Hopeful RR
|
Се наредивме сите тука со близнаци, ама да се надоврзам, не две, десет се сакаат подеднакво. И мене ми дојдоа одеднаш две, и пред да се родат се измачувавме со мм дали ќе ги сакаме двајцата подеднакво, што ако едниот ни стане омилен и слично, поготово што и јас сум посесивна, но нема шанси - ги сакам и двајцата најмногу и во ниеден момент не мислам дека едниот е запоставен. И не мислам дека мајките со две не им се посветуваат на децата како мајките со едно, не можеш да не се посветиш на најбитното нешто во твојот живот. Љубовта се дуплира и триплира. И баш кога ги гледам дека се двајца, мислам дека ми излегуваат срценца од очи и уши Често го разговараме ова со мм и се чудиме како е можно да имаш толку љубов, и тоа подеднакво силна и голема, и за двајцата, до толку што ми се чини срцето ќе ми препукне. И следно на овој муабет ни е - ај да имаме уште деца Кај нас стои отворена опцијата за трето, и интерната шега ни е, ако правиме пак ивф, колку ембриони да вратиме, еден или два Организациски - да, знае да биде напорно, но човек на се се навикнува. Едноставно се прифаќа ситуацијата како нормална, посебно кога си директно во неа, и се вози. Се снаоѓам со две, голем дел од времето сум сама со нив, внимавам на баланс и рамноправен третман, и од најспонтан човек станав најголем планер - кој што и кога ќе јаде, кој кога ќе огладни, кој што со што ќе облече и кога ќе легне, кога мм и јас ќе дојдеме на ред, и слично. Љубомора има секаде, еве моиве се исти па пак се тепаат за играчки и плачат кој која ќе ја земе, иако толку мали. Се постигнува и со повеќе од две, еве nataly86 наскоро ќе ни раскаже од прва рака, а здравје и јас за некое време Не си ја штедете љубовта, не знаете колку многу ја имате!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|