|
ie.m -> RE: Кога се случи вашата бремност-плодни, неплодни денови или ??? (5.2.2012 20:32:52)
|
Многу пати досега го читам форумот на сите негови теми и во многу од нив наоѓам решенија, утеха и се друго што е корисно затоа што знам дека сите тука се искрени и добронамерни луѓе. Ете решив и јас да станам член за да се консултирам. Со патнерот имавме незаштитеен однос на 4-5 дена пред да добијам, но сметавме дека тоа се мои неплодни денови, знаејќи како се работите. Јас добив со два дена задоцнување, а текот на менструацијата беше речиси како секогаш, но траеше ден-два помалку. И сега откако заврши, неколку дена оттогаш имам страшни грчеви во долниот дел од стомакот, главоболка и болки во долниот дел на грбот. Да, тоа се теоретски знаци на бременост можеби. Размислував и за болна овулација, но никогаш порано не ми се случило тоа. Имам веќе една бременост зад себе, но, нели, секогаш е различно. Утре сум со намера да закажам кај матичниот гинеколог, но би сакала и вие, доколку имате некое искство или мислење, да го споделите. Колкава е и веројатноста да добијам, а сепак да бидам бремена? Не дека не сакаме, но неизвесноста убива, нели? Ви благодарам на сите за вниманието!
|
|
|
|