|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Стручни совети од педагог Наташа Ристеска Тод...
11.12.2013 22:27:53   
Felly RR
Да се биде родител е најубавата и најодговорна работа во животот на еден човек.Рецепт по кој би оделе да одгледаме и воспитаме деца кои еден ден ќе станат одговорни ,целосни и среќни луѓе -нема. Сите се водиме пред се,од инстиктот,нашата социјална и емоционална состојба,па според тоа, така и ги воспитуваме. Честопати не знаеме како да постапиме, се преиспитуваме дали сме престроги или претолерантни, дали однесувањето на нашето дете е нормална фаза на развој или знак за развојни проблеми. На сите овие прашања, дилеми и родителски проблеми, одговор ќе се обиде да ни даде Наташа Ристеска Тодоровска, дипломиран педагог.

Наташа Ристеска Тодоровска
Дипломиран Педагог

Универзитет “ Св. Кирил и Методиј”, Скопје
Филозофски факултет
Институт за педагогија

Семинари и тренинзи:

• Тренинг за тренери за ненасилна комуникација и ненасилно разрешување на конфликти
ЦНА – Центар за Ненасилна Акција, Сараево, Босна и Херцеговина
• Развојни карактеристики на деца од 3 до 7 годишна возраст;
• Планирање на воспитно – образовни активности во предучилишното воспитание и образование;
• Пишување развојно досие
• Комуникација со деца (конструктивно разрешување на конфликти, обезбедување соработка со деца, справување со вознемирувачки чувства);

Работно искуство:
Едукатор и координатор - Прва Детска Амбасада во светот Меѓаши - Едукатор во проектот “Човекови вредности

Едукатор во проектот “Ран детски развој”, УНИЦЕФи СОЖМ

Асистент на образовната програма (Проект Мозаик – Модел за мултикултурно предучилишно воспитание и образование во Р. Македонија) во Потрага по заедничка основа, Скопје

