Calypso -> RE: Балкански наспроти небалкански маж :)) (29.1.2013 9:55:15)
|
Е се изнапишав, и се ми отиде во неповрат [sm=hudicek1.gif] Сега накратко ќе морам да пишам што сакав да кажам претходно. Мажите се мажи, било на Балканот или на друго место. Но да не генерализираме - каков ќе биде некој, зависи од многу фактори - самиот човек пред се, карактерот, воспитувањето, ставовите, околината, здравиот разум. Последниве неколку години добивам еден генерален впечаток дека на нашиве девојки и жени им се допаѓаат небалкански мажи, и мислам дека е тоа поради пасошот [sm=jezicek.gif] посебно ако е од некоја западноевропска земја, САД, Австралија... многу девојки мислат дека во странство е се подобро, па и мажите, но не би се сложила. Никогаш не знаеш на каков примерок ќе наидеш, било да е балкански маж или не. Некој погоре спомна, балканските мажи не биле кавалери, не помагале по дома, скитале без жени, итн... јас не можам да се пожалам од примерокот што го имам[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|