Saturn -> RE: Инфекции кај детето - како да се спречи ширењето? (30.4.2010 14:59:25)
|
Уф, барав дали има ваква тема или јас да ја започнам, но имало. Втор пат ми се случува ова на гости да ми дојдат со болни деца, и тоа на повојница! Но сфатив дека со некои родители имаме сосема различна перцепција за тоа што значи болно дете. за мене ако му тече носот, ако кашла, грофта и сл тоа е болно дете, без разлика дали правело брисови и дали му биле чисти. Првиот пат кога ќерка ми имаше 6,5 месеци но дојдоа на мм пријателиа нивниот син грофташе и му тешеа мрсули еден куп. Ми се стемни, па не разубедуваа дека ништо не му било до тогаш дека само што почнал да кашла, дека баш сега му правеле брисови и дека ништо немал. Ќерка ми за по еден ден беше за прв пат во животот болна, мораше да прими антибиотско сирупче, имаше и температура, затнат нос ...Пред некој ден се повтори приказната. Другарка ми требаше со децата да дојде на повојница. Ја пршав по телефон дали децата и се здрави бидејќи син ми требаше денес да прими ДиТеПер вакцина, а ќерками тебаше во понеделник да почне за прв пат да оди во градинка. Ми кажа дека и се здрави, ќерка и претходно малце кашлала и ја носела на лекар и и рекле дека нема ништо дека е ок. И кога дојдоа видов дека и двете деца се со растечени носови, а керка и кашлале како да има шлајмови во плуќата. Истата вечер ќерка ми дигна температура, почна да и тече нос, за еден ден и мојот 4 месечен син почна да оболува, дигна малце температура, носот му тече, кашла. Еве од денес и јас сум вирусосана. Бев многу изнервирана, истата вечер и кажав на другарка ми дека чисти брисеви не значат дека нема вирус, туку само дека нема бактерија, таа ми вика дека претпоставува дека кај ќерка и тоа е од некаква алергија бидејќи на лекар не и нашле ништо. Ете син ми денес не прими вакцина, а ќерка ми сигурно во понеделник нема да почне да оди во градинка [sm=smiley13.gif] знам дека не мислеа лошо и дека веруваат во тоа дека нивните деца се здрави, но ете следниот пат кога ќе викам гости детаљно ќе ги прашам за здравствената состојба, нема љутиш. Два пати ми се случи таа несакана работа, а трет пат не дозволувам макар нека ми се налутат.
|
|
|
|