|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Транзиторен синовит-минливо воспаление на колкот
15.6.2012 12:39:37   
vezilka RR
Пишав некаде на форумот дека Никола пред две недели падна и после тоа некако имав чувство дека малку ми накривува. Никој не приметуваше и ми викаа, дека се исплашил и затоа така прави. Арно ама мене место не ме држеше и си закажав на ортопед. Ни поставија дијагноза Транзиторен синовит (Synovitis transitioria coxae sin.). Ни кажа дека е можно да е последица од повреда, но многу поверојатно е да е последица од вирусна инфекција, а ние имавме и тоа и тоа и сега не знаеме од што е. Нешто многу не ни објасни, ни рече само дека не е страшно, и очекува да нема последици, ни даде Brufen, 5 дена по еднаш и толку. Вчера и јас немам никакви сомнежи, ама кога денес седнав да прочепкам малку, и кога зачитав, не сум така спокојна.. Пишува дека и некои други болести имаат слични почетни симтоми, некои алергиски конституции, Петерсонова болест или јувенален ревматски артритис. Ова ме загрижи, бидејќи ревматскиот артритис е наследен а најверојатно јас и мајка ми го имаме. И плус и Никола сабајле кога ќе стане има утринска вкочанетост на зглобчињата на ноџињата. Може забегав, ама ме пречека ситуацијава..не бев спремна!
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
15.6.2012 12:48:25   
vezilka RR
Еве што пронајдов на нет..

МИНЛИВО ВОСПАЛЕНИЕ НА КОЛКОТ - БОЛЕСТ ИЛИ СОСТОЈБА?

Паника во семејството! Детето одеднаш накривува, се жали на болка во предел на надколеницата или коленото и одбива да стапне на ногата. Честа појава особено во последниве години. Најчесто станува збор за транзиторен излив во колкот - состојба која ги збунува не само родителите туку и лекарите.
Што е транзиторен синовит?
Тој претставува состојба на колкот при што се создава зголемена количина на зглобна течност која, од своја страна, создава зголемен притисок во зглобот, напнување на зглобната капсула и болка. Болката е често спонтана, но особено се зголемува при газење и одење - при оптоварување.
Зошто настанува и што го предизвикува?
Ваквата состојба на колкот најчесто е предизвикана како реакција на некоја инфекција, најчесто горно респираторна. Инфекцијата може да биде бактериска, кога реакцијата на колкот се јавува како резултат на бактериската инфекција на горните дишни патишта, или пак како резултат на делувањето на бактериските токсини. Инфекцијата некогаш може да биде и на друго место -
уринарен тракт или кожа и сл. Многу почесто, особено во последниов период, изливот во колкот се јавува како резултат на вирусна инфекција. Бројот на вирусните инфекции е се поголем, посебно кај редучилишната и училишната популација. Покрај тоа мутациите на вирусите често пати се презентираат со необични манифестации како што е и изливот на колкот. Синовитот може да биде и во склоп на една алергична конституција, кај деца кои имаат алергиски ринити, астма и сл.
Како се открива?
Транзиторниот коксит е состојба која ги зафаќа меките структури на колкот. Токму заради тоа, покрај клиничкиот преглед кој укажува на засегнатост на колкот, суверена метода на негово дијагностицирање е ултрасонографија на колкот. Ултрасонографијата го визуализира изливот, ја потврдува дијагнозата и го следи лекувањето, бидејки количината на течноста во колкот може да се мери. При тоа, методата е безопасна бидејќи нема зрачење на детето. РТГ снимката е помалку информативна за оваа состојба на колкот.
Покрај клиничкиот и ултрасонографскиот преглед, со кои се потврдува дијагнозата, неопходни се и лабораториски иследувања кои имаат за цел да исклучат постоење на посериозна бактериска инфекција и потреба од поагресивна терапија.
Кои други болести може да имаат сличен почеток?
Излив во колкот може да се јави и при други, многу сериозни болести. Мора да ги споменеме бактериските воспаленија на колкот, болеста на Пертес (кога исхраната на бутната коска е компромитирана), рематските заболувања и сл. Сите овие состојби бараат подлабоки дијагностички иследувања и имаат различен третман.
Како се лекува?
Стандардниот транзиторен синовит се лекува пред се со мирување и што помало оптоварување на колкот, заштита со антибиотик со широк спектар и употреба на антиревматик кој има за цел да ја забрза ресорпцијата на течноста. Мирувањето е многу значајно бидејќи стоњето и газењето на ногата прави екстремно оптоварување на колкот, во услови на и онака зголемен притисок во колкот, и можност за појава на сериозни компликации во циркулацијата и исхраната на зглобот кои може да доведат до трајни последици. За срека, овие состојби се многу ретки.Многу е важно да се следи состојбата на изливот и детето да се поштеди од трчање и скокање уште 2-3 недели по комплетното нормализирање на состојбата.
Дали синовитит се повторува?
Транзторниот синовит може да се повтори при некоја наредна вироза или инфекција. Неговото повторување треба да се следи сериозно за да не се пропушти некое посериозно заболување на колкот. Доколку нема знаци за сериозни промени, тој треба да се разбере како 2карактеристика на конституцијата на детето и негов начин на реагирање на агенсите на кои е изложено. Секако, транзиторниот синовит не треба да биде причина за паника во семејството, но не треба ни да се потцени туку активно да се следи и благовремено да се лекува.

