Крлежи (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


jovanka -> Крлежи (1.5.2010 23:15:22)

Внимание со крлежите

Летните месеци придонесуваат за експанзија на крлежи и појава на Лајмска болест, иако статистичките податоци говорат дека и во доцните есенски месеци може да се јави оваа заразна болест.





Преносители на Лајмска болест се крлежите, кои обично ги напаѓаат глодарите, глувците, дивите животни и во својот желудник имаат течност како причинител, која крлежите со убод ја пренесуваат болеста на човекот.

Кога ќе дојдат до саканата цел, крлежите со плунка исфрлуваат анестетска течност и со своите мали клешти ја раскинуваат кожата, при што човекот ништо не чувствува, бидејќи тоа место е под анестезија. Течноста која крлежите ја исфрлуваат спречува згрутчување на крвта и крлежите на тоа место можат мирно да седат повеќе од една недела.

Во медицината се смета дека постојат три фази на заболување. Првата се манифестира со црвенило во околината на убодот на крлежот, а втората може да доведе до поголеми компликации, при што можат да се појават болки во зглобовите, промени во ритамот на срцето и промени на централниот нервен систем, од воспаление на мозокот до парализа на нервите.

Сите овие тегоби и промени ја карактеризираат и третата фаза, но далеку поинтензивни и многу поизразени.

Неопходно е да се истакне дека секогаш не доаѓа до првата фаза, а познато е дека пациенитите се јавуваат кога влегле во втората или дури третата фаза на болеста.

Системот на лечење е многу различен и затоа постојат и различни терапии, т.е. ако лечењето не се препознае веднаш, обично трае еден месец.

Притоа најважно е крлежот да се најде во првите 6 до 12 часа од времето на убодот и со пинцета треба да се отстрани со „отштрафување“, спротивно од насоката на сказалките на часовникот.

Никакво третирање со масло, гас или дури лак за нокти не е препорачливо, туку стручно лице да го извади од кожата и потоа да го следи тој дел на кожата каде бил убодот или целата кожа на човекот 32 часа.





Се смета дека, ако во текот на четири часа се отстрани крлежот од телото иако бил заразенo, нема да дојде до појава на Лајмска болест.

Лекарите препорачуваат вакцинирање месец дена пред интензивна активност на крлежите во природата и исто така се советува да се избегнуваат места кои се заразени со крлежи.

Лајмската болест се појавила во 1971 година во градот Лајм во Америка, каде се разболеле многу деца од артритис, кое означува втора фаза на Лајмска болест. Со оваа болест денес се сретнуваат Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска...











Страница: [1]