Раководител на Детски Едукативен Центар, Семос Едукација, Скопје

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 13.12.2013 18:27:03 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
12.12.2013 9:19:11   
Yummy Mammy
Odlicna tema, prosto ne znam od kade da pocnam da prasuvam. Eve ke postavam dve prasanja sto vo momentov najmnogu me macat, edno opsto, edno konkretno i licno. 1.Koga roditelot ke moze da vidi za sto vsusnost negovoto dete pokazuva talent? Nikogas ne bi sakala da go forsiram svoeto dete za nesto za sto realno ne go biva, a deca kako deca euforicni se za sekoja aktivnost na pocetokot, a potoa im zdosaduva i se otkazuvaat. Kako da se sogleda potencijalot na deteto, na koja vozrast, koga da se pokazat zabi i istrajnost, a da ne se forsira?! Zasto edno se zelbite, a drugo moznostite.... 2. Imam kerka od 5 god koja e mnogu pametna i sklona kon logicki aktivnosti, no so mnogu mala samodoverba. Postojano i treba motivacija i nekoj da ja podbutnuva. Ustava pena mi faka kako ona e najdobra, kako ona moze, samo treba da proba, da ne se otkazuva, obidi se uste ednas, ajde pak, mozes ti toa..... Mnogu cesto znae da se zatvori vo sebe i da place, ne i se dopaga sto nacrtala na primer, go kine i go frla, i posle i e zal, pa burickame po gjubreto. Me interesira kako da se pottikne samodoverba na ovaa vozrast, so koi aktivnosti, igri?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
13.12.2013 11:30:09   
Пед.Наташа Ристеска
Најпрво да ги поздравам сите членки на форумот и тимот на Рингераја и да посакам на сите нас корисна и долготрајна дружба. Се надевам дека низ нашите дискусии ќе споделиме мислења, искуства и знаења и така сите меѓусебно ќе си помогнеме на прашањата кои овде ќе се отворат. Би сакал да напоменам дека Педагогијата и Психологијата се неразделно поврзани и тешко може да се направи дистинкција понекогаш, па се надевам дека некој психолог по вокација нема да ми замери туку само ќе ме надополни на одредени теми каде тоа е потребно.
Воедно кога станува прашање за воспитанието, образованието и развојот на децата не постојат конкретни одговори, само насоки и мислења, како и тоа како да се применат некои теории во праксата.
Драга Yummy Mammy, чест ми е да одговорам на твоето прашање како прво наменето во форумов за мене.
Ќе започнам со второто прашања па ќе се навратам на првото.
Во моменталниот развојот на детето постојат 3 зони и тоа: Зона на сегашен развој, зона на нареден развој и зона на иден развој. Во зоната на сегашен развој спаѓаат активностите кои децата сами можат да ги извршат без никаква помош, во зоната на иден развој спаѓаат активности кои децата не можат да ги завршат сами и им треба поголема помош од некој друг, додека во зоната на нареден развој се активностите кои децата можат да ги завршат со мала помош од некој друг. Токму таа зона на нареден развој е таа на која треба да се задржиме. Имено кога им давате на децата некои активности, игри , задачи гледајте тие да спаѓаат во оваа зона. Ако спаѓаат во зоната на сегашен развој, тие тоа самостојно , без малку мака ќе можат да ги завршат и тоа не предизвикува предизвик кај децата, а со тоа и интересот е мал или не постои, а и не развиваме способности кај него. Доколку се претешки, т.е. спаѓаат во зоната на иден развој, децата се разочаруваат и ја губат самодовербата затоа што не успеваат да ја завршат активноста.
Сето ова го напишав всушност за да можеш да определиш за твојата ќеркичка активности кои спаѓаат во зоната на нареден развој (не секогаш деца со иста календарска возраст имаат иста способности), т.е. ни премногу лесни, ни премногу тешки. Кога ќе почне да гледа резултат од своите дела, малку по малку ќе и се враќа самодовербата. Тогаш пофалија соодветно на тоа што го направила. Мислам дека не би требало да и кажуваш дека е најдобра, и поставуваш многу високи очекувања на самата себе и во однос на другите деца и она не би сакала тебе да те разочара. Пофали ја за конкретната активност онолку колку што е потребно.
Во однос на првото прашање, нормално е сите деца на почетокот да покажуваат интерес за различни активности, а по кратко време истиот да го изгубат. Наша задача е да го стимулираме и насочуваме детето, а никако да го форсираме или инхибираме. Со тек на време ќе исплива вистинскиот интерес кај детето за одредена област кај некого порано кај некого подоцна. Некои деца и до средношколски денови сеуште испробуваат разни активности и се интересираат за различни области се додека не го најдат она што навистина им лежи. Наше е да ги следиме и поттикнуваме, давајќи им можности да откриваат нови светови за да видиме во кој од нив они ќе се најдат најмногу.
Следете го Вашето дете, откривајте му нови светови, стимулирајте го и одговорот ќе дојде сам user posted image
Се надевам дека моето размислување ќе допринесе во развојот и воспитувањето на Вашето дете.
Поздрав и се најдобро!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
13.12.2013 15:05:20   
Defne90 RR
Imam i jas edno prasanje.Znaci so pogolemiot sin uste od malo bevme navistina mnogu privrzani i nerazdelni.Postojano i nasekade so mene.Ne zaspivase so nikoj drug ne sakase da jade so nikoj drug.Koga ke go ostavev da go pricuvaat na nekoe vreme za jas da zafrsam nekoja itna rabota sekojpat koga ke se priberev doma go naogav nego so poteceni oci od placenje kako uporno povtoruva Ja sakam mama,kade mi e mama.No ostanav trudna so vtoroto since.Toa za site bese na nekoj nacin sok zatoa sto site bea svesni za nasata privrzanost no najmnogu od site toa go pogodi togas dvegodisniot sin.Uste dodeka bev bremena postojano povtoruvase deka ne saka bratce.Istoto bese i koga se rodi.Denta koga go donesov od bolnica koga vide kako izleguvame od avtomobilot ocite mu se napolnija so solzi no samo stoese nemo i gledase i se vozdrzuvase da ne zaplace.I pocna pekolot.Samo da videse deka sum svrtena na druga strana i ne go gledam pomaloto bratce toj vednas gi krevase racete da go tepa.Toa trae i do den denes znaci pomaloto ima 13 meseci a pogolemiot sin nikako da ja prifati idejata i faktot deka poveke ne e sam i deka ima bratce.Probav na site mozni nacini da go ubedam deka jas go sakam najveke deka toj mi e prviot sin deka negovoto bratce go saka i e srekno sto ima tolku dobar batko no nikako ne uspevam.Se trudam da ne go karam no ponekogas znae da pretera navistina mnogu i ke go iskaram a toj ke si sleze dolu kaj baba mu i dedo mu i ke se kaci duri za spienje.Vo nekolku navrati mi ima kazano deka ne go saka brat mu i da si go odneseme onamu od kaj sto sme go donele.Situacijata stana nepodnosliva zal mi e za pogolemiot sin nema potreba da mu viknes dovolno e samo da mu reces nemoj taka i toj vednas gi nasolzuva ocite i sleguva dolu.Sega e situacijata takva kolku sto bevme bliski sega sme tolku dalecni.Znae ponekogas da mi rece deka me saka no toa e se poretko.Gledam da mu posvetuvam mnogu vnimanie onolku kolku sto mozam no povtorno istoto.Isto taka stana mnogu agresiven pocna da se tepa po site a bese mnogu mirno dete pred toa.Pomognete navistina ne znam sto da pravam veke.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Пед.Наташа Ристеска)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
14.12.2013 10:27:12   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Драга Defne90,
Љубомората према новиот член на семејството од поголемото дете е нормална појава, кај некого е повеќе изразена кај некого помалку, но таа постои. Воедно различни деца различно ја искажуваат. Тоа зависи и од самото дете дали е екстровертно или интровертно, но исто така зависи од возраста. Возраста од 2 години колку што имало Вашето поголемо синче кога сте добиле нов член на семејството е возраст кога децата најмногу покажуваат љубомора, прво затоа што децата до кај 3-4 години се егоцентрични, што би значело дека тие си се центар на светот и не им е потребно друштво и немаат потреба да почитуваат некои правила или прифаќаат личности за да се социјализираат. После 4 години децата веќе имаат потреба од друштво и социјализација, и тогаш се љубоморни но поради моментот на социјализација, почнуваат да ги почитуваат правилата за да бидат прифатени од околината, а со тоа и го менуваат начинот на искажување на чувставата, а со тоа и на љубомората. Но што конкретно може да се направи во текот на овој период:
Прво, можете да му дадете на Вашето поголемо синче улога на Ваш асистент во извршувањето на домашните работи, посебно активности околу помалото братче. Пример кога го преслекувате нека ви ги додаде пелените, кога го бањате шампончето, кога го храните и сл. Секое дете сака да се чувствува поголемо од она што всушност е. На овој начин му кажувате дека вам ви е потребен, дека му е потребен на неговото братче, му ја зголемувате самодовербата. Секогаш пофалете го кога ќе Ви помогне, ставете ја неговата улога на помошник на пиедестал, нека се чувствува убаво во таа улога, самото пријатно чувство ќе го потиснува негативното т.е. преголемата љубомора, а ќе створите и блискост со братчето.
Второ, секој ден определете време кога со него ќе играте или правите работи кои тој многу ги сака. Тогаш целосно посветете му се него. Нека почувствува дека во тие моменти само тој ви е важен и ништо друго. Останете доследни во оваа активност, не одложувајте и не прескокнувајте. Со тек на време тој ќе ја увиди Вашата посветеност кон него.
Трето, колку што можам да заклучам, во Вашата блиска околина се и баба и дедо. Тоа е исто важен момент. Треба да воспоставите таканаречен Заеднички фронт. Тоа подразбира дека ставовите кои ги застапувате по сите прашања од воспитувањето, посебно за конкретниот случај да бидат исти, барем кога ги искажувате пред него. Он бара заштита, бара оправдување на неговите чувства, но доколку суптилно сите му ставите до знаење дека имате исто мислење и исто се однесувате према него, ќе биде со тек на време полесно и за него и за Вас.
Знам дека е тешко понекогаш да се воздржите и да не го искарате. Но Вие сте родителот во случајот, Вие сте возрасниот и прво Вие морате да имате самоконтрола во однесувањето. Кога зборуваме за "карање", треба да му се даде до знаење кои активности не ви се допаѓаат и не сакате да се повторуваат, но тоа не го правите со повишен тон или напаѓајќи ја неговата личност. Смирено и аргументирано објаснете и критикувајте ја активноста на детето, а не самото дете. Еве ќе пробам еден пример да ви дадам. Доколку го удри помалото братче, немојте да му кажете ти си лош, или било каква друга етикета за неговата личност. Кажете му дека не ви се допаѓа и дека не е убаво да го тепа помалото братче, затоа што може да го повреди и сл. Прашајте го како он би се чувствувал доколку некој го удри и сл.
Искажувајте ги позитивните чувства, љубовта и вербално и невербално, во сите дадени моменти и не само према него туку и према помалото братче, создавајте позитивна енергија во домот каде тој ќе се чувствува пријатно и ќе сака да биде присутен. Треба истрајност, доследност, воопшто нема да е лесно, но не смеете да се преоптоварувате и од вас да зрачи негативна енергија и претпоставувам нервоза поради настанатата ситуација.
Поздрав и се најдобро user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
14.12.2013 13:25:57   
niki
Odlicna ideja da strucnite soveti na forumcevo se zbogatat so uste edna oblast, taka bitna za nas roditelite.
Toplo dobredojde i prijatna druzba so nas i posakuvam na pedagog Natasa Risteska, mene mi dojde ko poracana:-)

