profesorica -> RE: Шампон,маска за коса,регенератор (17.3.2010 12:18:50)
|
Длабински регенератор од авокадо : Состојки 1 мала тегличка мајонез 1/2 aвокадо Подготовка Излупете го авокадо и извадете му ја срцевината. Изрендајте половина од авокадото и измешајте го со мајонезот (со раце), додека смесата да добие изедначена зелена боја. Потоа нанесете го на косата, па на главата ставете капа за туширање (или обвиткајте се со пластична кеса). Третманот треба да трае 20 минути. За подобри резултати, обвиткајте ја главата уште и со пешкир или пак, загрејте ја неколку минути, со фен, на средна топлина. Потоа измијте ја добро со шампон. Регенератор тропски остров : Состојки 1 авокадо кокосово млеко Подготовка Излупете го и изрендајте го авокадото. Потоа полека додајте му малку кокосово млеко и добро измешајте додека да се изедначи смесата. Се нанесува до краевите на косата. Измијте ја косата по 15 минути, со шампон. Третман со врело јojoба масло : Состојки 2 мали лажички jojoba масло 1 мала лажичка масло од соја Подготовка Измешајте ги состојките во сад и загрејте ги на ниска температура (до 35 степени). Потоа смесата втријте ја во косата. Потоа косата обвиткајте ја со пластична кеса и загреан пешкир и оставете ја 15 минути. Потоа добро измијте ја со шампон. За долга коса, состојките треба да се удвојат. Третман со врело масло од рузмарин : Состојки 1/2 чаша сушен рузмарин 1/2 чаша масло од соја Подготовка Измешајте ги состојките и загревајте ги додека да се стоплат. Исцедете го низ ситна цедалка. Со оваа смеса покријте ја целата коса, се до крајот на влакната. Потоа обвиткајте ја косата со пластична ќеса и загреан пешкир. Оставете ја така косата 15 минути. Потоа темелно измијте ја со шампон. Третман со ѓумбир против првут : Состојки Корен од ѓумбир 1 мало лажиче сусамово масло 1 мало лажиче сок од лимон Подготовка Изрендајте го коренот од ѓумбир и истискајте ја таа смеса за да пушти една лажица сок. Потоа, измешајте го со другите состојки. Потоа, оваа смеса нанесете ја на косата и оставете да се исуши пред да ја измиете косата со шампон. Постапката повторете ја 3 пати неделно. Регенератор со пиво и масло од јојоба: Состојки 1 чаша топло пиво 1 мало лажиче масло од јојоба Подготовка Измешајте ги состојките. Нанесете ги на косата и масирајте ја. Потоа добро исплакнете ја. Ако чувствувате дека косата е масна од маслото, измијте ја со шампон. Осветлувач од камилица за руса коса : Состојки 6 кесички чај од камилица 1/2 чаша полномасен јогурт масло од лаванда Подготовка Зовријте 1 чаша вода, потопете ги кесичките чај и оставете ги така 15 минути. Извадете ги кесичките. Потоа на чајот додајте го јогуртот и 7 капки масло од лаванда. Состојките добро измешајте ги. Оваа смеса нанесете ја на сува коса, се до краевите. Покријте ја косата со пластична ќеса и оставете ја така 30 минути. Косата добро измијте ја со шампон. Природна боја за кафена коса : Состојки Јако црно кафе (на 50 мл вода, 3 лажици кафе) Подготовка Измијте ја косата со шампон. Ставете легенче во лавабото и над него натопете ја косата со изладеното кафе. Оставете ја така косата 15 минути и потоа добро исплакнете ја со вода. Зајакнувач на боја за црвена коса : Состојки 1/2 чаша сок од цвекло 1/2 чаша сок од морков Подготовка Измешајте ги соковите и таа смеса истурете ја врз чиста, влажна коса. Потоа обвиткајте ја косата со пластична ќеса и загреан пешкир, загрејте ја неколку минути со фен или пак ако има услови, останете така 1 час на сонце. Потоа измијте ја со шампон. Супер регенератор за обоена коса : Состојки К'на во прав регенератор Подготовка Измешајте ја к'ната со вода, половина од количината што ја има во пакувањето. Додајте малку од вашиот регенератор за коса и мешајте додека смесата стане компактна. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја онолку колку што пишува на упатството. Потоа, измијте ја косата со шампон. Овој рецепт може да се примени и со безбојна к'на за поголем волумен, без да додавате боја. Природен третман за седа коса : Состојки 1/2 чаша сува жалфија 1/4 чаша сув рузмарин Подготовка Зовријте ги рузмаринот и жалфијата во 300 мл вода, околу 30 минути, па нека останат така неколку часа. Потоа нанесете ги на косата и оставете да се исуши. Измијте ја со шампон. Постапката повторувајте ја секоја недела додека да постигнете убава сребрена нијанса. Потоа е доволно да ја повторувате постапката еднаш месечно, заради одржување на нијансата.
|
|
|
|