LoveableMe RR
|
"Како музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ се приближува до крајот, продукцијата почна да ги доделува имитациите кои ќе се изведуваат во полуфиналето, поради што Неда Украден направи скандал. Таа направи скандал кога разбра дека во полуфиналето доби да го имитира Павароти, така што почна да беснее и да вика. Исто така се закануваше дека ќе го напушти шоуто ако не и доделат некој секси улога. – Неда извлече во полуфиналето да го имитира оперскиот пејач Павароти. Таа во миг почна да вика, прашуваше дали намерно и даваат машки улоги и така ја саботираат. Велеше дека не сака веќе да биде во машки улоги, и дека и е доста да глуми колеги. Долго време се расправаше со продукцијата, заканувајќи се дека ако не ја сменат улогата, таа ќе го напушти шоуто, а тие нека и објаснуваат на медиумите и на публиката зошто тоа се случило. Викаше: Не сакам бре веќе да бидам Шабан, Павароти, сакам да бидам, на пример Мадона. Баш беше лута. Остави продуцентите да размислат и да видат што ќе направат во врска со тоа – рече добро известен извор. Ова не и е прв пат на Неда да се буни околу имитацијата, веќе еднаш направи скандал кога требаше заедно со Иван Јевтовиќ да се најде во улога на Аца Лукас и Ивана Селаков." ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR .... а најмногу ме изнервираа Јелена и Неда, се бунеа што се мажи, протестираа, па добро бре за што се пријавиле на шоуто само разголени пејачки да бидат и да мешаат? Неда особено ме разочара, зошто сака само престегната да се покажува, да меша и само комплименти да и делат, друго не ја интересира.... Ете ова ми се потврди од претходно за неа, крајно непрофесионално, па не може само да меша и да се разголува, сите прифатија разни улога само таа не може? Бре! Ај да ги видиме другиве како ќе настапат, минатата емисија беше супер, повеќето беа добри убаво подготвени навистина, наша Елена даде се од себе за Оливер, нормално колку може, Бане беше супер во Зона, Оки стандардно будалест како и секогаш, оваа беше опасна Јелена со акробациите што ги направи секоја чест, а и другите не беа лоши. Утре нова епизода!
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
|