Mene dilemata mi e kako decata da gi prilagodime na ucilisnite obvrski.
Kerka mi e prvo oddelenie, saka da odi na uciliste, si gi saka ucitelkite i drugarcinjata, tamu e primerno ucenice, dosega ne sme dobile nikakvi poplaki vo vrska so nea, go sovladuva materijalot bez problem i napredokot e vidliv...
problem nastanuva doma koga treba da se vezba citanje i pisuvanje, taa si e seuste vo detskiot film da si igra do beskonecnost i ako ne bide potset_ena nema da sedne da uci, no i potset_uvanje ne e dovolno vo najgolem broj slucai bidejki togas pocnuva so pregovaranje aj poposle, aj za deset_ minuti, aj ova da zavrsam i taka do beskonecnost... nekogas mislam deka celoto vreme popladne ni pominuva vo dogovaranje koga ke sedne da vezba i cita i ponekogas duri i koga ke se natokmi toa e so milion prekini zaradi toa sto se togas ke i tekne nesto da potprasa, da napravi, da pojde vo WC da pie voda, se se samo da se odolgovleci ucenjeto. Pritoa da napomenam deka materijata sto bi trebalo da ja provezba doma (ova po sovet na ucitelkata) ne e voopso nit obemna nit opsirna i najmnogu vreme sto bi potrosila ako se skoncentrira bi bilo 20 do 30 minuti. Ona sto ne mi uspeva e da i doblizam i pretstavam deka toj polovina cas e prioritet vo denot i deka ako istiot se izraboti onaka kako sto treba bez nateganje ne bi bil precka za podocna da se zanimava so slobodnite aktivnosti koi i pricinuvaat zadovolstvo. Probavme so odreduvanje na vreme koga ke se raboti, no ne uspevame da ostaneme dosledni na toa zaradi denovite vo koi ima vonskolski aktivnosti popladneto, ednostavno tie tri dena imaat poinakva dinamika i togas ima poveke motiv i pomalku vreme za manipuliranje pa poinakov i e odnosot, za razlika od drugite denovi.
E sega mene dilemata mi e do kade treba da odi mojata tolerantnost na ovaa sostojba i dali voopsto treba avtoritetno da nastapam za da se zavrsi ona sto mora so ogled na toa deka krajna cel mi e da vo nejze se razbudi inicijativa obvrskive da si gi izvrsuva sama a ne pod prisila i zatoa sto jas ja forsiram.
Odnapred blagodaram.
Pozdrav

< Поракaта ја уредил niki -- 14.12.2013 13:39:48 >

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Пед.Наташа Ристеска)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
16.12.2013 14:16:18   
AneLav RR
Прво би сакала да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде на РР.
Сега моето прашањеuser posted image
Јас имам близначиња момче и девојче на 18месеци. Мене ме интересира некој совет или да ми препорачате литература за воспитување на близнаци. Знам дека и тие се посебни индивидуи и нивното воспитување треба да се води во таа насока, но сепак тие се постојано заедно значи уште и пред самото раѓање па и потоа се бараат еден со друг. Се им правам во исто време и рутината им е иста, еднаш дури имав ситуација кога керкичката се разбуди прва и се обидов на неа да и дадам млеко не сакаше да го пие додека брат и не се разбуди и не легна до неа заедно да го пијат. А по карактер се сосема различни , таа е посамостална и знае сама да си се заигра, а тој е повеќе приврзан за мене и е многу почувствителен од неа. Има проблем и окулу нивната игра кога таа ќе се заигра и ако тој ја примети нејзината игра доаѓа и и ги зема играчките таа почнува да плаче и почнува да го тепа. Нешто за што него го карам да не го прави, таа го прави и обратно. А таа е многу голема лутка, кога ќе се налути едвај се смирува, а тој се лути плаче ме гушка и престанува. Значи сосема емоционално и карактерно се разликуваат. Значи ми треба повеќе од совет окулу нивното воспитување, литература или нешто слично.
Однапред ви благодарам и поздравuser posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
16.12.2013 15:44:03   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Odlicna ideja da strucnite soveti na forumcevo se zbogatat so uste edna oblast, taka bitna za nas roditelite.
Toplo dobredojde i prijatna druzba so nas i posakuvam na pedagog Natasa Risteska, mene mi dojde ko poracana:-)

