princessa -> RE: Второ дете - кога е вистинското време? (3.3.2016 17:09:46)
|
Според мене вистинското време е кога и двајцата родеители ќе бидат спремни, секако тоа зависи и од финансиските можности, моралната поддршка, психичката подготвеност и ред други фактори. За идеална разлика во години неможам да дискутирам зашто секој размислува различно, на секој му одговара како што му одговара[sm=smiley36.gif], некои одлучуваат да се мала разлика, некои чекаат минимум 4-5години итн. Моите деца се разлика две години. На почетокот ми беше тешко. зашто кога Н тргна во градинка Д беше 3месеци и имаа различни потреби, имаа и двете деца во првата година ипол различни развојни фази ама сега е супер. Н има 5 год. многу е самостојна, го занимава брат и, си играат, се занимаваат заедно, Н го смирува кога плаче, супер ми е и на нив секако. Се си има предности и недостатоци. Затоа планирањето на второ, трето, н-то дете си е најиндивидуална работа на светот. Некои работи па се случуваат и со причина.
|
|
|
|