|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ароматерапија
6.12.2009 16:29:49   
ripce
Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата. Иако обично се ослонуваме на она што ќе го видиме и чуеме, мирисите имаат важна улога во нашиот живот. Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ векови, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Мирисите влијаат на човекот

Во последно време и научно е докажано тоа што луѓето оддавна го знаеле, а тоа е дека мирисите имаат големо влијание на телото и психата на човекот. Така, мирисот на лавандата не успива, мирисот на лимонот не разбудува, мирисот на циметот не прави креативни, ружата не смирува, а ванилата не охрабрува. Неверојатно, но вистинито е дека со вдишување на природно ароматично масло можеме да се ослободиме и значително да ги ублажиме негативните емоции, стресот, стравот, лутината, тагата, депресијата, болката, а да истовремено ги поттикнеме позитивните емоции како што се радоста, задоволството и расположението.

Ароматерапијата е древна вештина на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување. Датира од настарите цивилизации. Дури 4500 години пред Христос, старите Египќани ги користеле во лекување на широк спектар на болести.

Етеричните масла се добиваат со дестилација, процес кој бил пронајден уште пред 2500 години во Индија. Човекот тогаш пронашол како од растенијата да ја земе суштината-душата и мирисот. Процесот на дестилацијата е прилично едноставен. Растенијата (листовите, гранчињата, коренот, смолата) се затвораат во сад под кој се пали оган. Со загревањето на садот се создава пареа која со себе ќе ги земе и активните соединенија и мирисите во цевчињата за ладење. Во нив доаѓа до кондензација и претворање на пареата во смеса од вода и етерични масла кои пливаат на нејзината површина. Така, на едната страна се одвојува водата, а на другата етеричното масло.

За добивање на неколку капки етерично масло потребна е голема количина на растителен материјал. Старите цивилизации знаеле дека е тоа суштината на растенијата и знаеле да ги ценат тие неколку капки.

Со оглед дека претставуваат јаки концентрати од растенијата, тие треба многу внимателно да се применуваат. Тие не се користат како концентрирани масла, туку се разблажуваат со други неутрални масла како бадемово и други. Во спротивно тие може да доведат до несакани последици како: изгореници, алергиски реакции, мачнина, вртоглавица, па дури и труење.

Ароматерапијата (од грчките зборови: aroma – мирис, therapeia – лекување) е позната уште од давни времиња.

Буквално ароматерапија значи лекување со мириси. Се вбројува во алтернативна медицина.

По својата природа е холистичка и комплементарна метода на лекување. Ароматерапијата е комплементарна, бидејќи се надополнува со другите алтернативни гранки на медицината, па дури и со конвенционалните.

Холистичка, бидејќи го разгледува човекот како една целина т.е. како физичка, духовна, ментална и емотивна индивидуа. При тоа го зема во предвид и стилот на живеење, начинот на исхраната, општествениот живот итн. Делува на отстранувањето на причините за неравнотежата во организмот, па се користи како превентивна метода за одржување на здравјето и равнотежата на целото тело и духот, но и за лекување.

Аромотерапијата може да се користи во домот, на одмор, на пат. Таа го релаксира телото, го смирува духот, односно делува на намалувањето на стресот и болката.

Ароматерапијата е една од најпопуларните форми на неконвенционалната медицина, Во Европа, САД, Канада, Австралија и Јапoнија постојат на илјадници кабинети за ароматерапија, а за неа се напишани и многу книги и се издадени бројни часописи кои се занимаваат исклучиво со оваа проблематика. Влијанието на мирисите на психичката и физичката состојба на човекот се поврзува со лековитите својства на етеричните масла.