Mene dilemata mi e kako decata da gi prilagodime na ucilisnite obvrski.
Kerka mi e prvo oddelenie, saka da odi na uciliste, si gi saka ucitelkite i drugarcinjata, tamu e primerno ucenice, dosega ne sme dobile nikakvi poplaki vo vrska so nea, go sovladuva materijalot bez problem i napredokot e vidliv...
problem nastanuva doma koga treba da se vezba citanje i pisuvanje, taa si e seuste vo detskiot film da si igra do beskonecnost i ako ne bide potset_ena nema da sedne da uci, no i potset_uvanje ne e dovolno vo najgolem broj slucai bidejki togas pocnuva so pregovaranje aj poposle, aj za deset_ minuti, aj ova da zavrsam i taka do beskonecnost... nekogas mislam deka celoto vreme popladne ni pominuva vo dogovaranje koga ke sedne da vezba i cita i ponekogas duri i koga ke se natokmi toa e so milion prekini zaradi toa sto se togas ke i tekne nesto da potprasa, da napravi, da pojde vo WC da pie voda, se se samo da se odolgovleci ucenjeto. Pritoa da napomenam deka materijata sto bi trebalo da ja provezba doma (ova po sovet na ucitelkata) ne e voopso nit obemna nit opsirna i najmnogu vreme sto bi potrosila ako se skoncentrira bi bilo 20 do 30 minuti. Ona sto ne mi uspeva e da i doblizam i pretstavam deka toj polovina cas e prioritet vo denot i deka ako istiot se izraboti onaka kako sto treba bez nateganje ne bi bil precka za podocna da se zanimava so slobodnite aktivnosti koi i pricinuvaat zadovolstvo. Probavme so odreduvanje na vreme koga ke se raboti, no ne uspevame da ostaneme dosledni na toa zaradi denovite vo koi ima vonskolski aktivnosti popladneto, ednostavno tie tri dena imaat poinakva dinamika i togas ima poveke motiv i pomalku vreme za manipuliranje pa poinakov i e odnosot, za razlika od drugite denovi.
E sega mene dilemata mi e do kade treba da odi mojata tolerantnost na ovaa sostojba i dali voopsto treba avtoritetno da nastapam za da se zavrsi ona sto mora so ogled na toa deka krajna cel mi e da vo nejze se razbudi inicijativa obvrskive da si gi izvrsuva sama a ne pod prisila i zatoa sto jas ja forsiram.
Odnapred blagodaram.
Pozdrav

Драга Ники,
првите училишни години, колку е важно да се совлада наставниот материјал, да се стекнат знаења, толку е важно и создавањето на работни навики (ако не и поважно) затоа што тоа што ќе се изгради како работна навика или став према обврските ќе остане трајно.
Јас не би зборувала за толерантност или авторитарност во случајов и генерално во воспитувањето на децата. Во секој случај треба да бидеме трпеливи и доследни во нашите постапки, но и да не отстапуваме од она што ќе го договориме. Е токму тоа е важно, дооворот со детето. Како и за се, така и во овој случај мое размислување е дека треба да се седне со детето да се направи договор, да се донесат заеднички правила кои ќе се почитуваат, во случајов за времето за учење. Тоа значи детето да учествува во процесот на донесување правила, а не да бидат тие наметнати или предложени само од страна на родителот (сепак Вие го водите процесот на договоарање и ненаметливо може да го насочите, за самото дете да даде конструктивни предлози за правила). Кога детето знае дека тоа ги предложило правилата многу повеќе ќе ги почитува. После тоа договорете што ако не се испочитуваат правилата, пошто за секој договор треба да се знае што понатака. Изработете знак -вашето дете со ваша помош ( пр. нешто како сообраќаен знак) на кој ќе биде нацртана книга. Ако не се испочитува времето кога треба да се седне да се учи, нема потреба од вербално потсетување, покажете го знакот - веќе сте се договориле со него што значи покажувањето на знакот. Нареден чекор во заедничкиот договор е што доколку не се испочитува и тој чекор - изработениот знак. Дали ќе се прескокнат забавните активности или нешто друго, таа "казна" исто така заедно ќе ја договорите. Но ќе се договорите и што следува доколку договорот и правилата што заедно сте ги донеле се почитуваат. Исто така направете часовник, но на местото на бројките нацртајте различни активности, дете каде што учи, дете каде што спие , дете каде што јаде, каде што игра. Кога ќе дојде соодветното време пр. за учење поставете ги стрелките на часовникот на таа сликичка, а после неа нека е сликичката со слободнит активности кои следуваат. И ова изработете го заедно и договорете се која сликичка што значи.
Употребете и некоја Ваша креативна идеја за комуникациј со детето. Но што и да направите останете доследни заоа што ако еднаш отстапите дтете ќе знае дека може тоа и да се повтори user posted image . Е тука е тоа што вие го викате толерантност и поставување граници. Кога имате договор нема отстапувањеuser posted image
Со тек на време, дел од овие материјали ќе може да се ослободувате и да останат малку помалку, изградени навики за учење.
Исто е важно кај детето да постои внатрешна мотивација, а не само надворешна (пример некоја награда) за сработеното. Тоа значи детето да ги согледува позитивностите од неговото учење, да учи за себе си, а не за вас или за наградата.
Поздрав и се најдобро

