|
meU87 -> RE: Второ дете - кога е вистинското време? (7.6.2012 11:08:49)
|
Во однос на блискоста помеѓу децата, сметам дека родителите имаат најголемо влијание. Сепак според мене, родителите се тие кои треба да го научат детето(поголемото) како треба да се однесува и да го прифати помалото братче/сестриче. И уште нешто, доколку децата не се блиски кога се помали, мислам дека не е проблем или нешто страшно, зошто кога ќе потпораснат, веќе е се поинау, претежно сите се зближуваат и се многу по блиски кога ќе созреат. Познавам многу деца на роднини, пријатели, другарки и сл, кои се така со братот/сестрата поголема разлика, веќе пораснати и заедно се дружат, во исти друштва. Нека не ве загрижува тоа. Имав голема желба да имам 3деца, првите две машки а третото девојче, за да го чуваат батковците кога ќе пораснат, или пак и две да се ама со ист распоред [sm=smiley36.gif], но ништо од плановите и желбите. Првото ќе биде храбра принцеза, која ќе ги чува тие по неа [sm=smiley1.gif], мада имаме батко( син на маж ми од претходниот брак) кој ни е голем, па не верувам дека нешто ќе се замара со бебушката [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|