|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Приватни Училишта
4.10.2014 18:54:03   
Dilina
Инспирирана од работата на маж ми и од тоа колку се во можност родителите да ги праќаат своите деца на приватни часови, било јазик, некој спорт, музика итн. ја отварам оваа тема малце да подискутираме околу приватните школи во Македонија и условите во нив. Колку се плаќа а колку се добива? Дали е доволно само основното училиште или би се одлучиле за дополнителни часови. Дали верувате дека од дополнителните часови детето ќе стекне доволно (зависно од тоа колку се во неделата). Дали мислите дека е корисно или тотално непотребна работа.
Јас имам посетено неколку приватни школи во Скопје и можам да заклучам дека во не секое училиште има услови, а родителите плаќаат високи суми за наставата и знаењето што го добиваат децата. Но сепак битна е наставата. Кога би биле во можност јас би се нафатила мојата ќерка да ја носам на дополнителни часови во зависност кон тоа што таа ќе се стреми. Јас живеев во мало место а многу сакав да посетувам настава по класичен балет, да свирам на виолина итн... но немаше каде.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Приватни Училишта
18.10.2014 23:40:15   
mamicki
Секако дека на детето треба да му се овозможи да оди на дополнителни часови и тоа за оние работи во врска со кои покажува екстра интерес или пак таму каде што има потешкотии. Но, тоа мора да е доброволно, бидејќи може да даде и спротивен ефект. Всушност, нема полоша порака од таа што амбициозен родител кој не успева да го прифати своето дете такво какво што е, му ја испраќа со такво форсирање. Небаре му вели- ако не си таков и таков, не си доволно добар. Соодветно е да му помогне човек на детето да си го најде својот пат, кој не мора да биде послан со петки во училиште. Доволно е да се следи какви афинитети покажува и да се насочува во тој правец, односно да се поддржи детето да биде успешно таму каде што тоа сака и може, а не таму каде што родителот смета дека треба.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Приватни Училишта
19.10.2014 10:39:29   
tincule
Јас сум за детето да се занимава со некоја додатна активност вон школо. Меѓутоа би го запишала на нешто што него го интересира а не она што јас би сакала да биде или со нешто што јас би сакала тоа да се занимава. ЈАс на пример идев на карате, на гимнастика, латино танци, пливање, играорна, и можам да кажам дека бев посамостална, стекнав дисциплина, одговорност и се забавував, запознав полно пријатели. За дете е убаво доколку родителите имаат можност и можат да си го дозволат тоа се разбира. Плус ако имам темпераментно дете полно енергија убаво би било да се занимава со некој спорт да ја исфрла таа енергија од себе, за да бидеш раат по дома user posted image user posted image Друго, дополнителни часови за учење као детето не разбира па ќе давам пари за дополнителни часови да може да го помине овој или оној предмет не се сложувам зашто тоа си е работа на наставничката ако моето дете имало потешкотии во разбирање тоа си е нејзина грешка нека се потруди и нека му обрне повеќе внимание, па после и со мене дома. А да давам пари плус зашто некој не си ја врши работата или зашто моето дете не слуша на час тоа мало морген. Или него ќе го стегнам или со наставничката ќе разговарам. Само она што малку ме кочи е што многу се високи (на некои места) цените за месечна чланарина, некаде стигнуваат и до 2000 денари месечно, што не секој може да си дозволи.


< Поракaта ја уредил tincule -- 19.10.2014 10:40:47 >

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Приватни Училишта
23.10.2014 20:53:50   
Annabel
Аκо на моето дете му тρеба помош на пρимеρ од хемија, а јас не знам да му објаснам нема да спијам на тоа уво деκа наставниκот по хемија ќе се истепа да му обρне повеќе внимание на моето дете. И да ги остави на дополнителна паκ ќе бидат неκолκу деца. Аκо сум во можност ќе си платам пρиватен индивидуален час.

Моето дете е втоρаче и сега засега сама си учи, нема потρеба од помош зашто пρогρамата не е нешто тешκа и воглавно сама ја совладува, а аκо и тρеба помош јас сум туκа, не би плаќала пρиватни часови зашто ова и јас го знам. Единствено саκаше да оди на англисκи додеκа е во дневен зашто си се еκипа од одделение, па и уплатив во пρиватното шκоло што доаѓа во нашето училиште.

За слободни аκтивности - сеуште е во фаза на истρажување, но јас го поддρжувам сеκој нејзин избоρ. Минатата година идеше во пρиватно шκоло за модеρен балет, годинава посаκа уметничκо лизгање и ја поддρжав во избоρот. И мислам деκа не згρешив зашто за ρазлиκа од лани, овде имаат ептен пρофи пρистап со децата.

Инаκу инсистиρам на споρт зашто во шκоло физичκо имаат тρи часа неделно само на ρаспоρед, а физичκиот ρазвој ми е најважен за нејзина возρаст.

< Поракaта ја уредил Annabel -- 23.10.2014 20:56:36 >

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?