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
18.12.2013 12:36:05   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Прво би сакала да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде на РР.
Сега моето прашањеuser posted image
Јас имам близначиња момче и девојче на 18месеци. Мене ме интересира некој совет или да ми препорачате литература за воспитување на близнаци. Знам дека и тие се посебни индивидуи и нивното воспитување треба да се води во таа насока, но сепак тие се постојано заедно значи уште и пред самото раѓање па и потоа се бараат еден со друг. Се им правам во исто време и рутината им е иста, еднаш дури имав ситуација кога керкичката се разбуди прва и се обидов на неа да и дадам млеко не сакаше да го пие додека брат и не се разбуди и не легна до неа заедно да го пијат. А по карактер се сосема различни , таа е посамостална и знае сама да си се заигра, а тој е повеќе приврзан за мене и е многу почувствителен од неа. Има проблем и окулу нивната игра кога таа ќе се заигра и ако тој ја примети нејзината игра доаѓа и и ги зема играчките таа почнува да плаче и почнува да го тепа. Нешто за што него го карам да не го прави, таа го прави и обратно. А таа е многу голема лутка, кога ќе се налути едвај се смирува, а тој се лути плаче ме гушка и престанува. Значи сосема емоционално и карактерно се разликуваат. Значи ми треба повеќе од совет окулу нивното воспитување, литература или нешто слично.
Однапред ви благодарам и поздравuser posted image

Драга AneLav RR,
Како што и самата кажуваш тие се две различни индивидуи, без разлика што се растени во иста средина, во исти услови. Сеуште трае научната дискусија колку од карактерот на детето се должи на гените, а колку на воспитувањето. Има истражувања кои го пропагираат наследството и истражувања кои препишуваат се на воспитувањето. Близнаците се најкарактеристичен пример дека влијание има и едното и другото.
И да имаат сличен карактер и однесување (а во Вашиот случај тоа и не е така) една од главните насоки во воспитувањето на децата е никогаш да не се споредуваат, а уште помалку тоа гласно да им се каже, како на пример некои изреки кои ние родителите често знаеме да ги кажеме, "види брат ти колку е умен, види сестра ти колку е вредна и сл." Верувам дека во ситуација со две близначиња ова често ќе Ви падне на памет да го кажете но со тоа можете само да им ја разнишате самодовоербата и да створите меѓусебна нетрпеливоост.

Ситуациите што ги спомнувате околу играњето и играчките се случуваат скоро секогаш со деца на предшколска возраст. И да има 100 играчки ако едно од дечињата одбере една од нив и другото после тоа ќе се фати за неаuser posted image . Тоа е моментот кога децата треба да се воведуваат во споделување иако во овој период тоа потешко ќе оди поради егоцентричноста како карактеристика на оваа возраст, но од друга страна за разлика од тоа кога има деца на различна возраст или кога е едно дете само, оваа позитивна карактерна особина кај вашите дечиња природно и многу полесно ќе ја изградат.

Околу воспитувањето како што напоменав и погоре имајте на ум дека секое дете е посебно и треба да се поттикнува соодветно на него. Кај екстровертните и интровертните деца различно влијание имаат казната и пофалбата. Кај екстровертните повеќе ефекти дава казната, а кај интровертните пофалбата. Но ова не треба да се сфати здраво за готово. Секоја казна и секоја пофалба треба да е соодветна на одредена постапка и да не се случи едното да е секогаш казнето, а другото секогаш наградено.

Кога комуницирате и одредувате правила (што треба , а што не треба да се прави) комуницирајте заедно со двајцата, значи правилата на однесување треба да се однесуваат на сите во семејството , како за едното така и за другото детенце, но и за родителите. Иако се сеуште мали за да прифаќаат правила на однесување (тоа ќе почнат да го прават кога ќе излезат од период за кој е карактеристична егоцентричноста 3-4 години, и имаат потреба од дружење, па го прифаќаат социјалниот момент) воспитуавњето на детето започнува од неговото раѓање.

Насоките што ги напоменав погоре се однесуваат на воспитување на секое дете, а со тоа соодветно и на Вашите две ангелчиња и мислам дека не треба да се преоптоварувате дали постои посебна теорија за воспитување на близначиња. Перцепирајте ги како што и тоа го правите, како посебни индивидуи, не ги споредувајте, одредувајте исти правила за двајцата, а на нивното однесување регаирајте соодветно на секого посебно. Поттикнувајте ги и стимулирајте ги во оној правец за кој тие покажуваат интерес, а тоа сигурно ќе биде различен во многу случаеви. Колку и да ви изгледа потешко воспитувањето на две дечиња оддендаш, тоа истото има и многу предности. Следете ги Вашите деца и уживајте во нивниот развој и секојдневните активности.
Поздрав и се најдобро user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
19.12.2013 10:47:55   
gogo2011
Поздрав до педагогот
Имам едно прашање,моето синче има 2год.и 4месеци.Имаме проблеми со доцното заспивање.Оди во градинка,таму учителките велат дека редовно си спие секој ден.Но проблемот е во неговото многу касно заспивање,после полноќ.Значи пробувам да го заспијам порано ,околу 21ч.но без резултат,Значи не е кенкав,не е нервозен,расположен си е за играње,си гледа цртани,пробувам да му читам приказни но не го интересира си се понаша као да е сред бел ден,едноставно никако не можам да го заспијам порано.
Ве молам за совет,кажете ми каде грешам,дури се чудам одкаде има толку енергија,како не е уморен,како не му се спие, не ми е јасно?!Го будиме рано за во градинка,таму спие макс.2ч и толку доцна навечер останува,навистина ми е проблем
Поздрав

(Одговор на членот Пед.Наташа Ристеска)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
19.12.2013 23:44:50   
masa
Mojata kerka,ke polni 4,pocna da izmisluva i da laze.Mnogu e temperamentna,kreativna,koga ke se zaigra sama si izmisluva i zboruva i toa mislam deka e vo red.No pocna da zboruva za raboti sto ne se slucile kako da se slucile i laze i za najocigledni i sekojdnevni raboti.Koga ke ja iskaram zosto laze se nervira,a ponekogas i ke se rasplace.Eve primer- obleci gi toplinkite,taa- gi oblekov,a ne gi nosi i negoduva.Ili jadese li,taa-da,a jadenjeto stoi.Ili ako ja prasam dali bila nekade odgovora deka ne bila,a bila i obratno kazuva deka bila nekade kade nebila.Ova se slucuva podolgo vreme,a sega otkako se porodiv,pred mesec ipol,i dopolnitelno go smeni odnesuvanjeto.Site se trudime,osobeno babite,da ne se pocuvstvuva zapostavena,no jas neznam kako da postapam koga treba da bide bebeto prioritet.

