Кириличен буквар за претшколски деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Saturn -> Кириличен буквар за претшколски деца (15.4.2010 11:44:42)

Веќе подолго време по нашиве книжарници барам нешто каде што ги има кириличните букви од нашата азбука за ќерка ми полека да почне да ги запознава. За жал такво нешто не можам да најдам. Сега е Саемот на книга, дали некоја од вас мамички и татковци знае каде може да се најде таков буквар. На англиски јазик, за абецедата има 100 книги, но за македонска кирилица никаде не можам д анајдам, освен некакви кругови каде што во горното прозорче е слика на нешто што почнува на таа буква а буквата ја има во долното прозорче, но тоа не е книга [sm=smiley13.gif] И другарка ми што живее во Холандија ми побара од овдека да најдам таков буквар за нејзиниот син да може таму да ја научи нашата кирилица.
Јас сепак имам некаква алтернатива, за среќа ја имам од моето детство книгата бушава азбука па до некаде може да ни се најде, но сепак е таа за поголемки деца.
Имате ли некаква препорака за ваков буквар?




mis. -> RE: Кириличен буквар за претшколски деца (15.4.2010 14:17:43)

Сатурн ние имаме нешто такво се вика Букварка боенка од Панде Јаревски книгоиздателство Феникс.Секоја буква е посебно на секоја страна на која има нацртано и предмети кои започнуваат со таа буква.На едната страна се во боја а на другата треба детето да ја обои.Мислам дека такво нешто бараш.




Saturn -> RE: Кириличен буквар за претшколски деца (15.4.2010 15:36:32)

Да mis. такво нешто барам. Благодарам многу за информацијата [sm=bravo.gif]




nadica -> RE: Кириличен буквар за претшколски деца (2.11.2010 9:56:38)

и мене ми треба нешто такво бидејќи надица е мн заинтересирана за буквите
каде може да најдам нешто такво?




nadica -> RE: Кириличен буквар за претшколски деца (6.11.2010 15:14:55)

денес случајно најдов нешто слично не е боенка но секоја страна е за една буква каде што има предмети кои почнуваат со таа буква се вика „Буква по буква - азбука“ изданието е на просветно дело




Страница: [1]