|
Maca25 -> RE: Етерна Дент наградува (4.9.2010 23:45:29)
|
Денеска бев во Етерна Дент. Поубава, посредена стоматолошка ординација, со мили пријатни лица немам видено (а имам видено доста [sm=smiley1.gif]). Пред да трганм од дома чувствував некој страв, ми се превртуваше стомакот, дури и сакав да се јавам и да презакажам за друг ден. Бапка времето заникаде, ама воопшто не ми се одеше. Ама стиснав заби и отидов. Кога влегува во зградата кај што се наоѓа Етернадент се спремав за оној мисрис (кој искрено воопшто не го поднесува) на забар, но кога влегов воопшто не почувствував никаков мирис. Др. Ана дојде и најпрво ми дадоа да потполнам некои општи податоци и потоа ме викнаа во ординацијата. Мислам дека пребледев од страв. Не знаев дека толку се плашам од стоматолог. Др. Ана е една прекрасна личност, толку е мила и разбирлива и мислам дека таа си доби уште еден редовен пациент - Мене. Не почувствував никаква болка, непријатност, толку нежно работи, додека работи објаснува што прави во тој момент, која фаза за што е, како е,и што е најважно од се мојот страв исчезна. [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Браво за Етерна Дент.
|
|
|
|