(Одговор на членот gogo2011)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
21.12.2013 9:40:23   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: gogo2011

Поздрав до педагогот
Имам едно прашање,моето синче има 2год.и 4месеци.Имаме проблеми со доцното заспивање.Оди во градинка,таму учителките велат дека редовно си спие секој ден.Но проблемот е во неговото многу касно заспивање,после полноќ.Значи пробувам да го заспијам порано ,околу 21ч.но без резултат,Значи не е кенкав,не е нервозен,расположен си е за играње,си гледа цртани,пробувам да му читам приказни но не го интересира си се понаша као да е сред бел ден,едноставно никако не можам да го заспијам порано.
Ве молам за совет,кажете ми каде грешам,дури се чудам одкаде има толку енергија,како не е уморен,како не му се спие, не ми е јасно?!Го будиме рано за во градинка,таму спие макс.2ч и толку доцна навечер останува,навистина ми е проблем
Поздрав

Драга gogo2011,
Полесно е да се изгради нова навика, отколку да се смени старатаuser posted image
А во однос на енергијата што ја има Вашето синче, на кратко ќе споделам едно интересно истражување, можеби веќе сте го чуле. Имено, на еден врвен атлетичар му е дадена задача цел ден да ги прави сите активности како едно мало дете, потполно истите да ги повторува. Врвниот атлетичар не успеал да издржи user posted image . Мислам дека е јасна пораката со ова околу енергијата која ја имаат малите дечиња.
Конкретно за Вашиот случај всушност треба да се искорени една навика која детето на овој или оној начин ја изградило - доцното запсивање и на нејзино место да се изгради новата. Верувам дека сте пробале се, но еве некој мој предлог кој можеби не сте го примениле и можеби ќе Ви помогне. Пробајте во периодот пред записвање(19-20 часот) да имате активности кои би го замориле Вашето дете, значи некои физички активности, трчање, скокање, игри кои побаруваат поголема енергија, прошетки надвор. После тоа креирајте една рутина пред заспивање и амбиент дома, тивко, со намалена светлина, посмирени активности не само за него туку и на останатите членови на семејството. Вие најдобро знаете кои активности го смируваат Вашето дете. Можеби нежно гушкање, тивко говорење, шепотење и сл. И секако промената на навиката нема да се случи за еден или два дена, потребно ќе е подолго време, можеби еден месец, можеби и повеќе, но не се откажувајте со тоа што ќе го воведете како начин. Вие себе си прашајте се колку време Вам ви треба да промените некоја навика. Дали Вие Вашите навики би можело да ги смените за кратко време? Така да кога ќе започнете една рутина морате да бидете упорни додека не даде резултати, не се обесхрабрувајте и ако трае подолго, резултат на крајот секако дека ќе има.
Поздрав и се најдобро user posted image

(Одговор на членот gogo2011)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
28.12.2013 9:03:05   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Mojata kerka,ke polni 4,pocna da izmisluva i da laze.Mnogu e temperamentna,kreativna,koga ke se zaigra sama si izmisluva i zboruva i toa mislam deka e vo red.No pocna da zboruva za raboti sto ne se slucile kako da se slucile i laze i za najocigledni i sekojdnevni raboti.Koga ke ja iskaram zosto laze se nervira,a ponekogas i ke se rasplace.Eve primer- obleci gi toplinkite,taa- gi oblekov,a ne gi nosi i negoduva.Ili jadese li,taa-da,a jadenjeto stoi.Ili ako ja prasam dali bila nekade odgovora deka ne bila,a bila i obratno kazuva deka bila nekade kade nebila.Ova se slucuva podolgo vreme,a sega otkako se porodiv,pred mesec ipol,i dopolnitelno go smeni odnesuvanjeto.Site se trudime,osobeno babite,da ne se pocuvstvuva zapostavena,no jas neznam kako da postapam koga treba da bide bebeto prioritet.

Драга masa,
Најпрво да ти се извинам за задоцнетиот одговор.
Потполно се слогласувам со твојата констатација дека е во ред за нејзина возраст однесувањето што го опишуваш во првата реченица. Во однос на лажењето и тоа не е појава која треба премногу да те загрижува, но сепак треба да ја насочиш тоа понатака да не се повторува т.е да не се поттикнува нејзиното такво однесување.
Како прво кога ќе каже лага немој да реагираш бурно или на начин кој не е својствен за тебе во секојдневната комуникација. Можеш тие моменти да ги изигнорираш или едноставно да и кажеш, јас гледам дека топлинките не ти се на ноџињата. На тој начин не и го поддржуваш однесувањето, а и со тоа ќе согледа дека не привлекува внимание. Една од причините што го прави тоа е привлекувањето на внимание, посебно сега кога имате нов член на семејството.
Второ употреби "Јас говор", потенцирајќи ја активноста која не ти се допаѓа, како на пример: "Јас (или мама) не се чувствувам убаво кога некој кажува лага. Многу ќе сум среќна ако секогаш ми ја кажуваш вистинатa"
Одреди период во денот кога можеш да и се посветиш потполно неа. Тогаш двете фантазирајте, измислувајте, но претходно договорете се дека само во тој период може да кажувате "лаги". Кога ќе заврши играта договорот е дека ја кажувате само вистината.
И во однос на запоставувањето и бабите :) Верувам дека сите Вие го правите најдоброто за неа, но мислам дека бабите не можат да и ја дополнат потребата од Вас. Така да она ќе си има време и со бабите, но Вашето време што и припаѓа неа, дајте и го Вие user posted image

