|
Felly RR -> RE: Први разговори (24.5.2013 9:44:55)
|
Играме градинка. -Зрррррн, Зрррррррррн - Молам? - Учителке детево го носам, ова му е за нанкање (става перниче), ова ако се покака (ми дава тоалетна хартија) и крпава му ја носам. Кај стојат крпиве? -ете таму? Ааааа, добро. Приредба нешто ќе имате? - А, да, да се вратите за приредба, ќе имаме. - Добарден, приредбата ви почна? - Да, повелете. Си седнува - ајде речете му да пеат. - Ајде дечиња, почнете. - Која песна ќе ја пеат? - За мајката. - За која мајка? - Па за сите мајки. - Јас бев онаму на работа, и директорот ми рече ако има приредба, треба да ви дадам слика со детево.
|
|
|
|