Ароматерапијата е идеално чиста, потполно природна метода за ублажување или отстранување на различни тегоби. Се темели на внесување на висококвалитетни растителни масла во човековиот организам. Денешните испитувања, кои се направени во светот, ја потврдуваат ефикасноста на етеричните масла. Тие се во одредена мерка и бактерицидни, а некои помагаат и во лекување на вирусните инфекции. Многу етерични масла го стимулираат обновувањето и растот на клетките и ја регулираат физичката и психичката равнотежа. Многу етерични масла го намалуваат стресот
и го подобруваат крвотокот, па делуваат и на намалувањето на болката.

Маслата со својата способност да ги регенерираат ткивата можат да ја зголемат намалената отпорност на организмот.

Со помош на ароматераписките методи, етеричните масла брзо продираат во крвотокот, преку кој се разнесуваат до сите делови на телото. Тие ја враќаат хармонијата и поволно делуваат на органите и системите на кои им е пореметена функционалната равнотежа. Не постои етерично масло кое делува само на една болест или на еден тип на тегоби. Најдобар пример за тоа е лаванда маслото кое покрај тоа што е антисептик, делува и на намалуавањето на заморот и депресијата, го подобрува расположението, а на тој начин делува и на намалувањето на хроничната болка.  

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 16:38:51 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ароматерапија
7.12.2009 9:44:23   
profesorica
Ароматерапија – Препуштете им се на мирисите



Секојдневната грижа на кожата со есенцијални масла е всушност многу едноставна. Најважно е при изборот да купите квалитетни и природни производи. Постојат евтини есенцијални масла кои имаат синтетички состојки што се соодветни само за ароматизирање на затворен простор, но во ниту еден случај не се наменети за грижа на кожата!

Какво есенцијално масло треба да одберете?


Различни есенцијални масла имаат различен ефект. Постојат многу книги за ароматерапија во кои може да најдете листа на најважните миризливи масла со опис на нивниот ефект.
  • Маслата кои даваат влажност на кожата (како што е маслото со гераниум) се најпогодни за сува и позрела кожа.
  • Некои масла се и антиалергени (масло од лаванда), а други за лекување на мали рани и повреди (масло од кедар, чемпрес и мирта) кои имаат смирувачки ефекти на оштетената кожа.
  • Доколку вашата кожа е масна може да одберете помеѓу масло од чемпрес, мандарина и лаванда.
  • Најдобро решение за сува кожа е масло од горчлив портокал, босвелиа или гераниум.
  • За чувствителна кожа се препорачува есенцијално масло од камилица, мандарина или ружино дрво.
Многу интересен е фактот дека одредени есенцијални масла можат да делуваат само на одредени типови на кожа. На пример: пачули масло е многу погодно за мешана кожа, но нема ефект на осетлива кожа, или пак масло од чемпрес - добро е за бактериолошки проблеми, но не е добро за лекување на инфекции.

