Напред Розово - Чекори против ракот на дојка


Автор:
Борка - За секој нов ден

Ракот на дојка е болест во значителен пораст во Република Македонија, при што секоја година се дијагностицираат најмалку 750 нови случаи. Почетната фаза на ракот на дојка може да се излекува кај повеќе од 95% од заболените. Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на болеста, со што се зголемува и можноста за целосно лекување на ракот на дојка.



Здруженијата Борка – за секој нов ден и Интегритет Алфа & Омега, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, на 17ти мај 2009 година, ќе реализираат еднодневен настан за подигнување на свеста кај населението за помасовно вклучување во борбата против ракот на дојка.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во рамките на оваа акција, здруженијата ќе собираат донациски средства кои ќе бидат наменети за пoдобрување на условите на дневната болница за примање на  хемотерапија.

СО ВРТЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 143-171 СО ПРЕФИКСОТ ОД МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОР НА Т- МОБИЛЕ, КОСМОФОН  ИЛИ ВИП, ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ, И СО ТОА ДОБИВАТЕ АКРЕДИТАЦИЈА И РОЗЕВА МАИЧКА ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ. Истите може да се подигнат во просториите на БОРКА или на 17ти мај од 10:00 до 11:00 часот во парк, пред Школка.

Пунктови за продажба на ваучери за учество

Можност за продажба на ваучери за учество во:

  • Штанд пред ТЦ. БИСЕР
  • Штанд пред Дал мет фу на Плоштад- Центар
  • Штанд на ул. Македонија, кај кафулето Барцелона

Штандови во Парк на денот на настанот

 Цели на проектот: 

§ Генерирање средства за подобрување на условите во дневната болница за примање хемотерапија

§ Подигнување на свеста кај населението за потребата од навремени прегледи и рана дијагноза, како основен предуслов за победа над ракот на дојка

§ Обезбедување мобилизација и масовност во борбата против ракот на дојка

§ Реализација на 2-неделна кампања за испраќање на клучните пораки до пошироката јавност

§ Реализација на еднодневен настан кој ќе вклучи масовна розова поддршка во должина од 3 км

 

Централен настан 17ти мај 2009 – прошетка и забавна програма (концерт)

Програма на настанот:

10:00 - 11:00 Собирање на учесниците на местото на настанот - Школка, Градски Парк, Скопје

11:20 Официјално отворање на настанот – Водител

11:25 Говор на г-ин Филип Рикер, Амбасадор на САД во Р. Македонија

11:30 Говор на г-ин Бујар Османи, Министер за здравство на Р. Македонија

11:35 Говор на Биба Додева, Претседател на здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“

11:40 Говор на претставник од Авон

11:45 Музика и најава на прошетката - Водител

11:50 Загревање со лесни аеробик вежби (маскота Петко + 1)

12:00 Означување на стартот на прошетката (Маскотата Петко ги поканува сите да го следат)

12:05 Прошетка

14:00 Враќање од прошетка – водителите ги пречекуваат учесниците

14:10 Неколку јавни личности се заблагодаруваат на сите учесници

14:15 Започнува музички концерт

16:00 Настанот завршува 



Артикли од категории

Претходен артикал: Прва посета на стоматолог на вашето дете
Следен артикал: Рингераја на гости кај Елена Ристеска

Помагала

Испечати

Пријави се и оцени го артиклот

Бр. оценка: 1

cryo-save
premaman
Eterna dent
Froddo

Бутик FRODDO

Локација ГТЦ Кеј 13-ти Ноември Први кат локал 457

Тел/факс: 02/3134 370