|
Ikana -> RE: Второ дете - кога е вистинското време? (23.8.2012 15:34:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР ИЗВОРНА ПОРАКА: majka na eva јас им се чудам на оние што велат дека не сакаат второ дете.и замислете да имате само едно,нема брат,нема сестра,кога ќе порасне ќе биде само.кој луѓе во животот ќе му бидат најблиски? Jaс пак искрено се чудам на коментаров. А не го слушам/читам прв пат. Еден куп луѓе ми го имаат кажано истото. Не ми е јасно нешто: Зарем оние што немаат браќа и сестри немаат семејства? Како може да биде само кога ќе порасне? Па ќе формира свое семејство. Не велам дека не е добро да се има брат/сестра кои по дефиниција ќе бидат до него кога и да му притребаат. Но велам, само по дефиниција е така, не е гарантирано (пред да ми се спротивставите само свртете се околу себе, сигурна сум дека ќе најдете мноооогу примери на оддалечени па и разделени браќа и сестри). Од друга страна во животот и тоа како може да создадеш блиски релациии со други луѓе без притоа да делиш иста ДНК со истите. И уште нешто (што исто така често го слушам на оваа тема) - несакањето второ дете нема никаква врска со себичност. Сигурна сум дека секој пар што се одлучил да остане со едно дете има добра причина за тоа. И јас искрено се позачудив на коментаров. Јас немам ни брат ни сестра. Братучеди колку сакаш. Досега во животот ниеднаш не сум се осетила сама, оставена, заборавена, напротив, баш израснав во самостојна, јака и реална личност. Галена не сум, и можам слободно да кажам дека за секое мислење, дело или желба сум се изборила, сум застанала исправено и сум одговарала. Баш ми се смешни тие мислења од типот леле само ќе остане детето: јас сите што ги познавам, а што имаат браќа или сестри ми рекле блазе си ти што си единица. Сепак не велам дека е лошо да се имаат браќа или сестри, најубаво е на свет нели за тие што ги имаат, но и да се биде единец не е баш така жално.... [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|