|
Bethany -> RE: Второ дете - кога е вистинското време? (27.1.2013 12:14:40)
|
На прашање на Џесика за спремноста да одговорам да нисам спремна ни психички ни физички да му се посветам на тоа друго дете. И се уште немам желба за друго, ма и не размислувам. Ако се деси случајно, ќе ме фати неспремна [sm=smiley36.gif], ама тогаш добредојдено ќе биде. А не се сложувам со Скакул дека ако остане некој на едно дете е од себични причини. Па баш напротив. Секој си знае своите можности, не мислам на финансиски, за да може да пружи на детето што му е потребно, па и тоа секој родител одредува колку е тоа доволно, секој има некој свој стандард, граница. Ако не сум сигурна дека можам да пружам на тоа второ дете, пред се од себеси, да не бидам напната и нервозна мама која не знае каде удира, тогаш ќе речам дека не сум спремна. И кога размислувам дека треба да имам второ само за да син ми има братче или сестриче, некако тоа не ми е доволно добра причина да се одлучам.
|
|
|
|