|
AnnaMolly RR -> RE: Второ дете - кога е вистинското време? (19.12.2012 14:42:58)
|
Јас прво сакав децата да бидат помала разлика, ама поради проблеми со притисокот и бубрезите не смеам да помислам на втора бременост додека не наполни син ми 4 години. Гинекологот ми рече дека тоа би помогнало за да немам компликации во следната бременост, затоа што имав прееклампсија. Е сега тој има 2,5 години и е голем [sm=smiley36.gif] не носи пелени, сам си јаде, збори, се заигрува... Со еден збор, многу полесен ми е за чување и имам повеќе време за себе и за обврски. Па не можам да помислам на второ бебе во скоро време. Некако се опуштив, помина периодот на грчеви, плачење, проодувње, пелени... А токму затоа сакав да ми бидат помала разлика, да истерам се во еден здив [sm=jezicek.gif] Но како и да е, дефинитивно нема шанси да останам на едно дете, сакам три :)
|
|
|
|