ripce -> RE: Затнато уво (28.4.2010 9:32:39)
|
Од толку проблеми сум заборавила да ви кажам што ми се случи пред неколку недели со увото... нели ви соопштив дека ми е затнато, како мала многу имав проблеми со десното уво. И тој ден ставав Хидроген го испирав ништо, утре правец на д-р. Кога виде (и слики ми извади заедно ги гледавме) увото цело крваво внатре, воспаление, и плус перфорација на мембраната. Пиев антибиотик неколку дена РЕЦИПРОКС, капки за увото ДЕКСАМЕТАЗОН + ХЛОРАМФЕНИКОЛ (пров се збунив кога ми рече овие се за очи, си викам зашто овој ми ги дава за уво), и Бенил капки за нос. На следаната контрола после 5 дена, воспалението беше повлечено, дупката од перфорацијата значително намалена, и ми даде Тримоксазол уште неколу дена да пијам... во наредните неколу дена почнав да си слушам најнормално, инаку полуглува бев. Сега сакам да отидам некој ден пак на контрола, зашто тогаш фатија Велигденските празници, па после осипот на Зоки, па ова последново, еден куп проблеми, нема време за мене.
|
|
|
|