Поздрав и се најдобро

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
13.4.2014 14:21:41   
pepuska
Почитувана !
Можеби сеуште сме мали но некако ми е важно вашето мислење. имено имаме 17 месеци и нашиот прблем се состои во следното. Ќерками е хиперактивна во прав смисол на зборот на оваа возраст дневн оен седнува ниту цели 5 мин , спиењето се состои во 8-9 часа ноќно спиење и едно дневно спиење до максимум преку сила 2 часа. Нашиот проблем е во следниве неколку ситуации:
И покрај воспоставената рутина пресоблекување млеко и во кревет детето многу тешко заспива некогаш дури се влече по креветот од една страна на друга додека не папса и заспие а некогаш дури се случува да се расплака па ке ја однесма во дневна и се влече по паркетот додека буквално не папса.
Работите кои ги прави а не смее ( на пример отварање на фиока) ги повторува и тогаш кога и викам дека не е убаво тоа да го прави едноставно како да не сака да послуша и не реагира , а додатно е што сеуште не зборува ( таа има свои гласови кои ги изговара но досега правилен збор нема кажано).
Трет момент е менувањето на пелена , топа го правиме дури сосила едноставно не дозволува( вика се врти покушава да побегне плаче) освен ако нема шише во устата и додатен момент што од шише пие вода скоро цел ден едноставно како дае зависна од шишето особено тоа за вода што и е ако и го извадиме од уста почнуваат плачки невидени ( можеби количинатана воданее толку голема околу 1-1,5литро колку што таа постоајно ја држи цуцлата во уста ама само оваа цуцла, иста таква има на шишето со млеко но ова не се случува со тоа шише)
Би ве замолила за малку помош како да реагирам во овие ситуации зашто веќе се чувствувам беспомошно ваквото однесување прво со спиењето се појави на 9 месеци и оттогаш е се потешко и потешко со „нелсушањето “ повеќе би рекле нереагирањето на моите укажувања па дури ни во моментот кога кажувам од кај 11-12 месеци ,а проблемот со менувањена пелената се појав иисто од кај 10 емсеци Фала ви однапред

(Одговор на членот Пед.Наташа Ристеска)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
16.4.2014 14:17:01   
Пед.Наташа Ристеска

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska

Почитувана pepuska,
На твоиве прашања можам да одговорам и како макја на 13 месечно синче и веднаш да ти кажам, твоите зборови како јас да сум ги пишувала user posted image
Како прво, мислам дека станува збор за потемпераментно дете (хиперактивно дете е друга категорија, која ни јас како педагог, но и ние како мајки не смееме да си дозволиме самостојно да ги сврстуваме децата).
Дел од прашањата спаѓаат во доменот во кој можам да ти одговорам, а за дел од нив ќе споделам искуство.
Генерално станува збор за пристапот кој го имаме во однос на однесувањето на наште деца дека тоа според нас не е „соодветно„ однесување и цело време пробуваме да го промениме. Тој пристап треба да го промениме и да го прифатиме таквото однесување на детето, а после да превземаме соодветни чекори. Место априори негативен пристап, кој очигледно не дава резултати, позитивниот пристап и нас ќе не олабави, а сето тоа ќе се пренесе на детето. Ајде да анализираме еден наш ден со децата. Колку пати во денот го употребуваме зборчето НЕ, Не играј со тоа, НЕ фаќај таму, НЕ оди бос и сл. За секое однесување и активност најмалку што може да направиме е да пробаме да го намалиме бројот на реченици каде употребуваме НЕ и да ги замениме со фрази со позитивна контотација.
Отворање на фиоки – кое дете не го прави или не го правело тоа user posted image Децата се љубопитни и ние таа љубопитност треба ја стимулираме, до момент додека не се доведува во ризик или некоја опасна ситуација. Самото тоа што ние му кажуваме на детето дека не смее да го прави за него не значи ништо. Ако му речеме не смееш да ја отвориш фиоката, а не му кажеме зошто останува само на забрана која кај него уште повеќе ја поттикнува љубопитноста. Или пак ако му кажеме аргумент кој не соодветствува на неговото поимање, немој да ја отвориш фиоката ќе растуриш или ќе ја скршиш и нешто слично и тоа за него нема смисла, не ги согледува последиците од тие постапки. Соодветно на возраста различно реагираме и аргументираме. Конкретно за оваа возраст, прифатете дека сака да ги отвора фиоките и не се борите против тоа. Напротив, седнете со него, отворете ја фиоката заедно, разгледајте што има внатре и после тоа насочете го кон друга игровна активност. Што добивате со тоа? Не дека нареден пат нема пак да ги отвора фиоките, сигурно ќе ги отвори. Но Вие сте поминале квалитетно време со детето, сте ја задоволиле неговата љубопитност и продолжувате понатака со други активности. И да, тие активности никогаш нема да завршат, едни ќе згаснуваат, други ќе почнуваат. Доколку некоја активност навистина е опасна и навистина не е соодветна, насочете го на друга игровна активност , свртете му го вниманието понудете му нешто друго. Така детето се развива социоемоционално, когнитивно и физички. И да, напорно е, но како што сум напоменала и погоре, родителството не е лесна работа, но на крај го имате најдобриот резултат и успех од таа Ваша работа.
Во однос на спиењето и пелените, како што кажав и на почетокот, не си сама. Во овој дел ќе го споделам моето искуство како мајка. И јас се соочувам со истиот проблем. Но секогаш се обидувам со различни активности кои не сум сигурна дека баш таа вечер ќе дадат резултат. Но секогаш испробувам нешто. Пример гледање на цртан филм (baby einstein), некогаш помага, некогаш не, возење со количка низ стан, исто, некогаш помага, некогаш не, нишкање, пеење песнички, и се друго креативно што ќе ми падне на памет. На крај нешто ќе успее user posted image И да знам, дека чекаш да заспие затоа што после тоа те чекаат уште еден куп обврски, ама каде што чекале толку ќе почекаат уште малку. И тука е пристапот во прашање. Најчесто си велиме “сега е време за спиење, мораш да спиеш„ , а можеби би требало “ сега е време за спиење ајде да пробаме да заспиеме„. Вашите емоции се префрлаат на детето, ако вие сте напнати и нервозни дека не заспива, тоа го пренесувате и на Вашето дете. Со паролата ајде да пробаме, и Вие ќе се опуштите и сигурна сум дека подобро ќе се чувствувате без разлика дали ќе заспие или не, отколку да се нервирате и чувствувате беспомошни, и на крај резултатот околу заспивањето е ист. И вие и детето сте вознемирени и ненаспани. А пелените – е да треба да легне и да чека да му смените пелени, па може и со полни пелени да си игра доколку ја прашате неа user posted image тоа е губење време, кое може да искористи во играње и правење нешто интересноuser posted image Затоа дадете и нешто интересно да прави додека ја преслекувате, играчка, цуцла, бакнувајте го стомачето и истовремено сменувајте пелена ( вештина што ја можат само мајкитеuser posted image ) и сл.
Почитувана pepuska, се обидов сите мои мисли да “ги ставам на хартија” и не сум сигурна дека во тоа успеав, пошто навистина има многу да се зборува и споделува на оваа тема. Се надевам дека ти ја доловив поента што сакав да ти ја кажам и дека истата барем малку ќе ти помогне. Ако не, барем знаеш дека не само твоето дете се однесува така и сигурна сум дека тоа ќе ти донесе некое олеснување.
Се најдобро,
Наташа user posted image

