Mila mamicka -> RE: Кој повеќе сакаш:мама или тато? (21.11.2014 13:55:04)
|
Ова е најглупавото прашање што може да му се постави на мало дете. Или пак, која баба повеќе ја сакаш, кој дедо итн. Досега никој не му поставил вакво прашање на син ми, а и да му поставел ќе си го добиел од мене. Баш вчера, игравме игра со прашања и одговори со син ми, и му велам како ти се викаат учителките во градинка и тој ги набројува сите три по име, и јас го прашувам која најмногу ја сакаш (целта на прашањето ми беше, доколку му одговори со име на една од нив, да му кажам дека не е убаво да ги двои, дека треба сите подеднакво треба да ги сака, дека сите се грижат за него додека е таму) и тој, на мое големо изненадување, ми одговори - сите. Толку бев среќна поради ваквиот одговор, а јас веќе со спремен реферат што да го учам, ама тој сам си ја научил лекцијата.
|
|
|
|