5 причини ЗОШТО да користите природна козметика со есенцијални масла
  • Кожата впива 60% од супстанците кои жената ги става на лицето во текот на денот. Со користењето на природна козметика многу е помала изложеноста мешавина од хемикалии.
  • Природната козметика со есенцијални масла е безбедна и не предизвикува алергии, а некои масла дури и да ги лекуваат.
  • Можете самите да направите мешавина што одговара на вашиот тип на кожа и возраста.
  • Природната козметика е многу поевтина за разлика од други козметички производи.
  • Со употребување на есенцијални масла и природна козметика се грижите за околината и планетата и ја покажувате еколошката свесност.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ароматерапија
7.12.2009 19:29:56   
ripce
Преглед на етеричните масла групирани според основните терапевтски својства
  • Намалување на болка предизвикуваат: бергамот, џумбир, лаванда, мајоран, мелиса, римска камилица и рузмарин.
  • Антидепресивно дејство имаат: бергамот, камилица, иванско цвеќе, гераниум, јасмин, лаванда, мелиса, дероли, ружино дрво, кедар, јиланг-јиланг, сандал, портокал.
  • Антивоспалително делуваат: бергамот, камилица, еукалиптус, мелиса, мента, иванско цвеќе, сандал.
  • Антисептици се: сите ароматични масла, во помала или поголема мерка делуваат антисептички. Сепак најефикасни се: бергамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин, сандал, цимет.
  • Бактериостатски ефект имаат: баргамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин.
  • Антивирусно делување имаат: лимон, лаванда, гераниум, бибер и еукалиптус.
  • Фунгицидно дејство (за лекување на габични заболувања) имаат: лаванда, мирта, гераниум, лимон.
  • Заврзано заздравување на рани: бергамот, камилица, лаванда, мирта и чајевац.
  • Дуиретици: камилица, кедар, чемпрес, темјан, гераниум, боровница, рузмарин, сандал, бергамот.
  • Подобрување на варењето: бибер, нероли, џумбир, боровница, лаванда, лимон, мандарина, мајоран, нане, камилица, рузмарин.
  • Седативно (смирувачко) дејство: камилица, лаванда, нероли, мајоран, јиланг-јиланг, чемпрес, боровница, бергамот, темјан, мелиса, рузмарин, иванско цвеќе, нерли и сандал.
  • На снижување на крвниот притисок делуваат: лимон, лаванда, мајоран, мелиса, иванско цвеќе, јиланг-јиланг.
  • На покачување на крвниот притисок делуваат: рузмарин, иванско цвеќе, изоп.
  • Равнотежата на хормоните ја регулираат: нероли, иванско цвеќе, чемпрес, лаванда, лимон, бор, камилица, сандал, гераниум.
  • Регенерацијата ја поттикнуваат повеќето ароматични масла, а особено: лаванда, мирта и темјан.
  • Тонизирачки делуваат (го зајакнуваат организмот или некои негови органи): босилок, бибер, камилица, темјан, гераниум, боровница, лаванда, мајоран, мирта, мелиса, нероли.
  • Стимулативно дејство (ја зголемуваат општата активност на организмот или на поедини органи): бибер, еукалиптус, гераниум, мента, рузмарин, нероли, џумбир, мелиса, камилица, јиланг-јиланг.
  • Ја намалуваат телесната температура: бергамонт, камилица, еукалиптус, мелиса, чаевец и мента.
  • Ја смируваат кашлицата: сандал, лаванда, темјан, бор, елка, гераниум.
  • Го зајакнуват нервниот систем: камилица, лаванда, мајоран, мелиса, румарин и изоп.
  • Го зајакнуваат имунитетот: лавнда, чаевец и повеќето други ароматични масла.
  • Ја зголемуваат мисловната активност: босилок, рузмарин, мента, лимон и бергамонт.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ароматерапија
24.12.2009 11:02:21   
profesorica
нели добив вредносен ваучерод козметичкиот салон пер леи и има и вакво нешто како опција, па се мислам да пробам и тоа.user posted image user posted image user posted image

кој пробал нека каже искуства????


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ароматерапија
15.1.2016 13:21:15   
marchi
i jas dosta sum citala i slusala iskustva okolu aromaterapijata.i mnogu lugje bile zadovolni pa se mislam i jas za edna vakva terapija

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ароматерапија
17.1.2016 14:27:45   
Snowhite RR
Дали имате искуство со ароматерапија во домашни услови? Дали сте користеле некое етерично масло и за што, за кожа, коса, масажа, бања...?
Читав за тоа дека делуваат против стрес, депресија, несоница, особено маслото од лаванда, кое е патем се користи за се и сешто и е must have! масло кое треба да се има во секој дом. Па ние се справуваме моментално со овие работи кои ги набројав, па ме интересира дали сте пробале и дали делуваат?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ароматерапија
6.2.2016 23:11:49   
marchi
Za domasba aromatherapija koga odev na fakultet kupiv edno etericno maslo od vanila i go upotrebiv.prijatna mirizba sekako me relaksira ama ne mozam da kazam deka toa bese nesto professionalno

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?