RE: Болки и мачнини во желудник (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


lilicka -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.12.2012 2:10:54)

Jas cesto imam macnini vo zeludnikot....od sekogas imam problem nemozam da podnesam sekakva mirizba i cesto imam nagoni na povrakanje cel zivot macam maki [sm=smiley19.gif] uff zdosadeno mi ee




Maca25 -> RE: Болки и мачнини во желудник (24.12.2012 9:11:47)

лиличка, последно нешто што прочитав за мачнини во желудник и за киселини беше дека се јавувале многу често кога сме под стрес и кај жени кои имаат хормонален дисбаланс. ако ја најдам статијата ќе ја закачам овде.




AnnaMolly RR -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.7.2015 9:07:30)

Женски, знаете ли некој лек што помага за акутен гастрит?
Пред 6 недели правев гастроскопија и ми дијагностицираа гастрит, ми дадоа терапија која ја пиев 4 недели.
Откако ја испив супер ми беше, па си се опуштив и почнав да си јадам се најнормално, арно ама од завчера мислам дека ќе умрам од болки во желудников.
Се јавив на Ало докторе и ми посочија каде сум згрешила, сум направила катастрофална грешка што сум јадела краставици без да ги излупам, биле страшно тешки при гастрит.
Ми препиша докторката Омепразол еднаш дневно пред ручек, ќе почнам да ги пијам, а ако имам уште болки плус Нолпаза во комбинација со Еглонил еднаш дневно.
Има ли некој искуство? Некој народен лек за гастрит?




LoveableMe RR -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.7.2015 9:49:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Женски, знаете ли некој лек што помага за акутен гастрит?................Има ли некој искуство? Некој народен лек за гастрит?


Пробај секое сабајле на гладно лажичка мед и потоа една лажичка масло од кантарион (го има во сите аптеки) и секако секој ден земај по 1000 мг витамин Ц.... Пожелно е дополнителен внес на Б12 (го има во спирулина).

Исто така, да најдеш асален специјалист/или нутриционист да се направи детално испитување за постоење на вируси или бактерии или да пробаш со нутриционист за анти -паразитен програм.




Hopeful RR -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.7.2015 11:42:07)

AnnaMolly RR, со години се влечев со гастрит и хеликобактер, и после сто испиени терапии, само храна ми помогна. Се запишав во Диет Клуб кај Цвета Динева, и ме реши жената, од срце ја препорачувам.

На кратко, секое сабајле се почнува со цеден лимон, да се алкализира телото. Потоа се јаде овошје до ручек, и вода. За ручек еден тип храна варена или печена (компир, ориз, палента,тестенини, грав, грашок, боранија, леќа), со салата. Јас не јадам месо, но дозволено е риба и мислам пилешко. За вечера само свежа салата или супа со зеленчук, или пола од ручекот исто со салата. Строго се забранети млечни производи, пржено, похувано, леб, чоколади, сладолед и слични десерти. Инаку, не знам дали ти е баш од краставицата - и мене ми правеше проблем, ама кога го сменив режимот на исхрана, комотно јадев краставица и со лушпа.

Напорно е, ама за недела-две се навикнува телото и одма се регулираат и киселини, и грчеви, и се по ред. Кога ќе се среди се, Цеце дури дава и cheat day - со пица, благо и слично.




LoveableMe RR -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.7.2015 13:09:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

.........На кратко, секое сабајле се почнува со цеден лимон, да се алкализира телото. Потоа се јаде овошје до ручек, и вода.


Да заборавив и јас да пишам дека секое сабајле цедам лимон и го пијам. Но, ова за овошје до ручек, зборев со некои пријатели кои ми кажаа имале поголеми проблеми со киселини зошто од сабајле јаделе овошје. Хопефул, ти значи ти помогна ова, а?

Може ќе треба да пробам, но мене ако веќе јадам нешто од сабјле поубаво ми е зеленчук, не знам зошто, а овошје попладне...




Hopeful RR -> RE: Болки и мачнини во желудник (23.7.2015 13:47:36)

Мене ми помогна, да, а инаку може да се јаде зеленчук, но свеж, не како салата. Значи комотно може краставици, моркови, патлиџани, но без сол, без ништо. А правилото за овошје е дека се јаде на гладно, или после ручек само ако имаат поминато минимум 4 часа (под услов да е лесен ручек, без месо). Навечер, често пати јадев, и се уште јадам, ацедофилен јогурт со суво или свежо овошје со семки како овошен јогурт, или со зеленчук и зачини како таратор. Многу луѓе имаат проблем со овошје на гладно, ама ствар на навика е. Сите ми зборат дека јаболко само им отвора апетит, ама кога ќе изедеш 3-4 јаболки, и те како држи до ручек. Притоа, кога се внесува овошје се внесува во големи количини - 1кг јагоди, 1кг грозје, 4 јаболки, ...




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]