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
21.12.2014 23:42:13   
vale*
POZDRAV DO PEDAGOGOT
imam sin koj ima 6 god. od septemvri pocnavme vo uciliste. So adaptiranjeto nemavme problem,i so ucenjeto ne.malku e specificen, i osetliv.od neodamna primetivme deka nosi predmeti od uciliste sto ne se negovi.na primer molivce guma ,no i nego mu falea.koga ke go prasavme odgovorot mu bese deka nekoe dete mu go dalo.Arno ama imale nekoja aktivnost i 1 dete donelo nesto od doma ,na sin mi mu se dopadnalo i si go zemal. ucitelkata prasala kaj kogo e on ne kazal, sledel pretres i mu go nasle.se raboti za sitnica ama toa sto zemal ne go opravduva. ne go opravduva ni faktot deka ne ni kaza sto se slucilo na uciliste.bese celo popladne los nervozen,ama za sluckata ni zbor.go izdavase samo faktot dekane sakase da odi na uciliste. isega nas ni kaza nastavnickata.si dojde doma go sovetuvavme ,se os dobro za da ne napravime kontra efekt. i ni veti deka nikogas poveke nema da se povtori.pred nekoj den donese penkalce. civo e go prasavme i veli bato mi go dade .go prasav vnukot on e golem 16 godini ima ne mu go dal.sto da pravime kako da postapime kako da go iskorenime ova. da napomenam deka se mu kupuvame ne e straden za nisto. duri i preteruvame so kupuvanje edinec e i jas mnogu mu popustam . i uste nesto sega mu e nekoj buntoven period nema efekt ni so karanj ,ni so dobro .samo se naucil ti kemikazes.kako da postapime za sovet molam

(Одговор на членот Пед.Наташа Ристеска)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
8.1.2015 21:32:12   
Melanija RR
Почитувана
погоре ги прочитав вашите совети за палавковци од 17 месеци,баш колку што е и мојот малuser posted image Заспивањето не е поголем проблем,менување пелени знае да биде но некако се справувам со токму вашите примери на игра ,играње со цуцла,влажни марамици и сл.user posted image но проблем е некоговата темпераментност која се повеќе неможам да се справам.
Отварања фиоки е најмал проблем но протнување и влечење на корпи ,столови,тамуретки .. при што може да се повреди не престануват.Од кажувања дека баш така паднал ,ја удрил главата.. и да сам вика бам и сл. но пак и пак по 20-30 пати исти па исто и така 3-4 месеци.Многу повторувачки акции има во текот на денот.
Додатно и зимски период ,па дома е постојано.Повремено е во градинка и тогаш е помирен.
Јасно ми е дека се му досадува сите игри и играчки,но често и не прифаќа да игра со друг.Се лути и писка и плаче, а не му удоволувам.И да зборот НЕ е најзастапен.user posted image
Незнам со кој метод едноставно да го скоротам,со која игра или активност да го одвлечам од влечење столици кон игра со коцки?На кој начин тоа НЕ да е нешто друго?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vale*)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
11.5.2015 16:44:47   
marchi
Dobar den. Se obrakjam tuka za da ja prasam G-gja Natasa Risteska Todorovska Potocno da ja zamolam dali moze za mojot problem da i se obratam vo privatna poraka zasto e malku slozen i sum sigurna deka sepak ke mi pomine.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска...
23.11.2017 12:55:54   
leona1
pozdrav.Ne sum Sigurna deka mojot problem e od vasa oblast no ve molam za mislenje.Imam sin 6 god skoro i ima nekoi nevoobicaeni dvizenja na racete a ponekogas i na nozate i mimikata...toa poveke se slucuva koga e izmoren i mu se spie,,,ako mu zboram ke prestane,,,go prasav maticniot mi kaza deka toa se Tiks ideka ne se opasni i ke pominuvat.No ne sum spokojna i se plasam deka ke bide ismejuvan o drugarite a veke e prvace.Ve molam kazete mi kaj da se obratam ili kazete kako da postapam.Blagodaram

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:

Анкета

Najubavo zensko ime
Ki4iko

Koe zensko ime e najubavo?

Lina (17%)

Jana (51%)

Jovana (23%)

Magdalena (9%)

Број на сите гласови: 149

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!