|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Антидепресиви во текот на бременоста
19.7.2013 8:59:10   
Anonimen
Драги рр-ки,пред неколку години добив дијагноза анксиозно-панично пореметување,и ми препишаа терапија антидепресив Асентра и друг лек Хелекс кој мислам дека е бензодиазепин. Одев редовно на контрола кај мојот психијатар,но оваа состојба анксиозност,има тенденција да се повторува,неколку месеци сум добра немам страв,паника,напнатост....но потоа пак се повторуваат симптомите срцебиење,страв,напнатост,тежина во душата,едноставно лошо се чувствувам а причината е на психичка основа. Е сега во брак сум и сакам да останам бремена,но присутен е тој страв од анксиозноста да не ми се повтори во текот на бременоста, моментално не пијам антидепресив туку само хелекс по потреба и тоа минимална доза 1/2 таблетка од 0,5мг.
Секое искуство на оваа тема од некоја мајка што поминала низ бременост,а предходно имала ваков проблем со анксиозност и страв многу ќе ми значи. Кај нас нема вакви теми на форумите за бременост,многу малку се зборува за оваа состојба во бременоста,а и лекарите (психијатрите и гинеколозите) не даваат некоја конкретна информација околу тоа,но има многу жени кои се наоѓаат во ваква анксиозна состојба а сакаат да се реализираат како мајки.
  Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
19.7.2013 10:42:37   
Melanija RR
Сакам да ти посочам две теми на форумов кои се поврзани со твојот пос.
Едната е Анксиозност =ТУКА и другата е Лекови за смирување =ТУКА

Знам дека твоето прашање се однесува на периодот забременување и бременост но се надевам и дека ови две теми ќе ти помогнат.
user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
19.7.2013 13:58:44   
LoveableMe RR
Анонимен, пиши ми порака во Инбокс, имав блиска другарка со сличен проблем пред 2 години, ќе ти пишам, па може ќе ти помогнам за твојот проблем. Позз

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
19.7.2013 17:36:59   
masa
Јас имам пријателка што претходно немаше проблеми,но во бременоста иамше напади на нервоза,немир,па дури и се гушела во сон.Неколку пати одела во болница зошто и доаѓало и да се фрли од прозор,па и дале терапија за смирување.Значи сепак има нешто што може да се зема во бременост.Малку ми е непријатно да ја распрашувам што како,но ова самата ми го имаше кажано.Мислам дека во консултација со гинеколог и психијатар ќе најдете соодветно решение.И на едниот и на другиот ќе му ја ќажеш дијагнозата и терапијата и сигурна сум дека ќе најдете решение.Во првото тромесечје најчесто се избегнуваат секави лекарства,но сигурно постои терапија што ако има потреба ќе можеш да ја примаш во поодмината бременост.Ти посакувам среќа user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
27.7.2013 12:54:00   
wanna be mum
Анонимен пиши ми во инбокс имам и јас слична приказна, да споделиме искуство и може да си помогнеме user posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
17.9.2013 9:22:12   
Anonimen
Последен пат кога бев на психијатар лекарот спомена дека последните години назад има доста млади жени кои имаат потешкотија со анксиозноста,паниката,лошите мисли дека нешто "лошо" ќе се случи,страв.... Гинеколозите и психијатрите одбегнуваат да даваат терапија со антидепресиви во текот на бременоста,повеќе препорачуваат психотерапија (разговор со психијатар,психолог-може да помогне да се поминат тие 9 месеци бременост и да се намалат тегобите од анксиозноста колку што може повеќе). На форумите (хрватски,србски и др) пишуваат жени со ваков проблем а и оние кои немаат проблем со стравот и анксот,дека кај нив се препишува Нормабел во текот на бременоста,тоа кај нас мислем дека е Апаурин,и тоа им доаѓа по дифолт за контракцијата на матката или мускулите. Кај нас тоа не се дава,освен во екстремни случаи кога мора бидејќи има поголем ризик по здравјето на трудницата,и многу малку се говори за тоа.Можеби кај нас таа состојба во бременоста не е многу распространета,но секако секое искуство може за некој да биде мала утеха дека се ќе биде во ред и дека има и други трудници или мајки кои поминале низ такво искуство.

(Одговор на членот wanna be mum)
  Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
31.8.2014 19:35:01   
mama i dete
Здраво девојки,
Помагајте !!! Дајте совет ! Искуство !
Со Анксиозноста се борам долго ( околу 9 год ) сум била и под терапија и без терапија , кога сум под антидепресиви сум ОК, едноставно после подолго време прекинувам но за кратко за 2-3 месеци, но сега е друг проблемот имам син 7 години и сега размислкувам за друго дете едноставно сакам да родам друго бидејки детето ми е многу осамено и постојано бара сестриче или братче едноставно многу посакувам и јас и мм. Бев под терапија и ја прекинав пред 3 месеци во консултации со мојот психијатар, но сега последните дестина дена сум многу анскиозна, вознемирена напната ме фака едноставно паника без причина закажам контрола кај докторката дури посе 15 Септември тогаш имаше термин , но незнам како да останам без терапија а при тоа да можама да останам бремена и да родам уште едно детенце! А докторката психијатарот ми вели дека па преобам без терапија мин до пола бременост до 5 месец а јас се цувствувам дека неможам 5 дена а не 5 месеци ( од паника ми се лоши качувам притисок се вознемирувам ... и низа симптоми на анкс)
Дајте совет кажете дали некој туркал бременост со терапија и која терапија и каков епеилогот
Мојот гиниколог е стар и заостанат не дава никаво апче во бременост а не антидепресиви нема шанси вели ке има проблеми со бебето, а секако сакам ЗДРАВО бебенце . Молам за совет |(
Што да правам

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Антидепресиви во текот на бременоста
31.8.2014 20:16:07   
Hopeful RR
Драга mama i dete, мора да има начин. Искрено, не знам конкретни лекови што се дозволени кај нас, но знам за многу случаи (претежно во странство) кои пиеле антидепресиви во бременост без каков било проблем. Знам дека во Америка на бремени жени им се дава циталопрам (Celexa), но не знам кај нас како оди. Ако гинекологот не е упатен во најновите истражувања и терапии, слободно смени го. Пиши им во инбокс на девојките што пишаа на темата погоре, имаат повеќе искуство и податоци.
Ти посакувам среќа во бременоста user posted image


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mama i dete)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?