|
garfild -> RE: Дали родивте во ден или во ноќ? (5.10.2009 10:17:43)
|
Имав два дена болки,но со различни интервали,и на крајот од вториот ден имав закажано ЦТГ во 20 часот,си реков ако ме фатат болките на 2-3 мин,ќе одам порано,а ако не ќе чекам до 20 часот,и така беше,болките тие два дена беа прво на пола саат,па се симнуваа постепено и кога ќе дојдеа на 5 мин,таман ќе почнев да се спремам за тргнување и болките ќе се изгубеа и разретчеа на 1 саат.Кога тргнавме на закажаното ЦТГ,во кола болките зачестија на 2 мин.Во 20:15 ме ставија на ЦТГ,но веќе неможев да издржам,веднаш ме прегледа доктор,и што ќе види,9 прста отворена,и веднаш на количка и на бокс.Се породив во 22:25.
|
|
|
|