Maca25 -> RE: Запоставување после породувањето (8.1.2011 16:02:59)
|
Јас едно време ептен се запуштив, посебно кога нина беше ептен бебенце. Сама дома, со мало бебе кое многу плаче, ни на чупање, ни на средување мислев. Мислев само како да си легнам. Е сега имам повеќе време да си посветам, но пак не можам да правам се од порано. ИСкрено ич немам време за вежбање, да одвојам 2 саати во денот и да одам во теретана....уф..нема шанси. Одам на козметичар еднаш месечно дали на депилација или чупање, кај истата козметичарка се шминкам за некоја посебна пригода. Се шишам еднаш месечно, престанав да се фарбам, а најчесто дома си ја пеглам или фенирам косата, а кога имам повеќе време одам на фенирање на фризер. Ноктите сама си ги средувам, катки, чисти и со безбоен лак. Кога ќе помислам колкава и каква ми беше косата првата година откако се породив....никогаш повеќе... Мислам дека треба уште малце повеќе внимание да си посветувам на себе, ех да можев да го продолжам денот за уште некој саат.
|
|
|
|