| 
				  Maca25 ->  RE: Kolku spie vaseto bebe?  (18.5.2010 11:31:29)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Нина почна преку ден да преспива само еднаш и тоа некаде околу 12-13 и спие само по еден саат. Многуу ретко се случува 2 саати да поспие. А за навечер а дојде 9 она оди во спална и ми вика бебе нана. Одма легнува да ја пресоблечам, гледаме како се врти мемето во микро, миеме заби и легнуваме. Ама само што ќе го испие млекото и доаѓа сила, па почнува да мрда, са се врти, да пее, да збори и да тепа, па се успиваме до кај 10. Последниве неколку дена поретко се буди ноќе, а околу 5 ќе се разбуди и ја земам кај нас во кревет и тогаш паѓа во кома. Спие до 9. Едвај ја будам за во градинка.  
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |