|
niki -> RE: Гугање :) (27.5.2010 11:50:24)
|
Обично се вели дека машките побргу ги совладуваат моторичките вештини, а девојчињата се помирни. Тоа секако не е правило, но е неблагодарно да се споредуваат дечињата. Ќе видите како ќе растат дека во многу нешта таа ќе биде пред својот брат, а тој ќе задоцини. Некои бебиња обожаваат да се капат, други воопшто не сакаат, тоа не е мерило за развој и далеку е подобро да не се плаши од капење отколку да се плаши. Веројатно преовладува очекувањето кај сестра ти дека се близнаци да бидат исти, но сепак тие се секое индивидуа за себе посебна и различна, иако понатаму ќе се забележуваат и многу сличности.
|
|
|
|