|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Крварење во првото тромесечје од бременоста

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Крварењето во првото тромесечје од бременоста е знак дека постои некаков проблем.

image
/11


Некои жени никогаш немаат крварење во текот на бременоста, кај некои крварење може да се појави само еднаш, а кај некои се јавува од време на време во текот на целата бременост. Тоа може да биде слабо, во облик на капки на облеката; силно, како за време на менструален циклус или многу посилно; темно кафена боја или јако црвена боја. Во секој случај многу ќе ве исплаши. Она што треба да го знаете е дека крварењето во бременоста е многу честа појава и за среќа не е секогаш сериозно. Повеќето жени кои имаат крварење за време на бременоста ја износуваат до крај и раѓаат здрави деца. Сепак, постои и крварење кое може да укажува на сериозни проблеми, затоа од големо значење е да знаете кои се можни причини за крварењето и што претставуваат, како и кога треба веднаш да реагирате.
Првото тромесечје е период кога најголемиот дел од жените ќе почувствуваат крварење и во повеќето случаи не постојат причини за поголема грижа. Иако во овој период ризикот од спонтан абортус е најголем, не значи дека секое крварење ќе доведе до него. Најчести причини за крварење во овој период се:

Вгнездување на јајце клетката во матаката

Крварење предизвикано од вгнездувањето на јајце клетката може да се појави меѓу 6. и 12. ден по зачнувањето и жените кои не се надеваат на бременост можат да го протолкуваат како подранет менструален циклус. Тоа крварење обично е слабо и краткотрајно, со изразено црвена боја и претставува нормална појава кај многу жени, така што не претставува никаков знак за паника.

Крварење во период кога треба да настапи менструалниот циклус

Во бременоста доаѓа до многу хормонални промени. Една од задачите на хормоните во бременоста е да го сопрат менструалното крварење. Меѓутоа кај некои жени може да се случи нивото на хормони на самиот почеток да не порасне доволно, така што кај нив во првите три месеци од бременоста се јавува благо крварење, како менструалното, проследено со симптоми кои обично ги чувствуваат кога би требало да имаат менструален циклус. Во многу ретки случаи крварењето може да продолжи и во текот на целата бременост. Ова крварење не е причина за грижа, но важно е за тоа да поразговарате и да го информирате својот доктор.

Чувствителност на грлото на матката

Кај некои жени може да дојде до слабо, краткотрајно крварење после сексуални односи или преглед на карлицата. Причина за ова е што во периодот на бременоста протокот на крв во грлото на матката е зголемен, а самото грло многу чувствително. Ова крварење е безопасно, но сепак треба да се консултирате со докторот доколку често се појавува.

Опасност од спонтан абортус

Во првите 12 недели од бременоста постои најголем ризик дека бременоста ќе заврши со спонтан абортус. Во некои случаи спонтаниот абортус може да се спречи, но и понатамошниот тек на бременоста ќе биде ризичен. При закана од спонтан абортус, жената може да има крварење неколку дена, проследено со повремени грчеви и тапи болки. Доколку крварењето и болката не се зголемуваат, постои шанса дека бремноста ќе продолжи. Ако имате вакви симптоми, важно е веднаш да се јавите на доктор, при што со помош на ехо ќе се провери дали бремноста сеуште постои и ќе се превземат неопходни чекори за истата да се зачува.