Извор: ПЗУ Ре-Медика, Прим. Д-р Иванка Стефановска, M.Sc., ортопед

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
20.6.2012 22:05:41   
mila mama
Везилка не знам како паднал Никола, на страна, нанапред или? Би те советувала да не паничиш. На колку години сте? Вие веќе сте биле на преглед. Ревматскиот артристис се дијагностицира по неколку критерии не е само вкочанетост, тука се и крвни испитувања и други работи. Болеста на Пертес се дијагностицира и со рентген. Правевте ли ехо? не се секирај сигурно ортопедот правилно проценил и најверојатно е од падот, не е ништо страшно.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
21.6.2012 12:08:41   
vezilka RR
Леле знам јас сето тоа, ама кога се однесува на здравјето на детето малку претерувам (и јас не сакам ама таква сум). Мене ме замисли дека тој ми рече дека може да е од падот, а јас секаде на нет што прочитав пишуваше дека се добива од вирусна инфекција. Во дилема сум дали да му верувам на ортопедот или да го однесам и на другиве испитувања. За петерсон знам дека треба повеќе пати да се повтори ова за да се испита. А за ревматскиот артритис ми е страв оти знам дека е наследен а го имаме и јас и мајка ми. И се најдов во недоумица. Никола сега е добар, повеќе не накривува па се надевам дека навистина било само транзиторен синовит. ЈАс секако планирам да го однесам и на деуг ортопед наредната недела.

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
3.3.2015 14:42:43   
mommy_angels RR
Еве ме и мене во иста ситуација како и Везлка.Од неделата наутро ќерка ми се жали на болка во колкот и накривнува.Денес ја однесов на ортопед и ни ја постави оваа дијагноза.Е сега тој рече ако не помине за една недела ќе мора да правиме дополнителни испитувања user posted image Како и секоја мајка и јас не помислувам на најдоброто ,туку ми се вртат низ глава сите најлоши исходи и се чудам каде да ја носам и што да правам

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
5.3.2015 14:42:20   
vezilka RR
Ви даде ли нешто да пиете? Мами ова е вирус и треба да помине за некое време. Ние пиевме некое сирупче ама сега не ми текнува кое. И после тоа нИмола накривуваше некое време, и откако престана да го боли, така од страв, или навика.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Транзиторен синовит-минливо воспаление на...
5.3.2015 22:33:27   
lukajana RR
Мене Лука кога ми имаше година ипол стана од спиење и почна да криви со едното ноџе и плаче не сака да оди,за мм тоа беше шок зашто и свекор ми и свекрва ми кривеле цел живот,сигурно триста филма му поминаа низ глава.Го спреми детето и на клиника детска кај ортопед само се јави на докторот и одма го прегледаа му земаа крв и дијагнозата иста како вашата вика минлива е ке помине,од терапија даде само сируп Ибупрофен и за два дена му помина,а нас ни падна камен од срцето.После читав дека е честа појава ама стравот на родителот за своето дете е огромен и во такви моменти гледам колку сме паничари со мм .Мами ке и помине не се секирај ,ви дадоа ли нешто да пиете за болка?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?