за помош да ги употреби фондовите кои се наменети за таа цел. Тие средства се наменети пред се за акции, при кои брзиот одзив е од критично значење. Дану Филантропија ЈИЕ може исто така да организира собирање на финансиски и материјални средства од корисниците на своите веб портали. Да понуди помош при организација и изведба на други акции и помош при придобивање на здравствени помагала и лекарства.
Лични податоци
Сите лични податоци, од оние кои ќе побараат помош, и од оние кои ќе понудат помош се заштитени во согласност со законост за заштита на лични податоци. Личноста, која ја добива помошта може во договор со екипата на Рингераја сама да одлучи кои податоци ќе бидат посредувани во јавност (тука се вбројуваат и објавите на порталот или во други медиуми со кои соработува или би соработувала Дану Филантропија ЈИЕ). За злоупотреба на тие податоци од страна на трето лиц, екипата на Рингераја не превзема никави одговорности. Фотографии ќе бидат објавени само со дозвола на приемникот на помош.
Тек на акцијата
Текот на акцијата е зависен од природата на поедини акции и е во согласност со приемникот на помошта. Дану Филантропија ЈИЕ по сопствена одлука ќе ги користи сите извори и партнерски конекции, акцијата да се изврши успешно. На порталот корисниците ќе бидат навремено известени за текот на акцијата и опсегот на собраната помош.
Избегнување на злоупотреба
Управниот одбор на Дану Филантропија ЈИЕ на свој начин ќе направи проверка на предложувачите на акциите и ќе ги поддржи оние акции, кои најдобро се усогласуваат со нејзината мисија, цели и задачи. Дану Филантропија ЈИЕ не превзема никакви одговорности во случај на злоупотреба. Доколку дополнително се увиди дека барателот на помош во своето барање внел лажни податоци, податоците ќе бидат проследени до соодветните судски органи, кој ќе постапат по работната должност. Податоците за злоупотреба исто така јавно ќе ги објавиме и со сите средства ќе се обидеме да ја направиме невозможно понатамошната злоупотреба на податоци.
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.