Спонтан абортус

Спонтан абортус обично значи дека постојат неправилности во развојот на фетусот, така што самиот организам ја отфрла бременоста, за која чувствува дека не би била правилна, правејќи така природна селекција. Тоа не значи дека во иднина жената не може да има здрава, нормална бременост. Доколку спонтаниот абортус е во тек, се јавува силно крварење, обично со црвена боја, следено со грчеви и силни болки. Спонтаниот абортус може да биде потполн, што значи дека жената ќе почувствува силна болка, при што ќе дојде до исфрлање на ембрионскиот материјал со вид на грутки, по што крварењето и болките полека ќе престанат, а на ултразвук нема да се видат никакви знаци од бременоста. Доколку по исфрлањето на ембрионалниот материјал, крварењето и понатаму продолжува, тоа може да биде знак дека се работи за непотполн абортус, што значи дека во матката останале делови од ембрионот или постелката. Тогаш докторот ќе мора да направи детален преглед и да ги отстрани остатоците. Понекогаш може да се случи до спонтан абортус да дојде и без крварење, се јавува исцедок со темно кафена боја и симптомите на бременост веќе не се чувствуваат. Тоа значи дека фетусот не опстанал, но и дека не е исфрлен од организмот. Крварењето пратено со болки и грчеви е многу опасно, па доколку не престане за време од 24 часа, треба веднаш да се јавите на доктор.

Вонматерична (ектопична) бременост

Вонматеричната бременост се случува кога оплодената јајце клетка наместо во матката ќе се вгнезди некаде надвор од неа и тука почнува да се развива. Повеќето жени кои имале вонматерична бременост можат повторно да забременат по природен пат и да имаат нормална бременост. Кафените траги од крв или слабото крварење (со прекин или во континуитет), тапа болка која преминува во силни болки, грчеви и чувствителност, болки во рамениците, главоболка и несвестица пратена со повраќање, се можни знаци за вонматерична бременост. Доколку крварењето се зголемува и станува посилно, можно е да дошло до пукање на јајцеводите поради големината на ембрионот што може да биде опасно за животот на жената. Ако имате вакви симптоми, важно е веднаш да реагирате, за да не дојде до последици опасни по вашиот живот и плодноста.

Моларна бременост

Моларната бременост е многу ретка појава и настанува кога наместо ембрион во матката се развиваат гроздести структури, дегенерирани делови полни со вода кои преминуваат во мали цисти. Знаци на моларна бременост се постојан или повремен исцедок на темнокафена боја, силно изразени симптоми на бременост (особено мачнини), губење на тежина, како и брз раст на матката кој не одговара на возраста на бременоста. Моларната бременост обично спонтано се прекинува со силно крварење околу 12. недела, иако може да се случи тоа да биде и подоцна. Ако имате вакви симптоми, треба веднаш да се јавите на својот доктор. Доколку не дојде до прекин на бременоста, таа мора да се заврши со операција. Повеќето жени после моларна бременост имаат нормална и здрава бременост.

Други облици на крварење

Во бременоста може да се појави и крварење кое нема никаква директна врска со бременоста. Тоа може да биде предизвикано поради некоја инфекција на грлото на матката, уринарниот тракт или поради карлична празнина. Исто така некои стресни ситуации или трауми можат да предизвикаат слабо крварење и обично овие облици на крварење не влијаат на бременоста, но секако треба да се информира доктор за нив.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЈАВИТЕ НА ДОКТОР?

  • Доколку се појави слабо крварење кое трае пократко од еден ден, можете да почекате до следниот преглед и тогаш да му кажете на докторот.
  • Доколку крварењето трае подолго од еден ден, контактирајте го својот доктор во рок од 24 часа.
  • Доколку имате силно крварење, крварење пратено со силни болки, грчеви или грозница која се засилува, или доколку во текот на крварењето исфрлате грутки, морате веднаш да се јавите на доктор.

За крај треба да знаете дека многу често не може да се открие вистинкста причина за крварењето. Во ситуација кога тоа не претставува вонматерична бременост или спонтан абортус, крварењето само престанува и продолжува нормално бременоста. Иако во повеќето случаи крварењето не е опасно, не заборавајте дека секое крварење морате да го кажете на својот доктор, давајќи му точен опис за симптомите кои сте ги почувствувале, доколку сте ги имале.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
7
Затегнете ја кожата на стомакот по раѓањето
Како да ја затегнете кожата на стомакот по раѓањето?
4
Anushka: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Фото: Кети Пери го покажа телото после пор...
Ова е реалноста која треба да ја видат мајките!
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?