| 
				  Life ->  RE: Дефектолог  (27.8.2010 19:15:05)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				      ИЗВОРНА ПОРАКА:  Викторија      Здраво Life. Јас сум мајка на 7 годишно девојче со Даунов Синдром.Имам едно прашање до вас.  Времето стигна и  треба да почнеме да одиме во школо.  Во оддел за ментално здравје во Охрид не советуваа да ја запишеме во специјална паралелка иако јас повеке сакав да е во редовна  со присуство на дефектолог ама тоа сеуште  за жал го нема  кај нас па одлучивме и ја запишавме во специјална.Па би сакала ваше мислење во врска со ова.           Драга Викторија,      одговорот би бил двостран:      -Ако, во Р.М. состојбата на образовниот систем беше онаква каква што треба, т.е.ако инклузијата беше организирана, со тимови, дефектолози, логопеди, посебни планови и цели за овие ученици, како во ЕУ,или ако барем се водеше грижа за нив помеѓу останатите ученици, ќе ви советував да го запишевте во редовно училиште.      -Но, бидејќи воопшто не е така, ДЕФИНИТИВНО, морате да го запишете девојчето во специјална паралелка. За горната солуција во пракса не ни размислуваме како целосно оправдана, дури и за било која друга категорија на п.п. Во овој момент вашето девојче ќе постигне многу повеќе и ќе напредува многу повеќе во специјална паралелка, отколку во редовна, каде дури и ќе назадува.се разбира ако и дефектологот е добар.   Значи изберете го дефектологот, и соработувајте со него, бидете во тек за се, и ќе биде добро. Спемајте го девојчето за животот а не за било што друго, сувишно.   Се надевам дека и досега барем малку работела со дефектолог, како за подготовка за училиште.      Ви честитам прваче, и ви посакувам многу успех и среќа.    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |