|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Автори на Календарот за бременоста


При изработка на Календарот на бременоста учествуваа седум стручни лица, кои се погрижија календарот да се изработи квалитетно и брзо да стане популарен.

Многу важен печат на Календарот даде признатиот специјалист - гинеколог Дарија Страх, доктор по медицина, која е вработена во Гинеколошката болница и Болница за ултразвук во бременоста во здравствениот дом Домжале (Словенија). Специјализирала на Гинеколошката клиника во Љубљана (Словенија) и долго време се усовршувала во Лондон кај проф. Николаидес, основач на Нухалната транслуценција (нухална бразда). Со константна работа на породилното и гинекологијата, се занимава со ултразвучна дијагностика, тестови за откривање на хромозомски грешки и други болести во бременоста, следење на бремености, жени во менопауза, откривање на рак на женските полови органи и гради, како и лечење на остеопороза. Долго време била уредник на гинеколошка рубрика во списанието за млади Пил Плус. Од 1999 година интензивно се занимава со откривање на Даунов синдром.

На 5. Светски конгрес за фетална медицина 2006 година, е единствена докторка од Словенија која ги објавила своите седумгодишни истражувања за откривање на Даунов синдром, мерење на нухалната бразда на плодот. Резултатите биле оценети како неверојатно успешни.

Паралелно со стручната работа која директно се однесува на гинекологијата, таа е среќна мајка на петогодишната Лее Хелен и тригодишниот Вита Мартин. Со нив го минува своеот слободно време. Нејзиното срце чука за нејзините деца и нејзината професија.

Голема улога во создавањето на Календарот на бременост имаше и Рингераја заедницата, која идејата за календарот ја зацврсти со своите труднички искуства и многу идеи, како календарот да биде корисен и интересен за читање. Корисниците на порталот Рингераја се од непроценлива вредност.

Сепак, календарот на бременост на Рингераја.мк немаше да постои доколку неговата изработка не беше поддржана од најголемата банка за матични клетки од папочна врвца, Cryo-Save (Би-Мек). Благодарение на донацијата на Cryo-Save, на сите трудници и нивните партнери им е овозможено на Рингераја.мк да го следат развојот на своето дете, по недели, од зачнувањето до раѓањето.



Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.